ВМРО-ДПМНЕ средбата меѓу Заев, Ковачевски и Ахмети ја нарече „силување на државата“


Фото: Б. Грданоски

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва испрати соопштение со кое ја коментира средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот премиер Зорав Заев, која се случи денеска во форма на работен ручек во Скопје.Оттаму велат дека колку повеќе ДУИ и СДС ја силуваат државата, толку погласно зборуваат за Европа.

„На европскиот состанок меѓу Заев, Ковачевски и Ахмети сигурно се зборувало за исполнетите бенчмаркови при киднапирањето на државата од ДУИ и СДС, за сложената европска операција за делење на шамари при контрола на летови во М-НАВ што според оваа европска тројка би било опишано како за европско тепање, за корупциските скандали со европско знаменце во РЕК, за бизнисите на ЕВРОВИА, за милионите за Бехтел и Енка, за европската марихуана на струмичкото поле, за европскиот азил на Ден Дончев со полно туце пари, за непостоечките инвестиции, за пасошите за криминалци, за европските редици за вадење на лични документи за граѓаните и редица други “успеси“. Не се сомневаме дека биле разменети искуства од казината, лотариите, стекнувањето на Соравија, европските практики на Кацарска во судството, на Филипче во здравството, во енергетиката, модуларната болница, се во функција на европската интеграција“,се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, средбата на Ковачевски, Ахмети и Заев ја потврдија и од СДСМ.Тројцата имале заеднички ручек кој траел четири часа, а на кој се разговарало за претстојните парламентарни и претседателски избори, но и за стратегијата за настап на власта на изборите како коалиција на европски фронт.

Според информациите, работниот ручек поминал во конструктивна и позитивна атмосфера, но не се откриваат повеќе детали дали се разговарало и за други теми.Ковачевски, Ахмети и Заев се сретнале во Скопје