Заев до граѓаните на Грција: Немаме територијални претензии кон ниту една земја


Пе денешната лидерска средба во Скопје, македонскиот премиер Зоран Заев испрати и порака до граѓаните на Грција, дека со името Република Илинденска Македонија се прави целосно разграничување со регионот Македонија во Грција. – Разграничувањето е од секој аспект. Илинденското востание е заедничка борба на нашиот мултиетнички народ за социјални права и слободи. И нема никакви […]

СДСМ: Граѓаните го поразија режимот на Груевски, Мицкоски останува негов заробеник


Граѓаните го поразија режимот на Никола Груевски, најголемото зло за граѓаните и за Република Македонија кое пустошеше 11 години со криминално и расипничко владеење. Христијан Мицкоски, како советник на Никола Груевски во тоа време, директно учествувал во креирањето на штетните политики кои ги осиромашија граѓаните а земјава ја претворија во заробена држава, пред економски крах, соопштија […]

(ВИДЕО) Заев: Република Илинденска Македонија е името за можен компромис


Република Илинденска Македонија е опцијата, која ја разгледале како најприфатлива македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас на преговорите во Софија, а за кој денеска премиерот Заев ги информирал учесниците на лидерската средба во Скопје. – Информирав за последната фаза од преговорите за спорот за името. Со целосна одговорност, внимателност и посветеност на […]

(ВИДЕО) Иванов чека предлог на писмено


Шефот на државата Ѓорѓе Иванов бара на писмено да го добие она што досега е разговарано во преговорите со Грција, а потоа ќе се изнесе во однос на предлогот кој денска по лидерската средба го објави премиерот Зоран Заев како можно решение, Република Илинденска Македонија. Не сакаше да изнесе ниту личен став како граѓанин на […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на Уставот и на името


ВМРО-ДПМНЕ останува на својата позиција од претходно, а тоа е дека нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име, изјави денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски по лидерската средба на која премиерот Зоран Заев ги информираше за текот на преговорите за името. – Денеска за првпат бевме запознаени со предлогот, […]

Јовица Угриновски по трет пат избран за претседател на Планинарска федерација


Јовица Угриновски доби трет мандат на чело на Федерацијата на планинарски спортови. На денешното собрание 24 претставници на планинарски здруженија гласале за да остане претседател на федерацијата, двајца биле против а шестмина биле воздржани. Тој беше и единствениот кандидат. Другите двајца кандидати кои биле предложени од планинарските друштва сами се повлекле, пренесе Телма. Планинарката Југослава […]

(ФОТО) Ова е мајката на Меган Маркл


Дориа Рагланд, мајка на Меган Маркл, е жената која исто така исплива во центарот на вниманието по денешната венчавка на нејзината ќерка со британскиот принц Хари. Дориа е афроамериканка. Нејзините предци потекнуваат од робовите на плантажите со памук во Џорџија. Презимето на мајката, всушност, е презиме на сопственикот на робови. Впечатливо е дека таа има […]

Захариева: Средбата за Западен Балкан беше неоспорен успех


Кога има непобитен успех, нешто што не се случило 15 години на европска сцена, а тоа се случува во Бугарија, по идеја и иницијатива на Бугарија, апсурдно е да се каже дека ништо не се случило. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по повод Самитот меѓу лидерите на Европската унија и […]

Мицкоски: Потребно ни е обединување за одбрана на државните интереси


  ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и оваа зло кое што надвиснало над нашата татковина, а кое што го предводи Зоран Заев и Социјалдемократскиот сојуз. Но, за тоа ни е потребно обединување. Секогаш во историјата кога ВМРО-ДПМНЕ застанало цврсто во одбрана на […]

Можно е да се раскине договорот со изведувачот на новата штипска Клиничка болница


Забавено тече изградбата на новата современа Клиничка болница во Штип, за што потврдува и државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев. Тој истакна дека откако биле информирани дека е забавен интензитетот на изградба, биле на терен, а минатата среда имале и средба со претставници на грчката компанија, која го доби тендерот, и со подизведувачот […]

