ЕУ ја признава европската аспирација на Украина, но процедурата во моментов е нејасна


Одлуката на ниво на земји членки на ЕУ за зелено светло да се разгледаат кандидатурите на Украина, Грузија и Молдавија за членство во ЕУ отвора сѐ повеќе прашања, од политички како и од технички аспект. Јавноста чека шефовите на држави и влади на ЕУ да се состанат на крајот на оваа недела во Париз за …

ЕУ ја признава европската аспирација на Украина, но процедурата во моментов е нејасна Read More »

Светска војна „З“: Kое е значењето зад рускиот пропаганден симбол?


Буквата „З“ се појави како пропаганден симбол во рускиот напад на Украина, провоцирајќи  споредби со свастиките што ги носеа нацистичките војници во Втората светска војна. Буквата – која не постои во руската азбука – беше необјасниво насликана на задниот дел од нејзините тенкови и други возила. За повеќе од две недели оттогаш, поддржувачите на инвазијата го …

Светска војна „З“: Kое е значењето зад рускиот пропаганден симбол? Read More »

Столтенберг бара „вистински хуманитарни коридори“ во Украина


 Цивилите мора да можат да се евакуираат безбедно од Украина, ијзави Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Во Украина потребни се „вистински хуманитарни коридори кои се целосно почитувани“, изјави Столтенберг денеска на прес-конференција со претседателот на Летонија Егилс Левитс, пренесува ДПА. Шефот на Алијансата изјави дека се „тотално неприфатливи“ извештаите за напади врз цивили во …

Столтенберг бара „вистински хуманитарни коридори“ во Украина Read More »

Ковачевски: Без родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда


 Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска учествуваа на настанот „Различни приказни, заедничка борба“, организиран во Владата по повод одбележувањето на 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Своите лични и инспиративни приказни на настанот ги споделиле и повеќе жени од различни сфери на општествениот живот. Кај сите …

Ковачевски: Без родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда Read More »

„Шел“ го прекинa купувањето руска сурова нафта


 Енергетскиот гигант „Шел“ денеска соопшти дека ќе се повлече од учеството во рускиот гас и нафта, вклучително и итно прекинување на купувањето сурова нафта од таа држава. Компанијата исто така соопшти дека ќе ги затвори своите бензински пумпи во Русија. „Ние сме целосно свесни дека нашата минатонеделна одлука да купиме товар руска сурова нафта… не …

„Шел“ го прекинa купувањето руска сурова нафта Read More »

Пекинг тврди дека САД контролираат над 300 биолаборатории во светот


 Кинеското Министерство за надворешни работа денеска ги повика сите страни да ја гарантирааат безбедноста на 26-те биолаборатории во Украина, како и од САД да објават поединости поврзани со прашањето. „Уште еднаш ја повикуваме американската страна да ги разјасни своите активности по прашањето за биолошка милитаризација во земјата и странство, изјави Жао Лијиан, портпаролот на кинеското …

Пекинг тврди дека САД контролираат над 300 биолаборатории во светот Read More »

СДСМ ги повика институциите да реагираат за набавката на автобуси што ја најави Мицкоски


СДСМ ги повика сите надлежни институции да го истражат случајот со најавената набавка на нови автобуси од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.   -Вмешаноста на нелегалниот асистент по јавни набавки на Данела Арсовска, Христијан Мицкоски треба да биде расчистена. Сите надлежни институции, Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство за организиран криминал, …

СДСМ ги повика институциите да реагираат за набавката на автобуси што ја најави Мицкоски Read More »

Гранатирани пет дипломатски преставништва во Украина од руските сили


Министерството за надворешни работи на Украина најостро го осудува гранатирањето од страна на вооружените сили на Руската Федерација на просториите на странските дипломатски претставништва во Украина. Како резултат на ракетните бомбардирања од страна на руската армија во Мариупол, оштетена е зградата во која се наоѓаа Генералниот конзулат на Грција и канцеларијата на Специјалната мониторинг мисија …

Гранатирани пет дипломатски преставништва во Украина од руските сили Read More »

Единствена Македонија бара протестни ноти и за Украина и Бугарија


Партијата Единствена Македонија реагира на врачувањето протестна нота на амбасадорот на Русија, без истото тоа да се стори со амбасадорот на Украина и на Бугарија. -Марионетскиот министер Бујар Османи продолжува со провокации спрема македонскиот народ со најновото повикување на рускиот амбасадор иако нема никакво прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи. Дотолку повеќе, токму руската …

Единствена Македонија бара протестни ноти и за Украина и Бугарија Read More »

Со што ѝ се заканува Путин на Македонија?


