ВМРО-ДПМНЕ средбата меѓу Заев, Ковачевски и Ахмети ја нарече „силување на државата“


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва испрати соопштение со кое ја коментира средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот премиер Зорав Заев, која се случи денеска во форма на работен ручек во Скопје.Оттаму велат дека колку повеќе ДУИ и СДС ја силуваат државата, толку погласно зборуваат за Европа. „На европскиот состанок меѓу Заев, …

ВМРО-ДПМНЕ средбата меѓу Заев, Ковачевски и Ахмети ја нарече „силување на државата“ Read More »

Приштина бара ЕУ да не одобри безвизен режим на косовските Срби со српски пасоши


Владата на Косово бара од земјите членки на ЕУ да го отфрлат предлогот на Европската комисија, според кој косовските Срби со пасоши издадени од Директоратот за координација на Србија можат да влезат во Унијата без визи, пишува денеска бриселскиот портал Политико. Според сегашните прописи, сопоственици на пасоши од 61 земја можат да влезат во ЕУ …

Приштина бара ЕУ да не одобри безвизен режим на косовските Срби со српски пасоши Read More »

Разрешен директорот на Агенцијата за вработување Мурати, Ведат Османи е нов директор


Беким Мурати од Демократската унија за интеграција е разрешен од функцијата директор на Агенцијата за вработување. На местото на Мурати, нов директор ќе биде Ведат Османи, потврди за МИА претседателот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа, чиј кадар е Османи. Мурати преку својот Фејсбук профил вчера информираше за неговото разрешување. -Почитувани, денеска ја завршив мојата …

Разрешен директорот на Агенцијата за вработување Мурати, Ведат Османи е нов директор Read More »

Камионите со стока кои увезуваат или извезуваат во Србија ќе се мерат само еднаш


Директорот на Царина Стефан Богоев во емисијана МРТ1 посочи дека со Меморандумот за признавање на белешките од мерење на царинските терминали, т.н. кантарски белешки помеѓу Македонија и Србија, од први февруари македонските компании кои увезуваат или извезуваат во Србија и обратно, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш, а со тоа ќе заштедат и …

Камионите со стока кои увезуваат или извезуваат во Србија ќе се мерат само еднаш Read More »

Синдикатите од ЈСП најавуваат прекин на работата доколку не ја добијат декемвриската плата


 Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)  Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавуваат, во понеделник нема да работат. – Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат …

Синдикатите од ЈСП најавуваат прекин на работата доколку не ја добијат декемвриската плата Read More »

Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Богојавление-Водици


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре 19.01.2024 (петок), поради активности по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Од МВР информираат дека од 08.00 часот …

Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Богојавление-Водици Read More »

Стотици патници заглавени на патиштата во Германија поради снегот


Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен, откако снежните врнежи го прекрија автопатот, што доведе до сообраќаен метеж и колони возила кои се протегаа со километри. Полицијата не можеше да процени колкав е хаосот предизвикан од снегот и до кога ќе бидат блокирани главните сообраќајници, пренесува неделникот „Билд“. …

Стотици патници заглавени на патиштата во Германија поради снегот Read More »

Богојавление 19 јануари неработен за граѓаните од православна вероисповед


Петок 19 јануари, Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството им го честитаат празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

Жителите на Долна и Горна Бањица ги блокираа работниците на „Бехтел и Енка“


Жители од селата Горна и Долна Бањица утрово го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и не ги пропуштаа вработените во компанијата „Бехтел и Енка“ кои работат на трасата на Коридор 8. Блокадата на патот е во знак на револт од начинот на кој спроведува експропријацијата. Блокадата на патот, како што рекоа, доаѓа …

Жителите на Долна и Горна Бањица ги блокираа работниците на „Бехтел и Енка“ Read More »

Колапс на здравствениот систем во Газа, Палестинци умираат во болници од нетретирани рани


 Експертот на ОН за итни здравствени случаи, Шон Кејси изјави дека ранети Палестинци умираат од нетретирани рани во преполните болници во Појасот Газа во услови на колапс на здравствениот систем. Кејси неодамна се врати од Газа каде што помина пет недели обидувајќи се да обезбеди повеќе персонал и неопходен материјали за 16 делумно функционални болници. …

Колапс на здравствениот систем во Газа, Палестинци умираат во болници од нетретирани рани Read More »

Судскиот совет изгласа запирање на постапката против Беса Адеми


Судскиот совет на денешната расправа за утврдување одговорност за претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, реши да се запре постапката. Одлуката беше изгласана со седум гласа за запирање и четири гласа против. Расправата беше тензична, а на одговорност најмногу инсистираше членот  на Судскиот совет Тања Чачарова – Илиевска.  Дури и претходниот претседател на Судскиот совет, …

