Напнато пред Градското собрание во Белград, летаат стакла и солзавец

Протестите против изборите во Белград и носењето луѓе од Република Српска да гласаат се радикализираат. Опозицијата бара поништување на изборите


 

Официјални лица и поддржувачи на листата „Србија против насилството“ вечерва го нападнаа  Градското собрание на Белград. Додека тие ги кршеа стаклата на вратат од сoбранието, полицијата ги прскаше со солзавец. Граѓаните запалија неколку факели, фрлаа јајца и извикуваа „Излези надвор“.

 Потпретседателот на Демократската партија, Срѓан Миливојевиќ, ја повика полицијата која ја држи вратата со грб и штитови, да го напушти Собранието и да „застане на страната на народот“.Претставникот на МВР, кој дошол пред влезот, на претставниците на преставниците од листата   „Србија против насилството“ им рекол дека „насилно влегување не е возможно и дека тоа е кривично дело“.

Претседателот на Националното движење на Србија, Мирослав Алексиќ, еден од носителите на листата „Србија против насилството“ ги повика граѓаните на протестот да ја опколат зградата на Градското собрание на Белград, а пратениците и советниците да влезат внатре. По тој повик, пратениците и советниците од таа листа стигнале до влезот на Градското собрание, каде се обидоа да влезат, но вратата беше заклучена.

„Победивме на изборите на 17 декември. Пратениците и советниците да влезат внатре и да зборуваат од балкон“, рече Алексиќ на седмиот протест поради, како што тврдат, изборна кражба, пред неколку илјади луѓе кои носеа голема број на српски знамиња.Алексиќ му порача на српскиот претседател Александар Вучиќ дека е „измамник, лажго и крадец“ и дека „тој и неговите крадци биле фатени како крадат“.

„За кражба одите во затвор, но сè уште нема кој да ве стрпа. Господа од обвинителството, ние ве плаќаме, Вучиќ не ве плаќа од свој џеб. Вие треба да ја заштитите волјата на народот, а не на режим“, рече тој.

Тој ја повика и полицијата да ги заштити граѓаните и волјата на народот, во спротивно ќе бидат  „соучесници во грабежот на Србија“, а меѓународната заедница да биде погласна, бидејќи „12 години го поддржуваат диктаторот“.

„Треба да го поддржите народот. Докажавме дека сите гласови се украдени. Веќе нема муабет, се е докажано“, рече Алексиќ.

Потпретседателката на Партијата за слобода и правда (СПП), Мариника Тепиќ, исто така една од носителите на листата која седум дена штрајкува со глад, изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по изборите во 2012 година изјавил дека „поради еден глас изборите се поништуваат“.

„И единственото нешто што оваа земја мораше да го обезбеди за своите граѓани е да можат слободно да изберат кој ќе ја води оваа земја. Но, тие украдоа. Вучиќ, ти украде не еден, туку илјадници и илјадници гласови“, рече Тепиќ.

Таа рече дека на Вучиќ од денешниот протест му го кажуваат она што тој самиот го кажа тогаш – „Овие избори се поништуваат“.

Лидерот на движењето Еколошко востание и кандидат за пратеник на листата „Србија против насилството“, Александар Јовановиќ Ќута,  пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) порача дека веќе не е време за зборови. туку за дела и дека изборната волја ќе се брани до крај.

„Постојано не прашуваат каков е планот. Еве јас ќе ви кажам. Чија е оваа лева зграда? Чие е ова собрание? Од вечерва оваа зграда ќе биде слободна, таков е планот“, рече Јовановиќ на протестот пред. од неколку илјади собрани.кои носат голем број српски знамиња.

Тој изјави дека конкретниот план ќе го претстави претседателот на Националното движење на Србија, Мирослав Алексиќ и ги повика граѓаните да не одат во првите редови, туку тоа да го остават на политичарите, без да прецизира повеќе детали.

Потпретседателот на Демократската партија и кандидат за пратеник Срѓан Миливоевиќ оцени дека веќе нема разговори и приказни и дека граѓаните не биле повикани на улица да слушаат говори , туку да планираат конкретна акција.

„Народот настрада, чашата на гневот  се прели. Сега имам порака до луѓето кои се прават дека не ја гледаат. Слушајте внимателно вие што ги украдовте изборите, овој народ ви вели – тоа е грабеж, каков што светот не видел“, оцени  Миливојевиќ.

Тој побара да се поништат изборите на сите нивоа, „а не да се преговара со огранокот на државната безбедност“, односно дали со нив ќе се формира градска власт или не.

„Вучиќ не украде сите нас, леви и десни, Европејци и монархисти… Изборите беа украдени насекаде, парламентарни, покраински и локални. Времето за шетање заврши, времето за говори заврши. Време е за акција“, рече  Миливојевиќ.

Претходно,претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека единствено од институциите на земјата зависи дали и кои избори ќе се повторат, со оценка дека гласањето на 17 декември поминало во демократска атмосфера и било „најмирното во модерната историја“.

Вучиќ на денешната прес-конференцијата ги отфрли критиките за регуларноста на изборите, изнесени од домашните и странските набљудувачи и лидерите на најголемата опозициска коалиција „Србија против насилството“.

Претседателот на Србија рече и дека е „многу среќен“ што Републичката изборна комисија (РИК) ги задолжила Министерството за внатрешни работи и Министерството за државна управа и локална самоуправа да ги „проверат по име“ сите за кои се тврди дека бидете фантомски гласачи.

„Во МВР проверуваа сè и од 496 повици (пријави) што пристигнаа, сите биле уредно запишани во избирачкиот список. Чисти како солза“, рече Вучиќ.

Тој тврди дека од тој број, 487 лица биле запишани во избирачкиот список „пред многу, многу години“, а останатиот број биле запишани во 2022 година.

Вучиќ „им честиташе на граѓаните на Србија за демократскиот процес“ и изјави дека е горд што изборите и предизборната кампања поминаа без физички инциденти.

– Институциите ќе ја имаат нашата поддршка да ја вршат својата работа согласно демократските норми и тоа е сè, рече Вучиќ, зборувајќи за можностите дали ќе се повторат изборите.

Кога станува збор за изборите во главниот град на Србија, Белград, Вучиќ рече дека изборите ќе се повторат само доколку не се обезбеди мнозинство, бидејќи ниту владејачката партија ниту опозицискиот блок „Србија против насилството“ немаат доволно советници самостојно да го формираат градска влада.

Вучиќ најави и дека новиот состав на српскиот парламент ќе биде конституиран во јануари 2024 година, а очекува владата да биде формирана на крајот на февруари.