МНР вчера му врачи протестна нота на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин. Освен што Москва ја прогласи Македонија за непријателска држава бидејќи не ја поддржува нивната „специјална операција“ за убивање Украинци, амбасадорот јавно предупреди дека сите што ќе покажат изливи на русофобија ќе бидат внимателно евидентирани и за нив ќе следи правна постапка. Од кого и …

Со што ѝ се заканува Путин на Македонија? Read More »

МНР објави листа со предлози за амбасадори


По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот ФБ профил информира дека се утврдени следните предлози за амбасадори: Агнеса Руси-Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија. Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во …

МНР објави листа со предлози за амбасадори Read More »

Москва употребува нелегално оружје, а лаже дека Украина има биолошко


Украинското Министерство за надворешни работи денеска како дезинформација и провокација ги оцени наводите на Руската Федерација за тоа дека во земјата се создава биолошко оружје. Киев наведува дека Русија продолжува да шири дезинформации за оружје за масовно уништување во Украина, соопштија украинските медиуми. „По серијата апсурдни изјави на руски официјални лица за наводното создавање „валкана“ …

Москва употребува нелегално оружје, а лаже дека Украина има биолошко Read More »

Германија пак ги кочи санкциите кон Русија


БЕРЛИН – Германскиот канцелар Олаф Шолц  силно ги отфрли повиците на САД и Украина за забрана за увоз на руски гас и нафта од страна на ЕУ како дел од меѓународните санкции кон Москва. Една од најмрачните иронии на војната на Путин во Украина е тоа што Европа помага во финансирањето на воената машина на …

Германија пак ги кочи санкциите кон Русија Read More »

Постигнат мал напредок во преговорите меѓу Русија и Украина


  Заврши денешната трета рунда преговори меѓу руската и украинската страна. Според украинскиот преговарач Михајло Подољак има позитивни поместувања во однос на прашањето за сигурноста на хуманитарните коридори.   -Третата рунда преговори заврши. Има мали позитивни движења во подобрувањето на логистиката на хуманитарните коридори. Продолжија интензивните консултации за основниот политички блок на прописи, со прекин …

Постигнат мал напредок во преговорите меѓу Русија и Украина Read More »

Србија ќе одговори ако почне забрзан прием на Косово во меѓународните организации


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку започне забрзаниот прием на Косово во меѓународните организации, Србија ќе изненади со својот одговор и ефикасност, јави дописникот на МИА од Белград. -Оној ден кога ќе бидат примени во која било меѓународна организација, тоа значи дека го поништиле договорот од Вашингтон и тој ден ќе ги …

Србија ќе одговори ако почне забрзан прием на Косово во меѓународните организации Read More »

Макрон го обвини Путин за морален и политички цинизам


Во интервју за францускиот канал LCI , францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека ситуацијата „од ден на ден се влошува“ во Украина и го осуди „моралниот и политичкиот цинизам“ на рускиот претседател Владимир Путин. Руските власти објавија дека на цивилите кои бегаат од украинските градови ќе им биде дозволено да заминат само во Белорусија или …

Макрон го обвини Путин за морален и политички цинизам Read More »

Западот е блиску до границата кога не ќе може да избегне директен конфликт со Русија


(CNN)-Милиони животи би можеле да бидат уништени додека се запре опсесијата на Владимир Путин од Студената војна.По помалку од три недели од руската инвазија на Украина – историски бес создаван 30 години – светот со ужас гледа на варварството, човечката трагедија и ужасното уништување предизвикани од наредбите на еден човек. Судбината на Украина покажува дека …

Западот е блиску до границата кога не ќе може да избегне директен конфликт со Русија Read More »

Руските „хуманитарни коридори“ водат кон Русија и Белорусија


Русија се обидува да манипулира со украинските бегалци барајќи сите хуманитарни коридори да водат кон Русија или Белорусија, изјави денеска висок украински функционер. Вицепремиерката Ирина Верешчук од Украина ја повика Русија да се согласи на прекин на огнот  за да им дозволи на Украинците да се евакуираат кон западниот украински град Лавов. Претходно  руското Министерство …

Руските „хуманитарни коридори“ водат кон Русија и Белорусија Read More »

Орбан дозволи НАТО трупи да се распоредат во Унгарија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан потпиша декрет со кој се дозволува распоредување на трупи на НАТО во западна Унгарија и испраќање оружје низ нејзината територија до земјите во воената алијанса. Сепак, Орбан јасно стави до знаење дека Унгарија нема да дозволи смртоносно оружје да минува низ нејзина територија доколку тие се упатат кон Украина. Потегот на …

Орбан дозволи НАТО трупи да се распоредат во Унгарија Read More »

Дури 50 руски дипломати протерани од ОН


Вкупно 50 руски дипломати, вклучувајќи ги и членовите на нивните семејства, се враќаат од Њујорк во Москва, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на новинската агенција РИА. Дипломатите се протерани заради активности што не се во согласност со нивните одговорности и обврски како дипломати.