Што да очекува Македонија од самитот на Макрон во Прага?


В четврток во Прага ќе се одржи првиот самит на лидерите на Европската политичка заедница – политичка креација на францускиот претседател Емануел Макрон која треба да отвори нов формат за соработка на ЕУ со земјите кои се на иста линија околу воената интервенција на Русија во Украина. Најавено е учество на 44 лидери, од кои …

Што да очекува Македонија од самитот на Макрон во Прага? Read More »

Васало: Да учествуваше во расправи како овие за бугарските културни центри, ЕУ немаше да постои


Заменик-шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Џулијан Васало, изјави денес дека е срамота што има пари наменети за земјава, но поради немањето капацитет за апсорпција, не се целосно искористени. Претставувајќи ги фазите од преговарачкиот процес со ЕУ, тој рече дека помошта за земјата ќе продолжи преку ИПА 3 пакетот и дека на располагање ќе …

Васало: Да учествуваше во расправи како овие за бугарските културни центри, ЕУ немаше да постои Read More »

Пендаровски нема намера да оди во Бугарија за да зборува за историја


Можеме да разговараме за реални европски теми, но немам намера да одам во Бугарија и да зборувам за историја. Кога зборуваме за европски интеграции, не смееме да се концентираме на историја, порача македонскиот претседател Стево Пендаровски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.   „Првичните предлози на Софија за наше приближување до Европската …

Пендаровски нема намера да оди во Бугарија за да зборува за историја Read More »

Босанскиот премиер Новалиќ на црната листа на САД


Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави му воведе санкции на премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, поради поткопување на демократските процеси, соопшти денеска Американската амбасада во Босна и Херцеговина. На американската „црна листа“ се најдоа и бањалучкиот бизнисмен Слободан Станковиќ и неговата компанија „Интеграл Инжењеринг“ од Лакташ поради нивната поврзаност со …

Босанскиот премиер Новалиќ на црната листа на САД Read More »

Беса подготвува интерпелација против Груби


Движење Беса подготвува интерпелација против вицепремиерот Артан Груби, но се уште не се знае која причина ќе биде наведена за неа. Во среда иницијативата ќе биде испратена до пратениците на ДУИ, Изет Меџити и Мерита Коџаџику. Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, претходно најави дека  доколку опозицијата покрене интерпелација за Артан Груби, тој ќе гласа „за“. …

Беса подготвува интерпелација против Груби Read More »

Гутереш го повика светот да се спасува


Во изјавата по повод претстојната климатска конференција на ОН (COP27), генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш денеска го повика светот да дејствува за да се спречат климатските катастрофи и да се спаси човекот вид. – За нас тоа е прашање на живот или смрт, за нашата безбедност денес и нашиот опстанок утре, рече Гутереш …

Гутереш го повика светот да се спасува Read More »

Може ли враќањето на Борисов да го врати спорот со Македонија?


  Оживувањето на ГЕРБ на политиката сцена по вчерашните избори во Бугарија отвора дилема околу иднината на компромисот со кој  нашата држава треба да ги почне преговорите со Европската унија. Со оглед на тоа дека Бојко Борисов беше креаторот на кризата со Македонија и тој што ни го стави ветото во ЕУ, прашањето сега е …

Може ли враќањето на Борисов да го врати спорот со Македонија? Read More »

Германија го славеше обединувањето во Скопје


По повод денот на германското обединување германската амбасадорка во Скопје, Анке Холштајн, приреди прием во резиденцијата на кој беа поканети многу гости од политичкиот, дипломатски и деловен естаблишмент во државата. На почетокот на обраќањето, амбасадорката потсети дека ова е прво славење на обединувањето по две години пауза заради пандемијата, нагласувајќи дека сега се соочуваме со …

Германија го славеше обединувањето во Скопје Read More »

Срѓан Керим се појави во Македонија


  Екс-министерот за надворешни работи, амбасадор, сопственик и директор на медиумската империја МПМ и актер во истрагата за нејзиното згаснување, Срѓан Керим, по бегањето на сигурно од Македонија во Опатија, Хрватска, се појави на прием во Скопје.  И тоа не каде било , туку на приемот на германската амбасада по повод обединувањето на Германија, на …

Срѓан Керим се појави во Македонија Read More »

Кремљ призна грешки при мобилизацијата, засега нема план за затворање на границите


Кремљ денеска призна дека биле направени „грешки“ при мобилизацијата на стотици илјади резервисти за борба во Украина, нагласувајќи дека во оваа фаза „не е донесена одлука“ за затворање на границите.   „Има случаи кога е прекршен декретот“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во врска со декретот за делумна мобилизација што го објави рускиот претседател …

Кремљ призна грешки при мобилизацијата, засега нема план за затворање на границите Read More »

