Србија ѝ дала дозвола на руската РТ да се емитува во Германија, Берлин ја забрани


Кремљ денеска ја осуди забраната за локално емитување на рускиот ТВ канал РТ, наметната од германското регулаторно тело за медиуми. „Тоа не е ништо друго освен напад врз слободата на изразување и можеме само да изразиме жалење“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Германското регулаторно тело за медиуми вчера соопшти дека забранува емитување на руската …

Србија ѝ дала дозвола на руската РТ да се емитува во Германија, Берлин ја забрани Read More »

Милијардер со кривична против Фејсбук поради рекламирани измами


 Австралиски милијардер покрена кривична постапка против Фејсбук, обвинувајќи ја компанијата за неуспешно спречување на лажни реклами – измами, кои користеле негова фотографија, јави Би-Би-Си. Ендрју Форест тврди дека Фејсбук ги прекршил австралиските закони за перење пари со тоа што не ги спречил лажните реклами за криптовалути, кои притоа користеле негова фотографија. Тој додаде дека, по …

Милијардер со кривична против Фејсбук поради рекламирани измами Read More »

Стопанската комора ќе обезбеди четиримесечна бесплатна програма за развој на стартап бизниси


Стопанската комора на Северна Македонија од овој месец започнува со четиримесечна бесплатна Програма за развој на стартап бизниси. Една од целите на Програмата е вмрежување со компаниите во Комората и презентација на идеите пред соодветните компании кои можат да бидат заинтересирани за соработка со стартап бизнисите. Исто така придобивка од ваквата Програма е и можноста …

Стопанската комора ќе обезбеди четиримесечна бесплатна програма за развој на стартап бизниси Read More »

Франција сака да го олесни решавањето на спорот на Македонија со Бугарија


Франција е на располагање да помогне и да го олесни процесот на разговори помеѓу Северна Македонија и Бугарија, вели францускиот државен секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи Клеман Бон по средбата што вчера ја имаше во Париз со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата Бујар Османи. …

Франција сака да го олесни решавањето на спорот на Македонија со Бугарија Read More »

Генчовска: Бугарското МНР строго ќе го почитува договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија


 Министерството за надворешни работи на Бугарија, строго ќе го почитува мандатот на Советот на министри, декларацијата на Народното собрание и договорот меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија. Тоа го изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на прашање дали има несогласувања меѓу претседателот и Владата на темата Република Северна Македонија. Таа посочи …

Генчовска: Бугарското МНР строго ќе го почитува договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија Read More »

Радев се налутил за „Булгаргаз“, се „истури“ на Македонија


На министерот за иновации и раст на Бугарија, Даниел Лорер,  не му пречат критиките на претседателот Румен Радев за постапките на новата влада предводена од Кирил Петков  во однос на Северна Македонија. „Надворешната политика на земјата ја одредува владата, која работи заедно со Националното собрание“, рече тој. На прашањето за неговата посета на Северна Македонија, …

Радев се налутил за „Булгаргаз“, се „истури“ на Македонија Read More »

Цените на горивата во Германија достигнаа историски рекорди


Горивото во Германија достигна рекордни цени. Еден литар „Супер“ на бензинските пумпи во Германија во просек денеска чини 1,712 евра, а дизел 1,640 евра, соборувајќи го ценовниот рекорд од 2012 година, објави денеска Германскиот генерален автомобилски клуб (ADAC). – Многу возачи се загрижени за сегашниот пораст на цените, изјави експертот за цени на горивото во …

Цените на горивата во Германија достигнаа историски рекорди Read More »

Радев барал од Пич права за македонските Бугари


Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска имаше телефонски разговор со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, соопштија од прес-секретаријатот на шефот на државата. Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Република Северна Македонија и земјите од Западен Балкан и клучното значење на евроинтегративниот процес за безбедноста и стабилноста на …

Радев барал од Пич права за македонските Бугари Read More »

Владата уверува: Решенијата за изолација ќе бидат со заштитени податоци


Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци и без нивно јавно откривање   Државниот здравствен и санитарен инспекторат, во консултација со Министерството за здравство, со Агенцијата за заштита на личните податоци и со Владата го изготвува дигиталниот модел за испорака на информациите и решенијата за …

Владата уверува: Решенијата за изолација ќе бидат со заштитени податоци Read More »

Османи му врачи признание на Бадинтер по повод 30 години независност на државата


По повод 30 години од независноста на Република Северна Македонија, францускиот сенатор Роберт Бадинтер, доби признание од земјава. Признанието му го врачи шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, го посетија во неговиот дом во Париз. -Ми беше особена чест и задоволство да го посетам сенаторот Роберт Бадинтер, …

