Посебен сообраќаен режим поради натпреварот „Триоги Триатлон“


 Поради натпреварот „Триоги Триатлон“ денеска во периодот од 9 до 12 часот ќе има посебен сообраќаен режим по одредени улици низ Скопје. -Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и по десната коловозна лента од бул.„Илинден“, потоа на потегот од …

Посебен сообраќаен режим поради натпреварот „Триоги Триатлон“ Read More »

Продолжуваат преговорите со Русија за ослободување на бранителите од Азовстал


Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговорите со Русија за спасување на ранетите ветерани од фабриката Азовстал во Мариупол биле многу сложени и дека Киев користи „влијателни посредници“. Украина предложи евакуација на 38 најтешко ранети ветерани, а доколку Москва им дозволи, Киев вели дека ќе ослободи голем број руски воени заробеници. „Во моментов се водат …

Продолжуваат преговорите со Русија за ослободување на бранителите од Азовстал Read More »

ЕУ кампања во Градскиот парк „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“


Преку црвени рози, како симбол на љубовта, ќе биде пренесена главната порака на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа – „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, фокусирана на борбата против говорот на омраза и дискриминацијата. Јавниот настан ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, денеска од 12:00 до 14:00 часот, на влезот …

ЕУ кампања во Градскиот парк „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ Read More »

Продолжуваат разговорите меѓу Скопје и Софија


Скопје и Софија продолжуваат со разговорите за изнаоѓање решение за спорните прашања со цел деблокада на нашите евроинтеграции. Северна Македонија смета дека е можно фер решение, но нагласува дека на потег е Бугарија и посакува процесот да се заокружи со сеопфатен документ, со јасно утврдени обврски на двете страна. Бугарската страна потврдува дека се преговара, …

Продолжуваат разговорите меѓу Скопје и Софија Read More »

Османи на неформален министерски состанок на НАТО во Берлин


Руската воена инвазија врз Украина, можните импликации од војната врз сојузниците, безбедносните ризици и идната одбранбена поставеност на НАТО, како и претстојниот самит на лидерите на Алијансата во Мадрид, ќе бидат во фокусот на разговорите на дводневниот на министрите за надворешните работи на земјите членки на НАТО што денеска и утре ќе се одржи во …

Османи на неформален министерски состанок на НАТО во Берлин Read More »

Туркиш ерлајнс ги откажа летовите за Украина и градови во Русија и Белорусија


Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска објави дека ги откажува летовите за Украина и неколку градови во Русија и Белорусија. Мерката важи до 30 јуни годинава. „Туркиш ерлајнс“ ги откажа летовите за Украина, руските градови Сочи, Ростов на Дон и Екатеринбург и белорускиот главен град Минск. Во соопштението на авиокомпанијата се наведува дека мерката е …

Туркиш ерлајнс ги откажа летовите за Украина и градови во Русија и Белорусија Read More »

Подготвува ли ВМРО-ДПМНЕ нов 27 април?


  Кавги, блокирање на говорницата, расправии со собранискиот спикер – е   „амбиентот“ што повторно се враќа на голема врата во Собранието. Иако ВМРО-ДПМНЕ најави активна блокада и филибастеринг, инцидентот што се случи завчера почнува да наликува на најава дека опозицијата сака да се врати на стариот метод за кој веќе многумина издржуваат затворска казна, и …

Подготвува ли ВМРО-ДПМНЕ нов 27 април? Read More »

Петков: Продолжуваат разговорите меѓу двете влади


Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека разговорите меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија продoлжуваат, но ги отфрла тврдењата дека ќе биде потпишан конкретен договор во тек на посетата на бугарската делегација на Северна Македонија на 22 мај, објави БГНЕС. Тој, стои во објавата, исто така уверил дека продолжуваат разговорите меѓу двете влади. – Средбата …

Петков: Продолжуваат разговорите меѓу двете влади Read More »

Од кабинетот на Џафери нема да ги објаснат навредите кон службениците


Претседателот на Собранието Талат Џафери нема да дава никаква изјава денеска за новинарите во врска со вчерашниот инцидент, велат од кабинетот на спикерот во изјава за „Слободен печат“. Ваквиот став следи откако во јавноста се појави снимка од пленарна седница на која се слуша како претседателот на Законодавниот дом, Талат Џафери, со вулгарности и висок тон им …

Од кабинетот на Џафери нема да ги објаснат навредите кон службениците Read More »

Рускоска за Камчев: Човекот ми веруваше, си плати и доби една година затвор


Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во гостување на српската телевизија „Хепи”, одговарајќи на прашања за својата работа, ја споменува спогодбата склучена со бизнисменот Јордан  Камчев во случајот „Империја“ велејќи дека таа се случила бидејќи тој имал доверба во неа. Таа низ смеа вели: „Човекот си уплати и …

Рускоска за Камчев: Човекот ми веруваше, си плати и доби една година затвор Read More »

