Штајнмаер испи чај и изеде баклава во Скопската чаршија


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и неговиот домаќин, шефот на државата, Стево Пендаровски, утрово посетија работилница за филиграни во Старата скопска чаршија, каде се запознаа со изработката на накит и експонати на македонски рубин. Двајцата претседатели потоа во кафе бар во ориентален стил пиеја чај и беа послужени со домашно подготвена баклава и трилече. Оттаму се …

Штајнмаер испи чај и изеде баклава во Скопската чаршија Read More »

Спасовски за синот на заменик-министерот: Секој кој направил прекршок ќе одговара


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите за вмешаност на синот на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши во кражба на масло од канабис од фабриката „5 Леттерс“, рече дека станува збор за шпекулации и дека денеска ќе информираат за случајот, нагласувајќи дека секој кој направил прекршок …

Спасовски за синот на заменик-министерот: Секој кој направил прекршок ќе одговара Read More »

ЕСМ: Греење ќе има цел декември


АД ЕСМ ги известува граѓаните на Скопје дека испораката на топлинска енергија тече непречено и дека така и ќе продолжи и во следниот период. За  декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС и топлинска енергија од ТЕ ТО. АД ЕСМ продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради финансиски …

ЕСМ: Греење ќе има цел декември Read More »

Амбасадорите на ЕУ одобрија укинување на визите за Косово


 Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денеска одобрија укинување на визниот режим за Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година. Како што е најавено во Брисел, амбасадорите на земјите – членки на ЕУ денеска договорија преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз основа на кој претседателот на ЕУ ќе ги започне …

Амбасадорите на ЕУ одобрија укинување на визите за Косово Read More »

Орбан веќе нема никого да му го чува грбот во ЕУ


Полска и Унгарија се лошите момци на Европската унија кои извесно време си го потпираа грбот. Инвазијата на Владимир Путин на Украина сега се чини дека може да предизвика распад. Најновиот обид на ЕУ да ја казни Будимпешта за начинот на кој ја задави демократијата може да биде момент кога Полска ќе открие колку е …

Орбан веќе нема никого да му го чува грбот во ЕУ Read More »

Морачанин бара топланите да работат на гас без оглед на цената


Претседателката на ДОМ и пратеничка Маја Морачанин во интерес на здравјето на граѓаните, бара топланите во Скопје да продолжат да работат на гас. Морачанин, која во неделата доби втор мандат како претседателка на оваа партија, во интервју за МИА вели дека ќе инсистираат да се почитуваат нивниот став и барање работата на топланите да продолжи …

Морачанин бара топланите да работат на гас без оглед на цената Read More »

Денес пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот


Близу четири месеци од првото рочиште од судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје, во Основниот Кривичен суд денеска ќе биде објавена пресудата за случајот во кој се обвинети Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Во овој процес, Основното јавно обвинителство – …

Денес пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот Read More »

Пендаровски и Штајнмајер положија венци на гробот на Гоце Делчев


Во рамки на официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Штајнмајер положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата …

Пендаровски и Штајнмајер положија венци на гробот на Гоце Делчев Read More »

Штајнмајер до пратениците: Не скршнувајте на последните метри


Свесен сум дека патот кон Европската Унија е сè освен лесен, дека довербата и трпението во преговорите ќе бидат оптоварени, но мојата молба до вас пратеници, но и до сите граѓани на Северна Македонија е да продолжите да чекорите по патот на пристапниот процес и тоа решително, не скршнувајте на последните метри, порача претседателот на  …

Штајнмајер до пратениците: Не скршнувајте на последните метри Read More »

Гир: Владата и опозицијата заедно да работат за спроведување на европската агенда


Ги отворивме пристапните преговори, а во срцето на тие преговори е почитување на законот и спречување на корупцијата, но секако најкруцијално значење кога зборуваме за овие реформи е и Владата и опозицијата заедно да работат за спроведување на европската агенда, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир, по промоцијата на проектот …

Гир: Владата и опозицијата заедно да работат за спроведување на европската агенда Read More »

Штајнмаер: Преговарајте со акцент на иднината, не барајте пречки во минатото


 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер порача денес на прес конференција со претседателот Стево Пендаровски дека Македонија и во минатото се соочуваше со посебни услови и оптоварувања во пристапниот процес и дека тој и во минатото беше поврзан со многу историски прашања и се бавеше со нив. „Но, рече Штајнмаер, кога зборуваме сега за пристап во ЕУ …

