Одземен пратеничкиот имунитет на Бериша, се отвора патот за притвор


Албанскиот парламент со 75 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство, на денешната пленарна седница му го одзеде пратеничкиот мандат на поранешниот албански претседател и лидер на побројното крило на опозициските демократи, Сали Бериша(79). Со ова одлука на законодавниот дом се отвора патот, Специјалното обвинителство и судот против организиран криминал и корупција да одредат мерка затворски …

Одземен пратеничкиот имунитет на Бериша, се отвора патот за притвор Read More »

Ременски генерален конзул во Венеција, Синани во Њујорк?


  Извори од владата за Вечер.мк навеле дека, вчера на седница на влада се донесени одлуки за именување на генерални конзули во две дипломатски мисии: Фросина Ременски во Венеција и Мухаби Синани во Њујорк.   Сопругот на Фросина, Јовче Ременски веќе е дел од амбасадата на Македонија во Рим, испратен како лице кое е задолжено …

Ременски генерален конзул во Венеција, Синани во Њујорк? Read More »

„Македонски концепт“ ја промовираше предизборната програма


Партијата „Македонски концепт“ синоќа ја промовираше предизборната програма и песната „Земјо моја“ од Јане Коџобашија како химна на партијата.  Лидерот на партијата Петар Богоjевски пред присутните рече дека имаат кристално јасни и конзистентни ставови од моментот кога се појавиле како движење, а потоа и како партија.  – Направивме партија не за нас, туку за народот …

„Македонски концепт“ ја промовираше предизборната програма Read More »

Новинари на „Фикс фаре“ купиле потврда за бугарско потекло за 10.000 леки


Најпопуларната истражувачка програма „Фикс фаре“ на Топ чанел во вечерашната емисија со глас и слика покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. За 100.000 леки новинарите купиле две такви потврди потпишани и заверени со печат, од Љуан Мјештри, администратор на …

Новинари на „Фикс фаре“ купиле потврда за бугарско потекло за 10.000 леки Read More »

Грција избрана за земја на годината од Економист


Пред неколку години, кој ќе очекуваше дека Грција ќе биде прогласена за земја на годината од Економист, коментира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Х, откако британскиот магазин ја одбра Грција за земја на 2023 година. Мицотакис истакнува дека изборот претставува признание за напорите на грчкиот народ, за нивните континуирани реформи и за напредокот на земјата. …

Грција избрана за земја на годината од Економист Read More »

Како Естонија ја победи информативната војна на Русија?


Информацијата стана оружје – е пораката што ќе ја слушнете во секоја институција задолжена за безбедноста во Естонија. Деновиве кога сите сме згрозени од сознанието колку се толерирало кај нас  политичкото подземје и колкав слободен простор за делување имале криминалците и поединците што одработуваат за странски интереси, конечно е запален црвениот аларм. Се покажа дека …

Како Естонија ја победи информативната војна на Русија? Read More »

Затворената седница стана отворена, патоказите – последен гест на добра волја од Брисел


  Власта и опозицијата се собраа денес на заедничка седница за да расправаат за двата патоказа што Македонија треба наскоро да ги испрати во Европската унија и во кои ќе каже што ќе прави наредните шест години со владеењето на правото и со реформата на јавната администрација. Арбр Адеми, пратеник од ДУИ и член на …

Затворената седница стана отворена, патоказите – последен гест на добра волја од Брисел Read More »

Фицо си отвара пат за корупција, ќе го укинува специјалното обвинителство


Во градовите на Словачка денеска повторно протестираа илјадници луѓе поради планот на новата влада на премиерот Роберт Фицo за измена на Кривичниот законик, за кој треба да расправа Парламентот, каде владејачката коалиција има мнозинство. Со измените предложени од коалициската влада се предлага до средината на јануари да се укине специјалното обвинителство кое се занимава со …

Фицо си отвара пат за корупција, ќе го укинува специјалното обвинителство Read More »

Столтенберг им правеше палачинки на вработените во НАТО


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по повод божиќните празници им правеше палачинки на вработените во НАТО. -Многу е убаво да се соберат сите 4.000 вработени во седиштето на НАТО во Брисел на палачинки. Еден од келнерите беше малку неискусен, но со малку тренирање се помина добро. Наскоро, повеќето луѓе ќе добијат заслужен божиќен одмор, …

Столтенберг им правеше палачинки на вработените во НАТО Read More »

Шенах: Вистината за изборите во Србија е малку шокантна


Штефан Шенах, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ги набљудуваше изборите во Србија, рече дека вистината за државата е донекаде шокантна, дека изборите не биле фер, дека гласовите биле манипулирани и дека се тоа е проблем за земја која сака да оди по демократски пат.  „Она што го видовме беше …

Шенах: Вистината за изборите во Србија е малку шокантна Read More »

Грција ќе им даде на мигрантите тригодишни дозволи заради недостигот на работници