Османи му врачи признание на Бадинтер по повод 30 години независност на државата Read More »

Претседателот на Си-Ен-Ен поднесе оставка


Претседателот на американската медиумска куќа Си-Ен-Ен, Џеф Закер, денеска соопшти дека поднел оставка, која веднаш стапува во сила. Тој како причина наведе дека не сакал да открие кога започнал љубовна врска со своја најблиска соработничка, што било побарано од него во рамки на истрагата за Крис Куомо, братот на поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, …

Претседателот на Си-Ен-Ен поднесе оставка Read More »

Париз не сака да се губи време околу преговорите со Македонија


– Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата Бујар Османи во рамки на работната посета на Париз, денеска се сретнаа со Изабел Думон, дипломатски советник за Континентална Европа и Турција на претседателот на Франција, Емануел Макрон. – Франција и Северна Македонија ги имаат поставено европските перспективи на заедничка патека, создавајќи основа за изградба на …

Париз не сака да се губи време околу преговорите со Македонија Read More »

Во Прилеп доделени првите договори за државно земјоделско земјиште под концесија


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со заменик-министерот Трајан Димковски денеска во Прилеп ги доделија првите договори склучени со земјоделците за давање под концесија на државно земјоделско земјиште. Според Николовски, во двата повика се потпишани 903 договори за 1807 хектари, а најмногу од нив се од Прилепскиот регион каде се потпишани 232 …

Во Прилеп доделени првите договори за државно земјоделско земјиште под концесија Read More »

Обезбедени нови три илјади транспортни дозволи за домашните транспортери


 Правиме најголем исчекор во транспортниот сектор каде домашните транспортери добиваат нови три илјади меѓународни дозволи за превоз на стока, што е огромна придобивка за транспортните компании и цела домашна економија, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на состанокот со претставниците на транспортните здруженија Америт и Макам Транс. Министерот потенцираше дека со приемот …

Обезбедени нови три илјади транспортни дозволи за домашните транспортери Read More »

Рашковски: Нема крај на забеганоста на ВМРО-ДПМНЕ, мајка ми нема сестра


По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност на Драги Рашковски со „Дрисла“, се огласи со реакција поранешниот генерален секретар на СДСМ. „ Досега не сакавме да ја коментираме секоја невистина изнесена од страна на ВМРО- ДПМНЕ во однос на мојата наводна поврзаност со работата на јавното претпријатие ‘Дрисла’, но не може да останеме и неми на …

Рашковски: Нема крај на забеганоста на ВМРО-ДПМНЕ, мајка ми нема сестра Read More »

Предлог-законот за минимална плата на собраниска седница на 10 февруари


   Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата што го поднесе партијата „Левица“ е ставен на дневен ред на собраниската седница закажана за 10 овој месец.  Предлог-законските измени се ставени како седма точка на дневен ред и треба да бидат донесени по скратена постапка. Со законот се предлага висината на минималната плата да не …

Предлог-законот за минимална плата на собраниска седница на 10 февруари Read More »

Премиерот Ковачевски во прва официјална посета на Брисел


Премиерот  Димитар Ковачевски утре и задутре, прв пат откако е на функцијата, ќе оствари официјална посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел. Тој утре наутро ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска. …

Премиерот Ковачевски во прва официјална посета на Брисел Read More »

Рекордни 28 милиони евра буџет за самовработување


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати денеска ја посетија ИТ компанијата „Маџикс“. При средбата со младата претприемачка Катерина Здравева и вработените, министерката рече дека стартап компанијата е вистински пример дека владините мерки за самовработување се успешни, бидејќи за двеипол години таа бележи значителни резултати, не само на …

Рекордни 28 милиони евра буџет за самовработување Read More »

Бројот на хибридни се изедначи со бројот на дизел возила на пазарите на ЕУ


 По првпат во 2021 година, хибридните електрични автомобили се изедначија со бројот на дизел возила на пазарите на Европската унија, покажуваат денеска објавените податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА). Минатата година во ЕУ се регистрирани 1.901.239 нови хибридни електрични возила, чии батерии се полнат со мотор со внатрешно согорување, за дури 60,5 …

Бројот на хибридни се изедначи со бројот на дизел возила на пазарите на ЕУ Read More »

Јапонци не учат на одржливо стопанисување со природните реткости


Строго контролирани зафати, како во инфраструктурата, така и во локалната економија на местата кои се природни реткости, целосна вклученост на националните власти во активностите за заштита и контрола на развојот на локалитетите заштитени како природно наследство од национален интерес, како и постојана вклученост на научната фела во определувањето мерки за заштитата на локалитетите, се дел …

Јапонци не учат на одржливо стопанисување со природните реткости Read More »