Штајнмаер: Преговарајте со акцент на иднината, не барајте пречки во минатото Read More »

Тунџев вели дека катастарските услуги поскапеле „само“ за 25 до 30 проценти


 Цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности  (АКН) во просек се зголемени за 25 до 30 проценти со стапувањето во сила на новите тарифници. Причина за поскапувањето е сублимирањето на услугите од петте тарифници во два, како и зголемените трошоци за електрична енергија и за одржување на катстарските ИКТ системи, информираше денеска на …

Тунџев вели дека катастарските услуги поскапеле „само“ за 25 до 30 проценти Read More »

КСЗД алармира: Предлог-законот за административците ќе предизвика огромна нееднаквост во платите


 Комисијата за заштита и спречување од дискриминација (КЗСД) оценува дека Предлог-законот за административни службеници предизвикува „структурна дискриминација од огромни размери“, бидејќи ги става во неповолна и нееднаква положба 25.000 административци во делот на одредувањето на платите. Според Комисијата, во предложениот законски текст спорен е членот 71, со кој се уредува пресметувањето на основната плата на …

КСЗД алармира: Предлог-законот за административците ќе предизвика огромна нееднаквост во платите Read More »

Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстранува спорните содржини од социјалните мрежи


 Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција. Како …

Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстранува спорните содржини од социјалните мрежи Read More »

Продолжува судењето за случајот „Софтвери“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето „Софтвери“ во кое поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, заедно со уште шест лица се терети за нелегалната набавка на софтвер. Обвинителството на денешното рочиште продолжи со изведување на докази во кои образложи дел од комуникацијта меѓу обвинетите која се однесува на набавката на софтверот, а …

Продолжува судењето за случајот „Софтвери“ Read More »

Пендаровски: Штајнмаер имаше значајна улога за надминување на бугарската блокада


Посетата на еден германски претседател е секогаш важен настан, дури и кога се во прашање најголемите држави во светот, а не пак кога доаѓаат во една мала европска земја како нашата. Иако, тој сигурно не би сакал за тоа многу да се зборува, морам да споменам дека претседателот Штајнмајер имаше значајна улога во напорите да …

Пендаровски: Штајнмаер имаше значајна улога за надминување на бугарската блокада Read More »

Ковачевски: Мицкоски секое утро проверува што кажал Апасиев


Премиерот Димитар Ковачевски на трибина во велес го нарече лидерот на Левица Димитар Апасиев „агент на хаосот“ кој верува дека, колку  е полошо за земјата – толку е подобро за него. -Неговата цел е да запали оган и да уништи се што е создавано, ете каде многу луѓе грешат, и тука е токму опасноста. Економската …

Ковачевски: Мицкоски секое утро проверува што кажал Апасиев Read More »

Во ДУИ не знаат за извинување


На кадрите на ДУИ сѐ им се може. „Бомба“ не ги мрда од функциите, што и да направат, никогаш не се извинуваат за грешките, а оставката за нив е непозната појава ако им ја бара некој чие име не е Али Ахмети. Потврда за тоа е последниот недоличен и навредлив испад на директорот на Топланата …

Во ДУИ не знаат за извинување Read More »

Ковачевски бара да се однесуваме европски, да не ги напаѓаме бугарските клубови


  Потребни се културно–информативни центри коишто ќе ги зближуваат граѓаните на двете држави и двете држави, а не клубови кои ќе предизвикуваат негативни емоции. Нашите граѓани да бидат достоинствени и да се однесуваат со европски манири, како на држава членка на НАТО и држава која има отворено преговори со ЕУ, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. …

Ковачевски бара да се однесуваме европски, да не ги напаѓаме бугарските клубови Read More »

ГЕРБ-ДПС-БСП се плашат дека ќе исчезнат


Ако пак ги загубат изборите и младите сили во Бугарија повторно се најдат на власт, старите нема едноставно да одат во опозиција. “Нешто се случи”. Ова не беше реакција на неславната 18-часовна седница во парламентот, како резултат на која осамнавме со враќање во ерата на хартиените ливчиња –  да ги правиме неважечки при пребројување и потоа …

ГЕРБ-ДПС-БСП се плашат дека ќе исчезнат Read More »