Папа Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите


Папата Франциск ги повика верниците на Велигденското бдение да се радуваат и да не губат надеж и покрај приватните и светските политички кризи. Овие кризи се „огромни камења на смртта“, рече Папата во базиликата Свети Петар во Рим пред околу 6.000 луѓе. Тој особено предупреди на непромислената омраза и суровоста на војната, кои го уништуваат …

Папа Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите Read More »

Денес сончево и топло до 28 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со максимални температури од 23 до 28 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени. Во Скопје слично време со минимална температура до 8 степени и максимална до 27 степени. Синоптичарите најавуваат …

Денес сончево и топло до 28 степени Read More »

Закажан втор концерт на проектот Македонисимо


По распродадениот прв концерт на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите, закажан за 31 март, Камерниот оркестар „АЈГА“ во соработка со КултурОп закажа втора концертна изведба. Втората изведба ќе се одржи на 1 април со почеток во 20 часот на големата сцена на Македонската филхармонија.  – Со оглед на програмскиот распоред …

Закажан втор концерт на проектот Македонисимо Read More »

Се укинуваат контролите на внатрешните воздушни и поморски граници на Бугарија и Романија


Денеска стапува во сила одлуката на Советот на ЕУ од декември минатата година за укинување на аеродромските и пристанишните гранични контроли при патувања меѓу Бугарија и Романија и останатите членки на Шенген зоната.  Покрај отворањето на воздушниот и поморскиот Шенген простор за Бугарија и Романија, во двете земји од денеска се применуваат и шенгенските правила, …

Се укинуваат контролите на внатрешните воздушни и поморски граници на Бугарија и Романија Read More »

Лајчак не сака втор мандат како олеснувач за дијалогот на Србија и Косово


 Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ). Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија. Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ …

Лајчак не сака втор мандат како олеснувач за дијалогот на Србија и Косово Read More »

Уставен донесе одлука граѓаните со попреченост над 65 години да добиваат надоместок


 Уставниот суд го поништи член 3 став 1 точка 2 во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани со што граѓаните со попреченост над 65 години кои не добиле надоместок, сега имаат можност да побараат да им се исплати надоместокот во изминатиот период, од кога …

Уставен донесе одлука граѓаните со попреченост над 65 години да добиваат надоместок Read More »

Кривична пријава за шест инспектори од Државниот пазарен инспекторат


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица – инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ.   „Во текот на …

Кривична пријава за шест инспектори од Државниот пазарен инспекторат Read More »

Зад бромансата на Макрон и Лула во амазонската прашума


БРАЗИЛИЈА, Бразил – Французинот Емануел Макрон и Бразилецот Луис Инасио Лула да Силва поминаа три дена јавно опсипувајќи се со меѓусебна претседателска наклонетост, врамени со златните зајдисонца на Амазон и белите модернистички палати во Бразилија. Тоа беше прва посета на Макрон на земјата на Лула, а дуото не пропушти можност да покаже единство за големи …

Зад бромансата на Макрон и Лула во амазонската прашума Read More »

Мицкоски ветува цврста борба против корупцијата и намалување на бирократијата


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес стави потпис на договорот за  стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја Македонија”. Според ВМРО-ДПМНЕ, нивната коалиција е најбројната досега и е составена од 24 политички субјекти кои застануваат „зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна …

Мицкоски ветува цврста борба против корупцијата и намалување на бирократијата Read More »

Гир: Да се исполнат препораките на ОЛАФ, парите за „Еразмус плус“ остануваат


Oткако Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ, побара Македонија да врати 2,2 милиони евра европски пари што биле дадени во земјава, а потоа биле злоупотребени во програмата „Еразмус Плус“, aмбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир денеска истакна дека ЕУ очекува Националната агенција да ги спроведе препораките дадени од ОЛАФ за „Еразмус …

Гир: Да се исполнат препораките на ОЛАФ, парите за „Еразмус плус“ остануваат Read More »