Државниот правобранител бара ДКСК да ги суспендира Бубевски и Ајро


Државното правобранителство од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побарало да донесе одлука за суспензија на обвинителите од ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и Артан Ајро поради сомневања за судир на интереси во врска со случајот „Трансмет“. ДКСК вели дека нема таква надлежнот и оти забрана за привремено вршење на јавнообвинителска дејност согласно закон може …

Државниот правобранител бара ДКСК да ги суспендира Бубевски и Ајро Read More »

Донфрид: САД развиваат мерки за поддршка на Бугарија за гас


САД разработуваат мерки за поддршка на Бугарија по прекинот на испораките на гас од Русија, изјави помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид. „Сакам јасно да кажам дека администрацијата на претседателот Џо Бајден во целост ја поддржува Бугарија“, рече Донфрид.

Инфлацијата во регионот: Словенците најдобро се држат, Босанците нека му ја мислат


  Од сите страни стигнуваат вознемирувачки вести дека се уште е рано да се каже дека престанува трендот на растот на инфлацијата. Македонија веќе зачекори во сферата на двоцифрена инфлација, а за двоцифрен пораст на потрошувачките цени известија и од многу други земји низ светот. Компаративната анализа што ја направи порталот „Пари“  покажува дека во …

Инфлацијата во регионот: Словенците најдобро се држат, Босанците нека му ја мислат Read More »

СДСМ: Не успеа блокадата во Собранието


СДСМ оцени денеска дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не успеал да ја спроведе блокадата во Собранието, и покрај силните закани.   – Христијан Мицкоски не се откажува од блокадите и деструкциите, се надева дека вештачки ќе создаде поличка криза и ќе придизвика штета врз граѓаните. Очигледно посакува земјата да не напредува, да не успее, да има …

СДСМ: Не успеа блокадата во Собранието Read More »

Предлозите за уставни судии конечно на дневен ред


Утврдувањето на предлог за избор на судии на Уставниот суд е една од точките на дневен ред на Комисијата за прашања и именувања, што значи дека денеска е можно членовите на Комисијата официјално да ги предложат имињата на новите уставни судии кои треба да ги заменат оние чиј мандат истече пред неколку месеци.  Тања Васиќ, …

Предлозите за уставни судии конечно на дневен ред Read More »

Ковачевски денес на вечера со Борел


  Премиерот Димитар Ковачевски денес ќе престојува во Брисел каде што на покана на високиот преставник на надворешна политика, Жозеп Борел, ќе има билатерална средба, а потоа и работна вечера со лидерите на Западен Балкан.  Средбата доаѓа по изјавата на францускиот лидер Емануел Макрон за некаква нова форма на приклучување на земјите кандидати кон Европската …

Ковачевски денес на вечера со Борел Read More »

Продолжуваат преговорите меѓу СОНК и МОН за уште десет дена


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука (МОН) на денешната онлајн средба се договорија преговорите меѓу СОНК и МОН да продолжат за уште десет дена. Како што соопшти СОНК, на средбата, неминовен бил заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор имаат потреба од поголем временски период …

Продолжуваат преговорите меѓу СОНК и МОН за уште десет дена Read More »

Г-7 уште повеќе ќе ја изолира руската економија


Лидерите на Г-7 објавија заедничка изјава во која ветија поголема изолација на руската економија и засилување на кампањата против руските елити кои го поддржуваат претседателот Владимир Путин. – Седумдесет и седум години подоцна, претседателот Путин одлучи да ја нападне Украина со неиспровоцирана агресија. Неговите постапки се срамни за Русија и историските жртви на нејзиниот народ, …

Г-7 уште повеќе ќе ја изолира руската економија Read More »

Отворена изложбата на украинската амбасада „XXI век. Европа. Непростливо злосторство“


По повод 8 мај, Денот на сеќавање и помирување денеска во Музејот на македонската борба беше отворена изложба на фотографии насловена „XXI век. Европа. Непростливо злосторство“ во чест на жртвите од Втората светска војна (1939-1945) и Руската војна против Украина од 2022 година. Изложбата, која е реализирана од страна на Украинската амбасада, Украинците и Музејот …

Отворена изложбата на украинската амбасада „XXI век. Европа. Непростливо злосторство“ Read More »

Пoрака од припадниците на Азов од „Азовстал“: Нашето предавање би било подарок за непријателот


Припадниците на полкот Азов, кои се наоѓаат во челичарницата „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол, денеска одржаа онлајн прес-конференција. На јавноста преку Јутјуб и се обратија заменик-командантот на Азов, Свјатослав Паламар и поручникот Илија Самоленко. Паламар изјави дека руските сили продолжиле да ја напаѓаат фабриката за челик и се обидуваат да ја освојат. Тој додаде дека …

Пoрака од припадниците на Азов од „Азовстал“: Нашето предавање би било подарок за непријателот Read More »