Гласачите се повеќе и го вртат грбот на политиката- излезноста најмала во историјата


Малатa излезност во првиот круг од локалните избори, која е најниска од независноста. Таа, според податоците на ДИК е 48,99 проценти, иако е можна мала корекција. Сепак, и со евентуални корекции излезноста останува историски најниска досега и помала од минимумот од 56 отсто забележан на локалните во 2005 година. Според податоците за бројот на освоени …

Гласачите се повеќе и го вртат грбот на политиката- излезноста најмала во историјата Read More »

Уште 27 Авганистанци од Македонија заминаа за Ирска


  Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин, Република Ирска, како нивно трајно одредиште. Станува збор за граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни невладини организации во Авганистан, и беа под закана на новиот талибански режим …

Уште 27 Авганистанци од Македонија заминаа за Ирска Read More »

ЕФА ја повика ЕУ да ги охрабри Бугарија и Грција да го признаат македонското малцинство


Европската слободна алијанса ЕФА усвои деновиве Декларација во Брисел со која ја повикува Европската унија да ги охрабри Бугарија и Грција да го поддржат самоопределувањето и културниот идентитет на своите граѓани од македонско потекло. Според ЕФА Македонците ги исполнуваат критериумите за малцинство, лојални се на државите во кои живеат и се силно мотивирани нивниот заеднички …

ЕФА ја повика ЕУ да ги охрабри Бугарија и Грција да го признаат македонското малцинство Read More »

Самрак на ЕПП во Европа


ЕПП во моментов има само девет од 27 места за шефови на држави и влади околу масата на Европскиот совет. Ако во Берлин се формира нова влада предводена од социјалдемократите, најзападниот европски главен град со конзервативен лидер ќе биде Љубљана   Во несреќен период од 13 дена, доминантното европско политичко семејство – Европската народна партија …

Самрак на ЕПП во Европа Read More »

Мас: Одлуката на Москва ја направи ситуацијата уште потешка


Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас реагираше на објавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Москва ја затвора мисијата на НАТО во Брисел, истакнувајќи дека одлуката „ја направи ситуацијата уште потешка“. – Ова ќе ги направи работите уште потешки, иако тие веќе се доволно тешки. Германија побара од НАТО да влезе …

Мас: Одлуката на Москва ја направи ситуацијата уште потешка Read More »

Земан не е способен да ги исполнува своите претседателски должности


Чешкиот претседател Милош Земан во моментов не е во состојба да ги извршува своите должности, изјави денеска претседателот на Горниот дом на чешкиот Парламент, Милош Вистрчил, откако го доби извештајот од болницата во која Земан се наоѓа на интензивна нега повеќе од една недела, а во време кога треба да се именува новиот премиер на …

Земан не е способен да ги исполнува своите претседателски должности Read More »

Независните влегоа во советите


На овие локални избори со независни советнички листи се настапуваше во 40 општини, односно во половина од општините во државата како и за советот на Градот Скопје. Засега, според Слободен печат, најубедлива победа е онаа на советничката листа „За наше Куманово“, предводена од Ивана Ѓорѓиевска, која освои 22,20 проценти од гласовите и изби на второ …

Независните влегоа во советите Read More »

Бочварски утре во Софија ќе потпише меморандум за изградба на Коридорот 8


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски утре ќе престојува во работна посета на Софија каде што ќе потпише меморандум за трилатерлна соработка за развојот на одржлива патна и железничка инфраструктура на Коридорот 8. Потписници  на меморандумот покрај Северна Македонија се и Бугарија и  Албанија. -Целта на меморандумот е да се потврди подготвеноста на трите …

Бочварски утре во Софија ќе потпише меморандум за изградба на Коридорот 8 Read More »

Вучиќ и Орбан го означија почетокот на модернизацијата на пругата Суботица-Сегедин


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствуваа денеска во Хоргош на церемонија по повод почеток на работите за реконструкција и модернизација на пругата Суботица – Хоргош – граница со Унгарија (Сегедин), јави дописникот на МИА од Белград. -Пругата од Суботица до Сегедин ќе биде поврзана со брзата пруга од Белград …

Вучиќ и Орбан го означија почетокот на модернизацијата на пругата Суботица-Сегедин Read More »

Полскиот премиер и држи лекции на ЕУ од демократија


Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во писмо што денеска го испрати до европските лидери предупреди дека постои ризик Европската унија да стане „организација што централизирано се управува од институции без никаква демократска контрола“. Тој смета дека тоа е „опасен феномен што ја загрозува иднината на Унијата“, но исто така нагласува дека Полска ќе остане „лојална членка“ …

