Се ожени министерот Бочварски


Актуелниот министер за транспорт Благој Бочварски се ожени со избраничката Маринела, со која се заедно повеќе од две години.Црковна венчавка правеа во мај, а викендов на забава ги собраа пријателите во познат скопски ресторан.

На свадбата на двојката Бочварски синоќа присутни беа и други членови од неговата партија СДСМ  – министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерката за труд Јованка Тренчевска, вицепремиерката Славица Грковска како и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

На свадбата на Благој и Маринела бил поканет и српскиот колега на Бочварски, Томислав Момировиќ, кој имал „среќа“ да чека на граница, па во пост на Твитер објасни дека ова е само уште една причина плус „Отворен Балкан“ и отворени граници на Балканот што побрзо да профункционираат.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со сопругата му го честиташе бракот на својот колега и сопартиец Благој Бочварски, објавувајќи фотографија од свадбата.