Макрон: Ќе работам со кој и да победи на изборите во САД


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе работи со кој и да победи на изборите во САД, еден ден откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на прелиминарните избори за претседателски кандидат од републиканците во Ајова. – Отсекогаш сум ја имал истата филозофија, работам со лидерите што ми ги даваат луѓето, рече Макрон на прес …

Макрон: Ќе работам со кој и да победи на изборите во САД Read More »

(Во живо) Судскиот совет расправа за одговорноста на Беса Арифи


Судскиот совет денеска на седница расправа и одлучува по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.  Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во изјава за емисијата „360 степени“ кажа дека очекува на денешната седница, по однос на извештајот од Комисијата на известители, да …

(Во живо) Судскиот совет расправа за одговорноста на Беса Арифи Read More »

Седница на Надзорниот одбор на М-НАВ за смена на раководството


Надзорниот одбор во националниот давател за воздухопловни услуги М-НАВ денеска на седница  закажана за 13:30 часот треба да ги разреши претседателот на Управниот одбор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор Љубе Стаменковски и на нивно место да ги именува Хекуран Асани и Милан Кораќ, потврдија за МИА од службата за информирање во М-НАВ.  Со седницата …

Седница на Надзорниот одбор на М-НАВ за смена на раководството Read More »

Едвард Џозеф: Црната листа на САД е порака која паметните политичари би требало да ја сфатат


Црната листа на САД опфаќа политичари и тоа е порака која паметните политичари би требало да ја сфатат, особено сега пред најавените избори, смета американскиот експерт за надворешна политика и предавач на Школата за напредни студии на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, Едвард Џозеф. Американската црна листа е многу значајна и преставува порака, и не …

Едвард Џозеф: Црната листа на САД е порака која паметните политичари би требало да ја сфатат Read More »

Миљазим Мустафа ќе ја повлече иницијативата за разрешување на Адеми!?


Членот на Судски совет Миљазим Мустафа, кој ја поднесе иницијативата за разрешување на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, има намера да се откаже од барањето на дисциплинската постапка, непосредно пред почетокот на седницата на која на дневен ред треба да се најде токму оваа точка, јавува ТВ Телма. Од Судски совет за Телма утрово …

Миљазим Мустафа ќе ја повлече иницијативата за разрешување на Адеми!? Read More »

Љупчо Палевски сменет од претседател на Десна, ОЈО не почнало со дерегистрација


  Љупчо Палевски не е повеќе претседател на Десна, а на сите оние кои се поврзани со убиството на Вања и Панче им се замрзнати членството и функциите. На местото на Палевски за нов претседател е избран Тони Алексовски основач и член на Десна.  „Десна цврсто и решително продолжува по промакедонскиот курс, преку спроведување на …

Љупчо Палевски сменет од претседател на Десна, ОЈО не почнало со дерегистрација Read More »

Холандскиот амбасадор на средба со Дамева, ќе ја врати помошта за Судскиот совет


Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп денеска се сретна со  Весна Дамева, претседателка на Судскиот совет  која беше незаконски сменета, па вратена на функцијата со одлука на Управниот суд.  -Амбасадорот Коп е задоволен што Судскиот совет  повторно е легален субјект. Сега е од големо значење и итност да се започне со враќање на довербата на јавноста …

Холандскиот амбасадор на средба со Дамева, ќе ја врати помошта за Судскиот совет Read More »

Норвешка и сојузниците работат на обединета палестинска влада


Голем број европски земји, „загрижените“ арапски земји и САД работат на проект за обединета палестинска влада која може да привлече средства за обнова на соодветните територии, рече во интерју во Давос, норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Еиде. „Голем број земји работат со нас со цел да се создаде влада на широко единство“, рече …

Норвешка и сојузниците работат на обединета палестинска влада Read More »

Појаснување: Пендаровски не презел обврска да преговара со Грција


Претседателот Стево Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот со личните документи и патните исправи. Во однос на комуникацијата со Грција, може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла, наведуваат од Кабинетот на претседателот на државата по денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека „претседателот на државата презеде обврска да се …

Појаснување: Пендаровски не презел обврска да преговара со Грција Read More »

Де Кро: ЕУ мора да биде одговорна кон кандидатите за пристапување


Премиерот на Белгија Александар де Кро денеска во Стразбур изјави дека Европската унија мора да биде одговорна кон земјите кандидати за пристап од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија. За време на презентацијата на програмата за активности на белгиското претседателство со ЕУ во Европскиот парламент, Де Кро рече дека неговата земја сака да ги дефинира …

Де Кро: ЕУ мора да биде одговорна кон кандидатите за пристапување Read More »

Шапс: Велика Британија да се подготви за војни со Кина, Русија, Северна Кореја и Иран