Грчките пратеници се подготвуваат да гласаат  за нацрт-законот со кој им се дозволува на мигрантите да добијат дозвола за престој и работа за три години, чекор за справување со недостигот на работна сила во клучните сектори на економијата што се опоравува од должничката криза. Грција беше порта кон Европската унија за илјадници мигранти и баратели …

Грција ќе им даде на мигрантите тригодишни дозволи заради недостигот на работници Read More »

Реакции за обраќањето на Пендаровски: Ова му е последно, тврди Милошоски


  Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека денешното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието било празно и полно со флоскули наменети претежно за СДСМ каде, како што рече, ќе одлучуваат дали тој ќе биде или нема да биде повторно кандидат за претседател следната година. Милошоски рече дека Пендаровски ја релативизирал позицијата во која …

Реакции за обраќањето на Пендаровски: Ова му е последно, тврди Милошоски Read More »

Пендаровски: Патриоти се тие што не ги злоупотребуваат функциите


Претседателот Стево Пендаровски, денеска во своето обраќање во Собранието, говорејќи за уставните промени порача дека поделбите во македонското национално ткиво за ова прашање се контрапродуктивни за виталноста на нашата кауза. „Со одлагање на уставните промени, ќе пропуштиме уште една прилика која може да не чини најмалку уште една деценија надвор од интеграциите, а тоа ќе значи, …

Пендаровски: Патриоти се тие што не ги злоупотребуваат функциите Read More »

Што мисли светот за рејтингот на Зеленски?


Украинскиот претседател Володомир Зеленски според последната анкета има 62% поддршка од народот, наспроти 84 отсто во декември 2022 година. Тоа беше околу 10-тиот месец од целосната инвазија на Русија, кога јавниот морал беше многу висок. Многумина побрзаа да оценат дека Зеленски ја губи популарноста во земјата, уште повеќе што Валериј Залужни, главниот командант на украинската …

Што мисли светот за рејтингот на Зеленски? Read More »

Таравари: Ако сите од власта заедно одиме на избори, ќе му наштетиме на СДСМ


  Лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари вели дека  разговарал со другите претседатели на партии во однос на настапот на изборите, освен со претставниците на Левица, бидејќи со таа партија немаат никаква комуникација. „Ако одиме сите заедно (партиите од власта), јас мислам дека им правиме штета на СДСМ. Овој вокабулар …

Таравари: Ако сите од власта заедно одиме на избори, ќе му наштетиме на СДСМ Read More »

Деспотовски: За 80 отсто од институциите не се знае кој ги раководи ни што сработиле


“Предолго време седиме надвор и ги пропуштаме шансите да бидеме подобри. Можеме да бидеме подобри како и сите останати пред нас што станале подобри ако добиеме финансиска поддршка и пристап до фондовите од ЕУ. Ние пред 20 години бевме поспремни за во ЕУ од Бугарија и Романија, но влегле во процесот и преговарале, а меѓу …

Деспотовски: За 80 отсто од институциите не се знае кој ги раководи ни што сработиле Read More »

Алексиќ очекува да се повторат изборите за Белград и најави нов протест вечерва


Еден од носителите на изборната листа „Србија против насилство“, Мирослав Алексиќ, изјави дека очекува да се повторат изборите за главниот град во Србија и оцени дека во Белград имало изборна кражба, што претставува врв на сите нерегуларности на изборниот процес. Заедно со Мариника Тепиќ, која е и носител на таа изборна листа, штрајкуваше со глад …

Алексиќ очекува да се повторат изборите за Белград и најави нов протест вечерва Read More »

Објавени повиците за финансиска поддршка за ученици и студенти


Министерството за образование и наука денеска ги објави повиците за финансиска поддршка за ученици и студенти. Со повикот за финансиската поддршка за ученици од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари месечно почнувајќи од декември ќе се исплаќаат по 1. 200 денари за основците и од …

Објавени повиците за финансиска поддршка за ученици и студенти Read More »

Меџити: Набавуваме 22 нови амбулантни возила


Министерството за здравство информира дека ја утврди потребата за набавка на нови амбулантни возила за потребите на јавните здравствени установи во Македонија од причини што најголем број од возилата кои се на располаѓање на установите се застарени, дотраени, со помината поголема километража од техничкиот максимум и амортизирани. За таа цел, Министерството изготви и до Владата …

Меџити: Набавуваме 22 нови амбулантни возила Read More »

Ловџија заглавен во дол спасен од новиот медицински хеликоптер


Ловџија што паднал во длабок дол опкружен со карпи во близина на скопското село Буковиќ, денеска бил спасен со помош на новиот медицински хеликоптер, што се подготвувал за промоција во Битола. Медикоптерот, „бел 212“, е на Министерството за внатрешни работи, а е опремен со медицинска опрема за итен транспорт на високоризични пациенти. Од Центарот за …

Ловџија заглавен во дол спасен од новиот медицински хеликоптер Read More »