Ахмети сакал да го жртвува Османи место Груби


Групата незадоволни функционери и членови од Демократската унија за интеграција (ДУИ), која вчера преку писмо изразија револт од партиската политика на поставување кадри на државни позиции, наведувајќи го Артан Груби како една од клучните причини што ДУИ губи гласови, вчера добиле понуда од Мала Речица да биде „жртвуван“ Бујар Османи, а за министер за надворешни работи …

Ахмети сакал да го жртвува Османи место Груби Read More »

САД му се заканиле на Путин дека ќе возвратат ако употреби нуклеарно оружје


Високи функционери на американската администрација и порачаа на Москва дека употребата на нуклеарно оружје ќе доведе до катастрофални последици и оти Вашингтон ќе одговори одлучно, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан во интервју за американската мрежа Си-Би-Ес. – Разговаравме директно, во четири очи, на многу високо ниво со Кремљ. Секоја …

САД му се заканиле на Путин дека ќе возвратат ако употреби нуклеарно оружје Read More »

Ковачевски: Граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја да не се субвенциите


Во Северна Македонија шестотини илјади домаќинства се снабдуваат со субвенционирана струја, како и седумдесет илјади компании кои се на регулираниот пазар. Ако Владата не субвенционира 80% од цената на струјата, сметките на граѓаните би биле пет пати повисоки, рече во интервју за НРТВ, претседателот на Владата Димитар Ковачевски. „Во моментов Северна Македонија со субвенционирана струја …

Ковачевски: Граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја да не се субвенциите Read More »

Директорот на Фајзер се зарази со Ковид по втор пат за два месеци


Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60) соопшти дека е позитивен на тестот за ковид по вторпат. – Се чувствувам добро и немам никакви симптоми, рече Бурла. Во август Бурла за прв пат имаше коронавирус и почна да го пие лекот против Ковид-19 развиен од неговата компанија „Паксловид“. Тој примил четири дози од вакцината против ковид развиена од Фајзер и германскиот …

Директорот на Фајзер се зарази со Ковид по втор пат за два месеци Read More »

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски е исто како тоа на Груевски


Проблемот на ВМРО-ДПМНЕ е што политиката на поранешното раководство е пресликана во политиката на актуелното раководство и нема никаква промена во оваа партија, рече во интервју за Националната телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски. „Нема никаква разлика, затоа што ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ е само наследство на претходното раководство. Тоа се советниците во …

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски е исто како тоа на Груевски Read More »

Спасовски: За шест месеци откриени 53 случаи на криумчарење на мигранти


Во интервјуто за вестите на АЛСАТ-М на тема мигранти и постапки и мерки кои ги презема Министерството за внатрешни работи за зачувување на безбедност во државата и регионот, министерот Спасовски истакна дека и покрај тоа што на Блискиот Исток нема моментални активни жаришта на Блискиот Исток,  решението на проблемот на кризата мора да се бара …

Спасовски: За шест месеци откриени 53 случаи на криумчарење на мигранти Read More »

Во пожарот на пазарот во близина на Париз нема жртви (ВИДЕО)


Голем пожар избувна попладнево во магацинот на најголемиот пазар во околината на Париз, во Ренжис, јавија локалните медиуми наведувајќи дека нема жртви. Пожарот избувнал во магацин на продавач на големо на овошје и зеленчук, во центарот на познатиот меѓународен пазар каде има 1.200 компании. Пожарот, за кој сè уште не се знае што го предизвикало, ги зафатил …

Во пожарот на пазарот во близина на Париз нема жртви (ВИДЕО) Read More »

Се ожени министерот Бочварски


Актуелниот министер за транспорт Благој Бочварски се ожени со избраничката Маринела, со која се заедно повеќе од две години.Црковна венчавка правеа во мај, а викендов на забава ги собраа пријателите во познат скопски ресторан. На свадбата на двојката Бочварски синоќа присутни беа и други членови од неговата партија СДСМ  – министерката за одбрана Славјанка Петровска, …

Се ожени министерот Бочварски Read More »

ФФМ апелира за фер навивање на утрешниот меч против Бугарија


 Фудбалската федерација на Македонија ги повикува навивачите кои ќе ја бодрат македонската репрезентација на утрешниот натпревар против Бугарија во Скопје, да им бидат поддршка на нашите фудбалери во текот на мечот. – Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат …

ФФМ апелира за фер навивање на утрешниот меч против Бугарија Read More »

Низок одѕив на гласачите на парламентарните избори во Италија


Помалку од 20 отсто од италијанските граѓани со право на глас гласале во првите часови на денешните парламентарните избори, што се чини дека ќе стане ново историски најниско ниво на излезност на гласачите, јави ДПА. Гласачките места беа отворени во 7 часот наутро по локално време. Според Министерството за внатрешни работи во Рим, до 12 часот излезноста била 19 отсто, што …

Низок одѕив на гласачите на парламентарните избори во Италија Read More »