Полскиот премиер и држи лекции на ЕУ од демократија Read More »

Отворени предмети за кривични дела на изборите


 ОЈО Скопје оформи три предмети за сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето и тоа за „пукање со огнено оружје“, за „изнуда“ и за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Кавадарци отвори еден предмет за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Свети Николе еден предмет за „поткуп“, ОЈО Кочани седум предмети, меѓу кои за „поткуп“ …

Отворени предмети за кривични дела на изборите Read More »

Вархеји утре ќе го претстави Пакетот за проширување за 2021 година


Европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји утре ќе го претстави Пакетот за проширување за 2021 година, кој вклучува извештаи од Европската комисија за земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во Европската унија. Во својот говор пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ), се очекува Вархеји да ја потврди …

Вархеји утре ќе го претстави Пакетот за проширување за 2021 година Read More »

Линхарт: ЕУ мора повеќе да подаде рака кон Западен Балкан


Новоименуваниот шеф на австриската дипломатија Михаил Линхарт оцени дека Западен Балкан е многу важен и истакна дека ЕУ мора „уште повеќе да ја подаде раката кон тој регион“. – Западен Балкан ни е близок. ЕУ мора уште повеќе да им подаде рака на тие земји, појасни Линхарт за виенскиот весник Хојте. По преземањето на функцијата, …

Линхарт: ЕУ мора повеќе да подаде рака кон Западен Балкан Read More »

Во најголемите градови ќе има втор круг на 31 октомври


Во најголем дел од поголемите општини во земјава ќе се одржи втор круг од локалните избори на 31 октомври. Државната изборна комисија (ДИК) веќе ги преброи гласовите и резултатите покажуваат дека во поголемите населени места има тесна разлика меѓу најголемите политички партии. Врз основа на преброени 100 отсто од гласовите во Битола, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ …

Во најголемите градови ќе има втор круг на 31 октомври Read More »

Данела води пред Шилегов, победникот ќе се знае во вториот круг


Иден скопски градоначалник ќе се бира во втор круг што ќе се одржи на 31 октомври. Според досега преброените гласови  на Државната изборна комисија (ДИК), односно околу 80 отсто од нив, битката за Скопје ја водат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.Во трката за нов градоначалник на главниот град досегашниот Петре Шилегов, кој е кандидат на СДСМ за …

Данела води пред Шилегов, победникот ќе се знае во вториот круг Read More »

Избрани 32 градоначалници, ДИК уште брои


  Според интернет апликацијата на ДИК на која се прикажуваат резулатите од гласањето на вчерашните локални избори досега се избрани градоначалници во првиот круг во 32 општини и тоа: Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите; Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со освоени 53,21% од гласовите; …

Избрани 32 градоначалници, ДИК уште брои Read More »

Во Куманово ќе има втор круг, Максим против Оливер


 Независниот кандидат за градоначалник од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, вечерва заедно со приврзаниците од градскиот плоштад најави дека влегува во вториот круг од локалните избори 2021. Тој кажа дека води пред останатите кандидати, според обработените податоци.   – Ние ја добивме најголемата поддршка од граѓаните на Куманово без разлика на нивната партиска припадност. …

Во Куманово ќе има втор круг, Максим против Оливер Read More »

Николовски: СДСМ победува во Град Скопје


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, го повика ВМРО-ДПМНЕ да не шири лажна еуфорија, бидејќи изборите не се арена за навивање туку натпревар за обезбедување подобар живот на граѓаните. Притоа, Николовски објави дека кандидатот за градоначалник на СДСМ, Петре Шилегов, води во Скопје и дека очекуваат негова победа. Исто така, тој објави дека СДСМ победува  или …

Николовски: СДСМ победува во Град Скопје Read More »

Ахмети тврди дека водат во Тетово, Билал Касами дека победил


  На изборите се покажа демократска култура, а изборите се рефлексија на една држава и со тоа овој процес помина во најдобар можен ред и сакам да им честитам на сите учесници, кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети. -Сакам да им честитам на сите членови на ДУИ за оваа победа и тоа после онаа од …

Ахмети тврди дека водат во Тетово, Билал Касами дека победил Read More »

Шилегов води пред Арсовска според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека води во сите скопски општини


Во очекување на прес-конференцијата на Државната изборна комисија, која требаше да се одржи 21 часот, но се одложи на неодредено време, партиските штабови почнаа да излегуваат со првични неофицијални резултати за одредени општини. Од СДСМ брифираат дека победа во прв круг оствариле во Делчево, Валандово, Дојран, Крива Паланка… Од партијата велат дека убедливо водство со …

Шилегов води пред Арсовска според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека води во сите скопски општини Read More »