Судскиот совет изгласа запирање на постапката против Беса Адеми Read More »

СДСМ: Пецаков доделил пари на клуб во којшто е основач


Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач.Над 250 илјади евра се исплатени на ГРК Охрид од општина Охрид како директна поддршка, изјави денес Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.  Според неа, сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 каде основач на ракометниот клуб е …

СДСМ: Пецаков доделил пари на клуб во којшто е основач Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Струмица и Центар купиле машини 100 отсто поскапи од тоа што чинат според СДСМ


Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, одговори денес на обвинувањата од СДСМ дека во општините што ги раководат нивни градоначалници биле набавувани машини неколкукратно поскапо од реалните цени.    -Дури 24 часа откако објавивме дека ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта , Струмица и Центар набавиле машини за бележење на патишта и до 100 …

ВМРО-ДПМНЕ: Струмица и Центар купиле машини 100 отсто поскапи од тоа што чинат според СДСМ Read More »

Герасимовски нема да толерира фиктивни паркинг места во новопроектирани објекти


Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, донесе одлука за измена и прецизирање на регулативата за обезбедување реални паркинг места во новопроектирани објекти. Со оваа измена, бројот на механизираните паркинг системи се сведува на минимум, со цел да се сузбијат злоупотребите евидентирани на терен. Како што информираат од Општина Центар, согласно измените …

Герасимовски нема да толерира фиктивни паркинг места во новопроектирани објекти Read More »

Гир:Членовите на Судскиот совет да ги спроведат препораките на ЕУ


Евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека вчера имал продуктивен состанок со претседателката на Судскиот совет (СС) Весна Дамева и се надева дека сите членови на Судскиот совет ќе свртат нова страница и ќе се обидат да ги спроведат препораките од Oценската мисија на Европската унија. -После пресудата на Управниот суд со која беше поништена одлуката за …

Гир:Членовите на Судскиот совет да ги спроведат препораките на ЕУ Read More »

Османи: Да не даваме лажна надеж дека ќе го смениме Преспанскиот договор, да ги смениме документите


„Дајте да се организираме до 12 февруари да завршиме колку можеме повеќе. Потоа на 13 февруари ќе мислиме што останало како проблем и како тоа да го регулираме со грчката страна. Сметам дека е некоректно сега да им испратиме порака на граѓаните ‘седете сега вие без грижа, зашто ние ќе средиме’ и после да кажаме …

Османи: Да не даваме лажна надеж дека ќе го смениме Преспанскиот договор, да ги смениме документите Read More »

Османи: Вработувањето на сестра ми во М-НАВ е тема пред секои избори


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, рече дека сестра му работи во М-НАВ веќе 15 години, а за критериумите по кои работи тој им одговори на новинарите да ги прашаат во М-НАВ. „Јас немам никаква улога во тоа, тоа е 12 години пред јас да станам министер за надворешни работи. Оваа тема е искористена на …

Османи: Вработувањето на сестра ми во М-НАВ е тема пред секои избори Read More »

Сотир Костов тврди: Владата на ВМРО-ДПМНЕ поради татко на министер сокрила сериозен воздухопловен инцидент


  „Јас сум човек кој нема периз на јазикот. Јас само ова го зборувам за членовите на Владата. Ќе им кажам, нека си погледнат 2013 година, на затворена седница на Влада каде што се разгледуваше Извештајот за сериозен инцидент од 7.5.2013 година. Сериозен инцидент на горно небо, кога два авиона за малку ќе се судреа …

Сотир Костов тврди: Владата на ВМРО-ДПМНЕ поради татко на министер сокрила сериозен воздухопловен инцидент Read More »

Пропадна обидот да се одложи расправата за Адеми за друга седница


 Во Судскиот совет во тек е расправата за утврдување на одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.Расправата заглави околу барањето на  Тања Чачарова Илиевска извештајот да се врати на доработка бидејќи од тоа што и било доставено немала точен увид колку пати Адеми не присуствувала на седниците на Судскиот совет, дали и колку пати …

Пропадна обидот да се одложи расправата за Адеми за друга седница Read More »

Османи гледа етничка дискриминација кога го обвинуваат за партизација


Тоа што за сите е партизација, за министерот за надворешни работи Бујар Османи е – етничка дискриминација. -Многу сум осетлив кога  гледам елементи на етничка дискриминација. Како се ближат изборите, тоа добива вознемирувачки димензии. Затоа што во изминативе две недели, јас предложив и Владата одобри четворица конзули, од кои што двајца не беа Албанци и …

Османи гледа етничка дискриминација кога го обвинуваат за партизација Read More »