Кристијан Хелбах: Вие и натаму ќе бидете Македонци…


  -Вие и натаму за нас ќе бидете Македонци, вашиот јазик ќе биде македонски јазик. Тоа е загарантирано со договорот. Сакаме да ве видиме во Европа и сега мора да ја искористите шансата. Ве чекаме со отворени раце и не постои план Б за вас. Сега треба да се донесе вистинска одлука бидејќи во спротивно …

Кристијан Хелбах: Вие и натаму ќе бидете Македонци… Read More »

Србија ќе бара воени станови и оружје од другите југословенски републики


Белград – Србија во поранешните југословенски републики оставила над илјада воени станови, но и подвижен воен имот, што е запленет при повлекувањето на ЈНА.Колкава е вредноста на тој имот, но и на оној кој го бараат поранешните југословенски републики, ќе се знае на 13 септември, на состанокот на Меѓуесорската работна група за спроведување на Анексот А …

Србија ќе бара воени станови и оружје од другите југословенски републики Read More »

Димитров за ИБНА: Договорот ќе помине, со Грција сме природни сојузници


  Шефот на македонската дипломатијата, Никола Димитров, е уверен дека граѓаните на Македонија ќе застанат зад договорот со Грција бидејќи, според него, кога се исправени пред големи историски раскрсници знаат мудро да изберат. „Јас сум уверен дека кај нас ќе помине договорот бидејќи, кога имаме големи историски раскрсници, знаеме мудро да избереме. Уверен сум, исто …

Димитров за ИБНА: Договорот ќе помине, со Грција сме природни сојузници Read More »

Шилегов: Прекинати се активностите на Водно


Градоначалникот Петре Шилегов денеска ги повика претставниците на надлежните државни органи за изградба на гасоводот на Водно, како и претставниците на граѓанските здруженија кои покажаа загриженост на дебата што ќе се одржи во понеделник (03.09.2018 година) во 13 часот во просториите на Советот на Град Скопје. Тој информираше дека се прекинати сите градежни активности за …

Шилегов: Прекинати се активностите на Водно Read More »

Заев: Ако падне референдумот, завршуваме и ние!


Премиерот Зоран Заев  ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да овозможи успешен референдум за, како што рече, успешна иднина на заедничката држава. Потребно е единство, потенцира Заев, додавајќи дека може опозицијата и власта да се различни и да не се согласуваат по многу прашања, но оти во историски моменти сите треба да застанат …

Заев: Ако падне референдумот, завршуваме и ние! Read More »

„Македонскиот јазик“ на Димитров вест во Грција


Атина – „Димитров: Ние сме Македонци и ќе говориме македонски јазик“; „Димитров оптимист за резултатот од референдумот во Скопје“; „Димитров: Референдумот ќе ја одреди иднината на Македонија“; „Димитров за Договорот од Преспа: Историска можност да се затвори едно тешко прашање“; „Димитров во ЕУ: Ќе бидеме Македонци и ќе говориме македонски јазик“; „Димитров пред европскиот парламент: Јас …

„Македонскиот јазик“ на Димитров вест во Грција Read More »

Над две третини од новинарите сакаат да сменат професија


Најновото истражување за состојбата на новинарството во регионот, “Невидливо насилство: Стории од редакциите”, беше промовирано денеска во ЕУ Инфо Центарот. Истражувањето беше спроведено во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, а дилемата беше дали новинарите во регионот имаат професионална иднина, аргументирана со сведочењата на повеќе локални новинари. Одговорите на прашањето „Што е новинарот …

Над две третини од новинарите сакаат да сменат професија Read More »

Иванов од Њујорк ќе го бојкотира референдумот?


Претседателот Ѓорѓе Иванов годинава ќе ја преставува Македонија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Информацијата ја потврдија од неговиот кабинет, појаснувајќи дека неговото учество е резултат на договорениот „систем за ротација“, според кој една година оди премиерот а друга шефот на државата. Минатата година во Њујорк беше премиерот Зоран Заев. Според информацијата од …

Иванов од Њујорк ќе го бојкотира референдумот? Read More »

Банкарската тајна и сега мислена именка во Македонија


И покрај реакциите во јавноста од најавата дека УЈП ќе добие месечен увид во банкарските сметки на граѓаните, факт е дека тие и сега, според важечкиот Закон за банките не се банкарска тајна за низа институции во земјава. До нив пристап има Народната банка, Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и …

Банкарската тајна и сега мислена именка во Македонија Read More »

Уапсено едно лице поради закани кон семејството на косовскиот претседател


Приштина – Едно лице од село Јабланица кај градот Клина е уапсено пред два дена поради тоа што упатило закани врз членови на семејството на косовскиот претседател Хашим Тачи во селото Буроја, близу Скендерај. Според косовските медиуми, жителот на Јабланица отишол во семејниот дом на братот на Тачи, каде што им се заканувал на неговите …

