НАТО министрите за одбрана в среда ќе разговараат за руската инвазија на Украина


 Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе се сретнат в среда во Брисел на вонреден состанок на кој ќе разговараат за руската инвазија на Украина, соопшти  турското Министерство за одбрана. Во соопштението се вели дека турскиот министер за одбрана Хулуси Акар ќе отпатува за Брисел за да учествува на состаноците и ќе има билатерални …

НАТО министрите за одбрана в среда ќе разговараат за руската инвазија на Украина Read More »

Словачка ќе протера тројца руски дипломати


Словачка одлучи да протера тројца дипломати од руската амбасада во Братислава, врз основа на податоците на тајната служба, и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на таа држава. „Истовремено, Министерството за надворешни работи силно апелира до Амбасадата на Руската Федерација нивните претставници да ги …

Словачка ќе протера тројца руски дипломати Read More »

ЕУ го одобри четвртиот пакет санкции против Русија


Француското претседателство на Советот на ЕУ соопшти попладнево дека е усвоен четвртиот пакет санкции против Русија поради инвазијата на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Новите санкции се повторно насочени кон олигарси блиски до рускиот претседател, лица и ентитети инволвирани во нападот врз Украина и имаат за цел да ја погодат руската економија. Санкциите …

ЕУ го одобри четвртиот пакет санкции против Русија Read More »

Сојузот на стопански комори потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Чешка


 Сојузот на стопански комори потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Република Чешка, согласно кој двете деловни организации заеднички ќе делуваат во насока на унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена, преку воспоставување на директна комуникација меѓу деловните ентитети. Меморандумот за соработка го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и директорот на …

Сојузот на стопански комори потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Чешка Read More »

Борел не сакаше да најави датум за преговори со Македонија


  „Не можам да ви ветам датум, но можем да ви ветам волја, а таму каде што има волја има и начин да се најде решение“ – порача денес околу преговорите за членство на Македонија со ЕУ високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. Тој, освен тврдењето дека почетокот на преговорите со Македонија …

Борел не сакаше да најави датум за преговори со Македонија Read More »

Украина доби пристап до софтверски пребарувач на лица


Украинското Министерство за одбрана во саботата почна да ја користи технологијата за препознавање лица Clearview AI, која помага да се открие идентитетот на руските напаѓачи, да се бори против дезинформациите и да ги идентификува мртвите. Украина доби бесплатен пристап до моќниот пребарувач за лица  што ќе им овозможи на властите да ги проверуваат луѓето од …

Украина доби пристап до софтверски пребарувач на лица Read More »

Австралија и Холандија ќе ја тужат Русија поради соборениот авион од летот МХ17 во 2014


Австралија и Холандија започнаа правна постапка против Русија во Меѓународната организација за цивилно воздухопловство на ОН поради соборувањето на летот 17 на Малезија ерлајнс во 2014 година, се вели во денешното соопштение на австралиската влада. Летот на Малезија ерлајнс Амстердам-Куала Лумпур беше соборен во јули 2014 година со проектил истрелан од проруските бунтовници во Украина. …

Австралија и Холандија ќе ја тужат Русија поради соборениот авион од летот МХ17 во 2014 Read More »

Во Украина досега убиени 90 деца


Канцеларија на јавното обвинителство на Украина соопшти дека во воените дејствија на руската армија во земјата досега се убиени 90 деца. Според информацијата објавена денеска преку платформата „Телеграм“, од почетокот на руската агресија во Украина се убиени 90, а ранети повеќе од сто деца. Најмногу од жртвите по региони има во Киев, следува регионот Харков, …

Во Украина досега убиени 90 деца Read More »

Операција на косовската полиција за справување со корупцијата


Косовскиот полициски инспекторат (ИПК) објави дека почнал утрово обемна операција, чија цел е справување со кривичните дела „земање поткуп“ и „злоупотреба на службената должност“ од страна на одредени полициски службеници, јави дописникот на МИА од Приштина. Според полициски инспекторат, на операцијата ѝ претходела речиси едногодишна истрага против осомничените полициајци и во неа биле вклучени Специјалното …

Операција на косовската полиција за справување со корупцијата Read More »

Путиновата „математика“ не се остварува во Украина


И покрај тоа што Кремљ тврди дека руската армија влегла во земјата како „ослободителска“, таа безмилосно ги напаѓа  украинските цивили. Бомбардираше станбени области, училишта, болници, комерцијални објекти низ целата земја и ги прекрши договорите за отворање на хуманитарни коридори за евакуација. Руската армија, исто така, отиде толку далеку што ги нападна украинските нуклеарни централи во Чернобил …

Путиновата „математика“ не се остварува во Украина Read More »

