Блинкен: САД се „длабоко загрижени“ за судбината на Навални


Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изрази „длабока загриженост“ за судбината на Алексеј Навални кој веќе три недели не се знае каде е и нема никакви вести за него од рускиот затворски систем.  -Длабоко сме загрижени за тоа каде се наоѓа Навални, кој речиси три недели се изгуби во рускиот затворски систем. Уште еднаш повикуваме …

Блинкен: САД се „длабоко загрижени“ за судбината на Навални Read More »

ДОМ ќе преговара со СДСМ за коалицирање на парламентарните избори


Политичката партија ДОМ која е дел од владејачката коалиција  формирала тим кој по празниците ќе почне разговари за коалицирање со СДСМ на претстојните парламентарни избори, информираше вечерва претседателката на ДОМ Маја Морачанин. Во гостување на ТВ Сител, Морачанин рече дека на Централниот одбор на ДОМ донеле одлука да влезат во преговори со СДСМ за заеднички …

ДОМ ќе преговара со СДСМ за коалицирање на парламентарните избори Read More »

Напнато пред Градското собрание во Белград, летаат стакла и солзавец


  Официјални лица и поддржувачи на листата „Србија против насилството“ вечерва го нападнаа  Градското собрание на Белград. Додека тие ги кршеа стаклата на вратат од сoбранието, полицијата ги прскаше со солзавец. Граѓаните запалија неколку факели, фрлаа јајца и извикуваа „Излези надвор“.  Потпретседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ, ја повика полицијата која ја држи вратата со …

Напнато пред Градското собрание во Белград, летаат стакла и солзавец Read More »

Ковачевски: Северна Македонија ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година


Останувам лидер на европскиот фронт на кој повикавме и не отстапувам од тоа, од таа позиција верувам дека ќе обезбедиме солидна основа, за веќе во следниот мандат забрзано да ги отвораме и затвораме кластерите и поглавјата во текот на преговорите и да ја внесеме земјата во ЕУ до 2030 година, вели премиерот Димитар Ковачевски во …

Ковачевски: Северна Македонија ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година Read More »

Иран го повика на разговор рускиот вршител на должност поради изјавата за спорните острови во Персискиот Залив


Иран го повика на разговор рускиот вршител на должност откако Москва и арапските земји издадоа заедничка изјава претходно оваа недела, оспорувајќи ги претензиите на Иран за спорните острови во Персискиот Залив. Новинската агенција ИРНА јави дека рускиот дипломат бил повикан вчера и му била врачена нота за достава до Москва во која Техеран протестира против …

Иран го повика на разговор рускиот вршител на должност поради изјавата за спорните острови во Персискиот Залив Read More »

Косовско Самоопределување ќе учествува на изборите во Македонија


Откако лидерот на Беса, Билал Касами,  најави  протести, а Африм Гаши напуштање на Собранието и негова блокада, денеска и предводникот на Демократското движење Изет Меџити вели дека избори со 6-члена изборна комисија ќе бидат нелегитимни. -Се соочуваме со тенденција за фалсификат на изборите подготвена од господинот Талат Џафери, изјави  Меџити. Тој го повтори ставот дека ќе …

Косовско Самоопределување ќе учествува на изборите во Македонија Read More »

МД „Илинден“ ја поздрави одлуката за притвор на „издавачите“ на потврди за лажно бугарско потекло


Македонското друштво „Илинден“- Тирана, ја поздрави одлуката на судот во албанскиот пограничен град Пешкопеја, кој денеска им изрекол мерка притвор на трите лица вмешани во издавањето лажни потврди за „бугарско потекло“, во административната единица Острени, област Голо Брдо. – Се надеваме дека полицијата нема да остане со толку. Очекуваме истрагата да се прошири и во …

МД „Илинден“ ја поздрави одлуката за притвор на „издавачите“ на потврди за лажно бугарско потекло Read More »

Египет со нов предлог за ставање крај на војната во Газа


Египет подготвил предлог за прекин на борбите меѓу Израел и Хамас и ослободување на уште заложници кои ги држи палестинската исламистичка група, јави ДПА, цитирајќи регионална телевизиска мрежа. Иницијативата, која предвидува три одделни фази, била претставена на разговорите одржани претходно оваа недела во Каиро меѓу египетските власти и тимот на Хамас, според саудискиот канал Ашарк …

Египет со нов предлог за ставање крај на војната во Газа Read More »

Хрватска го дочекува својот најскап Божик досега


Овогодинешната празнична кошничка е најскапа во Хрватска досега, според хрватските синдикати, пренесува ХРТ. Според хрватските синдикати, најобилната празнична корпа во Хрватска чини 417 евра, а најскромната 98 евра. – Само најбогатата кошничка е вистинската кошничка во духот на традициите, забележува претседателот на Независните хрватски синдикати, Крешимир Север. Тој додава дека во најевтината можна потрошувачка кошничка …

Хрватска го дочекува својот најскап Божик досега Read More »

На Бит-пазар запленети над 2600 пиротехнички средства


Полиција од СВР Скопје денеска на територија на Бит-пазар во Скопје го лишиле од слобода 35-годишниот  В.В. (35) од Скопје  затекнат како на импровизирана тезга продава разновидни пиротехнички средства. Како што информира Министерството за внатрешни работи, запленети  се вкупно 2619 разновидни пиротехнички средства. -По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, …