Уапсено едно лице поради закани кон семејството на косовскиот претседател Read More »

Четири огласи за закуп на државно земјоделско земјиште


Активни се четири огласи за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопстевност со вкупна површина од над четири илјади хектари, изјави на прес-конференција Соња Трпчевска-Јанковска, портпарол на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. – Следниот петок завршува рокот за поднесување на понуди за јавниот оглас за давање на државно земјоделско земјиште по закуп …

Четири огласи за закуп на државно земјоделско земјиште Read More »

Досега 251 иселеник се пријавил за референдумот


Заклучно со денеска до 12 часот, во Државната изборна комисија доставени се вкупно 251 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство. Како што информираат од ДИК, од нив, 127 пријави се прифатени, а 124 се во обработка. Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн и Виена – по 21, …

Досега 251 иселеник се пријавил за референдумот Read More »

Ердоган:Тие имаат долари, ние го имаме Алах


„Тие ги имаат своите долари, но ние го имаме својот народ, своите права, својот Алах“. Со овие зборови претседателот Реџеп Таип Ердоган им порача на Турците да ги продадат своите долари и злато за да ја поддржат турската лира, чија вредност драматично падна откако американскиот претседател Доналд Трамп влезе во конфликт со својот НАТО-сојузник, удвојувајќи …

Ердоган:Тие имаат долари, ние го имаме Алах Read More »

УЈП продава од слики до станови


Од автомобили до ниви, телевизори, уметнички слики и подземни гаражи продава Управата за јавни приходи. Аукцијата е закажана за 27 август. Според информациите од УЈП, на аукцијата може да учествуваат само оние лица кои успешно се регистрирани и претходно уплатиле депозит во висина од 10% од утврдената вредност на движните и недвижните ствари, најдоцна до …

УЈП продава од слики до станови Read More »

Захарова специјална гостинка на трубачите од Гуча


Марија Захарова, портпаролка на руското МНР, е специјална гостинка на годинешниот фестивал на трубата во Гуча, Република Србија. Во придружба на српскиот министер за надворешни, Ивица Дачиќ, таа беше дочекана со музика и аплаузи. Дури ни Захарова не им одолеа на српските труби. Таа на својот ФБ профил редовно информира за својата посета на Србија.

Поради 5 кокошки убил 8 роднини


Албанската полиција рано утрово го уапси Ридван Зикај (24), осомничен дека убил осум члена на своето семејство. Осомничениот Зикај е уапсен километри подалеку од селото Ресуљај, а на 90 километри јужно од Тирана. Потерата за масовниот убиец траела повеќе од 12 часа.Полицијата  го пронајде и калашниковот со кој е извршен масакрот во семејството. Ккао што …

Поради 5 кокошки убил 8 роднини Read More »

СЈО влезе во Општина Аеродром


Специјалното јавно обвинителство влезе во Општина Аеродром. По краток увид, специјалните истражители ја одзеле сета документација водена во периодот додека градоначалник беше Ивица Коневски. Вработените на истражителите на СЈО им отстапиле деловни книги, проекти, фактури кои во картонски пакети биле изнесени од Општината. Посетата на истражителите во Аеродром била пред десетина дена. Од СЈО не …

СЈО влезе во Општина Аеродром Read More »

Адам Пити постави нов светскиот рекорд на 100 метри градно


Глазгов – Британскиот пливач Адам Пити постави нов светскиот рекорд на 100 метри градно на Европското првенство во пливање во Глазгов. Пити, кој во истата дисциплина го освои златниот медал на Олимписките игри во Рио, исплива со време од 57 секунди, а неговиот сонародник Џејмс Вилби го освои среброто со време од 58 секунди и 54 …

Адам Пити постави нов светскиот рекорд на 100 метри градно Read More »

Јавниот транспорт во Скопје евтин, но без можности за избор


Со цена од 35 денари или 0,6 евра за едно возење во еден правец, јавниот транспорт во главниот град Скопје е меѓу поевтините, но не нуди можности за избор меѓу различни видови превоз. Цената и капацитетот на јавниот транспорт е важен фактор при оценката на квалитетот на животот во големите градови. Додека во повеќето случаи …

Јавниот транспорт во Скопје евтин, но без можности за избор Read More »

На Иванов му бацувале рака во Крушево


На социјалните мрежи се појави фотографија од прославата на Илинден на Мечкин Камен, како една жена меѓу присутните му бакнува рака на претседателот, Ѓорге Иванов. За разлика од владината делегација, која беше нападната со разни предмети, Иванов во Крушево беше пречекан со овации. За време на неговиот говор присутните аплаудираа и го скандираа неговото име. …

На Иванов му бацувале рака во Крушево Read More »