ОН: Голема е веројатноста дека Русите користат касетни бомби во населени области


 Канцеларијата за човекови права при ОН соопшти дека има „веродостојни извештаи“ кои покажуваат дека руската војска постојано користела незаконски забранети касетни бомби во населените области на Украина, нагласувајќи дека оваа практика се смета за воено злосторство. Агенцијата на ОН има десетици свои набљудувачи во Украина, а повеќе треба да пристигнат кога ќе почне со работа …

ОН: Голема е веројатноста дека Русите користат касетни бомби во населени области Read More »

Трет руски генерал е убиен од украинските сили, соопштија западните власти


Западните власти соопштија дека украинските сили убиле и трет руски генерал. Станува збор за генерал-мајор Андриј Колесников, јави Си-Ен-Ен. Според веб-страницата на руското Министерство за одбрана, Колесников бил командант на Источниот воен округ. Официјален претставник на западните одбранбени сили, за да обезбеди контекст, информира дека само тројца руски офицери на генералштабот биле убиени за време …

Трет руски генерал е убиен од украинските сили, соопштија западните власти Read More »

Пендаровски: Ние сме предмет на пропагандна војна, нашето небо го чуваат сојузниците од НАТО


Ние сме предмет на пропагандна војна, лажни вести и хибридни напади, кои се зголемени на „енти-степен“ од почетокот на конфликтот во Украина, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски во интервју за емисијата „Том тема“ на телевизија Телма. – Од 2018 година, кога го организиравме референдумот за името, ние сме под постојан бараж на напади, кои во …

Пендаровски: Ние сме предмет на пропагандна војна, нашето небо го чуваат сојузниците од НАТО Read More »

Седум правни субјекти во Скопје казнети за непочитување на владините одлуки


Министерот на економија Крешник Бектеши вечерва на Фејсбук објави дека седум правни субјекти во Скопје се казнети со по 7000 евра за непочитување на владините одлуки. – Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките …

Седум правни субјекти во Скопје казнети за непочитување на владините одлуки Read More »

Украина: Белорусија вечерва може да почне инвазија против нас


Украинскиот центар за стратешки комуникации соопшти дека не ја исклучува можноста вечерва Белорусија да ѝ се придружи на Русија во нападот врз Украина, по денешната средба во Москва помеѓу претседателите на двете земји Александар Лукашенко и Владимир Путин. „ Според прелиминарните податоци, белоруските трупи би можеле да бидат вклучени во инвазијата на 11 март во …

Украина: Белорусија вечерва може да почне инвазија против нас Read More »

Зеленски до Полјаците: Се бориме и за вас


Варшава– Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека одговорност на Алијансата е конфликтот од Украина да не се прелее во други земји. – Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, рече Столтенберг во видео обраќањето до полските пратеници и сенатори на свечената седница на двата дома во Варшава на годишнината од …

Зеленски до Полјаците: Се бориме и за вас Read More »

ОН нема сознанија за постоење на програма за биолошко оружје во Украина


  Шефицата за разоружување при ОН Изуми Накамицу изјавидека Обединетите нации немаат сознанија за каква било програма за биолошко оружје во Украина. Советот за безбедност на ОН е свикан по барањето на Русија за да се разговара за тврдењата на Москва, презентирани без докази, за американските „биолошки активности“ во Украина. Накамитсу се осврна и на …

ОН нема сознанија за постоење на програма за биолошко оружје во Украина Read More »

(ВИДЕО) Знакот „Z” осамнал на домови на опозиционери во Русија


Симболот „Z“ на руските воени возила почнува да добива застрашувачка примена, според западните медиуми. Според „Економист“ опозиционери во Русија нашле ваков знак на вратите во своите домови , а руски полицајци оставиле исти траги и во „Мемориал“, организација за човекови права, кога направиле претрес во неа. Новинар на „Билт“ пак објави видео од шопинг центар …

(ВИДЕО) Знакот „Z” осамнал на домови на опозиционери во Русија Read More »

Украинците тврдат дека Путин подготвува катастрофа со Чернобил


Украинските медиуми, повикувајќи се на разузнувачки извори, објавуваат дека рускиот претседател Владимир Путин наредил вооружена провокација во нуклеарната централа во Чорнобил. Според нив, Русија планира да ја искористи нуклеарната централа под нејзина контрола за да направи технолошка катастрофа и да ја обвини Украина. Во моментов, Чернобил е целосно исклучен од системите за мониторинг на Меѓународната …

Украинците тврдат дека Путин подготвува катастрофа со Чернобил Read More »

Порака до ќерката на Лавров: Спакувај ги „Луј Витон“ куферите и оди си од Лондон


  Ќерката на неофицијалната сопруга на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, живее фантастичен живот и пере пари во Лондон, јавија британските медиуми, запрашувајќи се како таа сѐ уште не е на удар на одлуката за санкции.  „Полина Ковалева е 26-годишна гламурозна Русинка. Таа живее во огромен стан во Кенсингтон од 4 милиони фунти …

Порака до ќерката на Лавров: Спакувај ги „Луј Витон“ куферите и оди си од Лондон Read More »