На Бит-пазар запленети над 2600 пиротехнички средства Read More »

(Фото галерија): Дедомразовците трчаа низ Скопје


Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ денеска ja организираше традиционалната Дедомразовска трка во која учесниците облечени во црвени костуми на Дедо Мраз ќе трчаат низ улиците на Скопје.  Трката почна од пред „Скопје сити мол“, а патеката што ја истрчаа беше  долга два километри. Таа има забавен и натпреварувачки карактер и учествуваат  учесници …

(Фото галерија): Дедомразовците трчаа низ Скопје Read More »

Жител на гостиварско Форино изгризан од животни до смрт


Повозрасен жител на гостиварското село Форино бил пронајден мртов со рани нанесени од животни во близина на добиточната фарма во атарот на селото Форино. Од СВР Тетово информираат дека телото го пронашол неговиот син Р.Е. (48) вчера попладне во близина на штала која ја користел. Според пријавата, Џ.Е. (83)  бил паднат на земја и имал …

Жител на гостиварско Форино изгризан од животни до смрт Read More »

ЦУК: Спасено едно лице паднато во бунар, за полицијата најмногу повици на 112


Регионалниот ЦУК Битола соопшти дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп од 21:15 до 00:20 часот со три пожарникари и едно возило извршиле спасителна акција и извлекувале лице паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени. – Лицето било живо, но повредено и со возило на Брза помош е пренесено во …

ЦУК: Спасено едно лице паднато во бунар, за полицијата најмногу повици на 112 Read More »

Гарсија: Можно е да има и други барања за Македонија


Македонија е можно да има барања и од други земји членки на ЕУ на патот кон Унијата дури и доколку бидат усвоени уставните измени, вели шпанскиот амбасадор во земјава, Хозе Лозано Гарсија, во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Тој потсетува дека реформите во правото, правосудството и борбата против корупцијата се исто така важни на патот, …

Гарсија: Можно е да има и други барања за Македонија Read More »

Скопјани и денеска дишат „нездрав“ воздух


Скопје утрово се разбуди како седми град во светот во непопуларната ранг листа најзагадени градови во светот. Според статистиката на сајтот „IQAir“ воздухот во главниот град е во категоријата „нездрав“. Со индекс на загадување 161 Град Скопје утрово за речиси 15 пати ја надмина горната граница која како препорака ја поставе Светската здравствена организација. Како …

Скопјани и денеска дишат „нездрав“ воздух Read More »

Вучиќ: Тешко дека Ана Брнабиќ повторно ќе биде премиерка


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е „тешко“ Ана Брнабиќ повторно да биде премиер на Србија, но дека во иднина ќе извршува „значајни функции“. Во обраќањето до граѓаните од Претседателството на Србија, Вучиќ рече дека пред изборите и рекол на премиерката дека ова е нејзиниот последен мандат. „Ана израсна во голем борец. Горд сум …

Вучиќ: Тешко дека Ана Брнабиќ повторно ќе биде премиерка Read More »

Традиционално сечење бадникови гранчиња на Водно


На месноста Говрлевска Краста на падините на Водно денеска напладне во организација на Одборот за прослава на Бадник 2024 традиционално беа исечени бадникови гранчиња кои на Бадник (6 јануари) ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“  во Скопје.  Кум на годинашното одбележување е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“, кој …

Традиционално сечење бадникови гранчиња на Водно Read More »

ЕУ постигна договор за закон што ја јакне слободата на медиумите


Унијата постигна договор за нов закон поврзан со слободата на медиумите, кој има за цел да ја зголеми транспарентноста на сопственоста на медиумските компании и институционалното рекламирање, да понуди подобра заштита на новинарите и нивните извори, и да ја зајакне независноста на јавните медиуми. Европската унија верува дека директното влијание врз медиумите од страна на …

ЕУ постигна договор за закон што ја јакне слободата на медиумите Read More »

Ковачевски зборува за повисоки плати, ВМРО-ДПМНЕ за повеќе сиромаштија


Премиерот Димитар Ковачевски, на вечерашната трибина „Повеќе за сите“ во Штип, ја посочи и поддршката за повисоки плати и за развој на компаниите. „За работниците во приватниот сектор обезбедивме поддршка за поголеми плати, со што, отвораме можност за покачување на платите од 3.000 до 9.000 денари. Работодавачот ќе плаќа само персонален данок, а има целосно …

Ковачевски зборува за повисоки плати, ВМРО-ДПМНЕ за повеќе сиромаштија Read More »

Странските инвеститори со висока позитивна оценка на услугите од ТИРЗ


Странските инвеститори позитивно ги оценуваат услугите и комуникацијата со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони покажува Анализата на мерење на задоволство на корисниците на ТИРЗ. Просечна средна оценка за ТИРЗ добиена од сите корисници е 4,42 од 5. Компаниите највисоко ја вреднуваат комуникацијата со вработените со 4,7. Деталното постапување по барањата е оценето со 4,3, …

Странските инвеститори со висока позитивна оценка на услугите од ТИРЗ Read More »