Црногорец шверцувал лекови од Македонија


Граничарите завчера откриле поголема количина лекови во торба на Црногорец кој се обидел да ги пренесе лековите преку граничниот премин „Долно Блаце“. Како што соопшти МВР, околу 19.20 часот пред два дена, на излез од граничниот премин со возилото „Шаран“ се пријавиле пет лица. Полициски службеници направиле дополнителни проверки на возилото. Во личниот багаж во три куфери […]

(ВИДЕО) УЕФА го објави новиот спот со Јане


УЕФА го објави видео спотот за кампањата „Еднакви на терен“ во кој учествува Јане Велковски од Скопје, момче со спинална мускулна атрофија кое и во количка не се откажува од желбата да игра фудбал. „Секој треба да може да ужива во фудбалот. Без разлика кој си, од каде си или како играш“, е пораката која […]

Во Македонија првпат метод „воден нож“ за полипи и тумори на дебело црево и желудник


Нов метод во третманот на полипи и тумори на дебело црево и желудник со т.н „воден нож“ денеска се применува врз осум селектирани пациенти на Универзитетската гастроентерохепатологија во Скопје. Овој метод првпат се изведува во Македонија и во регионот. Со примената на ваков тип метод, пациентите со полипи и тумори на дебело црево и желудник […]

Црна Гора ќе дозволи геј бракови


Предлог законот за истополови бракови во Црна Гора наскоро ќе се најде во Парламентот, а јавната расправа веќе е завршена во Бијело Поље, Будва и Подгорица. Како што пренесува весникот „Блиц“, Законот за регистрирано партнерство предвидува заедници на две полнолетни лица од ист пол кои го регистрирале својот граѓански партнерски однос пред матичар. Законот предвидува […]

Кучан: Македонија покажа доволно храброст во обидот со Грција да изнајде решение за името


Македонија покажа доволно храброст во обидот со Грција да изнајде решение за спорот со името, кое е сложено и кое е неправедно кон Македонија, изјави првиот словенечки претседател Милан Кучан. Ова прашање, смета тој, не може да биде само билатерално прашање меѓу Македонија и Грција, туку тоа е и прашање  на Европската унија, која треба […]

Хороскоп: Што ви покажуваат ѕвездите за денешниот ден


ОВЕН: Вашите мечти и фантазии добиваат конкретна реалност – после долго размислување околу неколку опции, конечно ќе донесете одлука. Сега работите ги гледате јасно и не се занесувате со илузии и лажни избори – верувајте ѝ на својата интуиција и почнете со плановите. БИК: Можеби чувствувате своевидна осаменост, но имајте во предвид дека каде и […]

Ангел Димитров, историчар и дипломат: Мит е дека Македонија се ослободила сама


Кога зборуваме за генезата, треба да знаеме дека во современата Македонија постои неизвесен идентитет поради неколкуте луѓе кои ја создаваат генезата, потеклото на македонската нација, вели бугарскиот историчар и долгогодишен дипломат во Македонија, професор Ангел Димитров. Бугарската влада го назначи Димитров да ги води разговорите со македонската страна за спорните прашања и заедничката историја. Формирањето […]

Оптимизам на Самитот во Софија: Заев и Ципрас блиску до решение


Премиерот Зоран Заев вчера еуфорично ја внесе Македонија во ЕУ, но грчкиот лидер Алексис Ципрас му порача да почека бидејќи има уште работа што треба да ја заврши. Вака некако е поентата од вчерашната втора средба на Заев и на Ципрас во Софија, која ја поздравуваа сите лидери на ЕУ и ја вброија во најголемите […]

Процесот „Тенк“ во завршница: Првата пресуда за Груевски на 23 мај


Прашањето за името стигна и во судница, на завршните зборови за случајот „Тенк“, во кој е обвинет поранешниот премиер Никола Груевски. Тој во завршните зборови, како на прес-конференција за новинари, обвини дека колку повеќе течат преговорите за името, толку позабрзано течат судските процеси „Сакав да најдам решение за името, но останав цврст во ставовите“, рече […]

Грчкиот суд денес одлучува за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски


Врховниот суд во Атина, денеска треба да ја соопшти одлуката по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Откако солунскиот суд на 5 јануари годинава даде зелено светло за екстрадиција, Врховниот суд во Атина веќе одржаа четири рочишта, а послдното се сослушување беше зад затворени врати на 27 април. За Грујевски и Бошковски во […]