Велика Британија треба да се подготви за нови војни кои ги вклучуваат Кина, Русија, Северна Кореја и Иран, кои би можеле да избијат во следните пет години, истакна британскиот министер за одбрана Грант Шапс. Тој рече дека светот преминал во „предвоена фаза“ и ги повика сојузниците од НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана. Шапс …

Шапс: Велика Британија да се подготви за војни со Кина, Русија, Северна Кореја и Иран Read More »

Синдикатот му возвраќа на Османи: Министрите се листопадни, дипломатијата е зимзелена 


 Македонскиот дипломатски синдикат  ги осуди квалификациите упатени од Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за наводна „албанофобија“ или „албано хистерија“ по повикот на Синдикатот за зачувување на професионалните дипломатски стандарди во Министерството. -Министре, Македонскиот дипломатски синдикат бил и ќе продолжи да биде последниот бедем и механизам за зачувување на угледот и професионалните стандарди во дипломатската …

Синдикатот му возвраќа на Османи: Министрите се листопадни, дипломатијата е зимзелена  Read More »

Ни Ковачевски не гледа потреба за средба со Мицковски, можело и по телефон


  На крајот на идната недела, согласно законските рокови, ќе се одвива процедурата за избор на техничката влада, изјави премиерот Димитар Ковачевски прашан кога ќе ја поднесе оставката со оглед дека техничката влада треба да биде формирана за десетина дена. Тој соопшти дека за законските рокови за поднесување оставки, избор на нов претседател на Собранието …

Ни Ковачевски не гледа потреба за средба со Мицковски, можело и по телефон Read More »

СДСМ бара од Обвинителството да ги истражи „астрономските цени“ за машини во општините на ВМРО-ДПМНЕ


Надлежното Јавно обвинителство да постапи и да ги истражи сомнителните јавни набавки со астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ, побараа денес од СДСМ. „Новата афера на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти. Според јавно достапни документи општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина …

СДСМ бара од Обвинителството да ги истражи „астрономските цени“ за машини во општините на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Ковачевски: Поранешен министер, што сега е многу гласен за М-НАВ, си ја вработи и бебиситерката


Ако се отвори темата за вработувања на роднини и министри во М-НАВ, треба да се провери и во Академијата на судии кој се станува судија и обвинител, како и во министерствата, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот за изградба на Ресурсен центар за повратници и други ранливи категории …

Ковачевски: Поранешен министер, што сега е многу гласен за М-НАВ, си ја вработи и бебиситерката Read More »

Белгискиот амбасадор си го постави продолжувањето на преговорите на Македонија со ЕУ како прва цел


Aмбасадорот на Белгија за Македонија,  Фредерик Меурис, ги објави приоритетите на белгиското претседателство за нашата држава порачувајќи дека Брисел ќе биде чесен посредник и дека она што знае –  е да прави  добри компромиси.  -Од  јануари 2024 година,Белгија го презеде од Шпанија претседавањето со Советот на Европската унија. Тоа значи дека во следните шест месеци …

Белгискиот амбасадор си го постави продолжувањето на преговорите на Македонија со ЕУ како прва цел Read More »

Лидерите од Западен Балкан идната недела на средба во Скопје со О’Брајан и Коп


Премиерот Димитар Ковачевски ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на Западен Балкан, посветен на Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската Комисија. Состанокот ќе се одржи идниот понеделник во Скопје. На средбата се поканети Еди Рама, премиер на Албанија, Борјана Кришто, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Албин Курти, …

Лидерите од Западен Балкан идната недела на средба во Скопје со О’Брајан и Коп Read More »

Духот на Трамп лебди во Давос


ДАВОС, Швајцарија – Светските лидери собрани на швајцарските Алпи оваа недела се нервозни што Доналд Трамп ќе биде уште поантиглобален ако се врати како претседател на САД. И тие имаат добра причина за тоа. Во понеделникот вечерта, токму кога Трамп беше крунисан за победник на републиканските избори во Ајова – првата фаза од прелиминарниот процес за …

Духот на Трамп лебди во Давос Read More »

Може ли некој да ја запре кралицата Урсула фон дер Лајен?


Минатата година за кратко време, се чинеше дека кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат како претседател на Европската комисија може да биде во неволја. Во непланираното патување во Израел во октомври таа застана до Бенјамин Нетанјаху и изрази безрезервна солидарност во битката на земјата против Хамас. Нејзината изјава ќе беше на место …

Може ли некој да ја запре кралицата Урсула фон дер Лајен? Read More »

Лукаревска: Нема никаков ултиматум од Заев за Ковачевски


Потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, ги демантираше информациите во дел од медиумите дека поранешниот лидер на партијата Зоран Заев му дал ултиматум на актуелниот претседател на партијата, Димитар Ковачевски, заедно со оставката од премиерската функција да поднесе оставка и од лидерската функција. – Не станува збор за никаков ултиматум од поранешниот претседател на СДСМ кон …

Лукаревска: Нема никаков ултиматум од Заев за Ковачевски Read More »