(ФОТО) Ова е мајката на Меган Маркл


Дориа Рагланд, мајка на Меган Маркл, е жената која исто така исплива во центарот на вниманието по денешната венчавка на нејзината ќерка со британскиот принц Хари.

Дориа е афроамериканка. Нејзините предци потекнуваат од робовите на плантажите со памук во Џорџија. Презимето на мајката, всушност, е презиме на сопственикот на робови. Впечатливо е дека таа има обетка на носот, но очигледно тоа не му пречи на кралското семејство.

Таткото на Меган, Томас Маркал е од холандско-ирско потекло. Од таткова страна, генетското стебло на Меган оди се до шкотскиот крал Роберт Први, кој владеел од 1306-та до 1329 година.