Азербејџански трилер во срцето на демократијата во Европа


   Во вторникот голема публика се собра во германскиот Бундестаг за да ја гледа премиерата на трилерот – Am Abgrund (На работ). Филмот беше инспириран од неверојатната вистинска приказна за кавијар дипломатијата, деценискиот напор на Азербејџан да корумпира десетици парламентарци низ Европа, со посебен фокус на членовите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). …

Азербејџански трилер во срцето на демократијата во Европа Read More »

Најголемите партии трујат со штетни наративи, албанските ги етнизираат државните функции


Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави третиот извештај  за штетните наративи  според кој политичките актери продолжуваат да бидат главен извор на оваа појава, при што зачестено користат остар јазик со емотивен набој во комуникацијата преку партиските веб-страници и фејсбук-профилите. -Се користат непроверени податоци, селективно се презентираат информации, со што се оневозможува јавноста да добие …

Најголемите партии трујат со штетни наративи, албанските ги етнизираат државните функции Read More »

Судот донел одлука дека Ковачки неправедно ја клеветел Славјанка Петровска


Министерката за одбрана Славјанка Петровска ја објави штотуку донесената судска пресуда според која пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неоправдано ја клеветел во јавноста.  -Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене, сакам да ве известам дека Основниот граѓански суд во …

Судот донел одлука дека Ковачки неправедно ја клеветел Славјанка Петровска Read More »

Апликацијата „Телеграм“ блокираше илјадници налози поради повици на терористички напади


Апликацијата „Телеграм“ пред четири дена почна да презема мерки за спречување на пораки со повици на терористички напади, соопшти денеска основачот на месинџерот Павел Дуров. „Како резултат на тоа, беа стопирани десетици илјади обиди за испраќање такви пораки, а илјадници корисници кои учествуваа во овој флеш моб се соочија со трајно блокирање на нивните профили …

Апликацијата „Телеграм“ блокираше илјадници налози поради повици на терористички напади Read More »

Пендаровски организираше Ифтарска вечера


Соживотот е наша најголема вредност, а Ифтарската вечера е можност за негово продлабочување. Тој не смее да биде жртва на дневно-политички интереси, особено во време на изборни години Каква било изборна победа на сметка на соживотот би била еднаква на пораз за нашата заедничка татковина, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на Ифтарската вечера, којашто …

Пендаровски организираше Ифтарска вечера Read More »

САД предупредиле Русија дека зборува бесмислици за нападот во Москва


Советникот за национална безбедност на Белата куќа, контраадмирал Џон Кирби, денеска изјави дека САД испратиле писмено предупредување на руските безбедносни служби за напад извршен од екстремисти и дека тврдењата дека Украина била вмешана во нападот минатиот петок во Москва се „бесмислици“. Кирби, кој е помошник државен секретар за одбрана, повтори дека е јасно дека терористичката …

САД предупредиле Русија дека зборува бесмислици за нападот во Москва Read More »

Израел лани присвоил 50.000 хектари палестинска земја на Западниот Брег


Минатата година израелската администрација конфискуваше повеќе од 50 илјади хектари земјиште на Палестинците на окупираниот Западен Брег, јавија турските медиуми.  Според извештајот подготвен од Палестинскиот Централен статистички институт, површината на палестинската земја окупирана од Израел на окупираниот Западен Брег во 2023 година е двојно зголемена во споредба со претходната година. Тие изјавија дека Израел запленил …

Израел лани присвоил 50.000 хектари палестинска земја на Западниот Брег Read More »

Ванковска: Дури и да го смениме Уставот, вакви нема да не примат во ЕУ


Во оваа ЕУ Македонија не треба да влезе, оваа ЕУ толку зла ни нанесе, не директно Унијата, туку не натера сами да си го сториме злото, преку овие инсталираните, Преспанскиот договор беше тоа, рече Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Според Ванковска, дури и да го смениме Уставот, …

Ванковска: Дури и да го смениме Уставот, вакви нема да не примат во ЕУ Read More »

Харвард го отстрани повезот од книга направен од човечка кожа


Универзитетот Харвард денеска соопшти дека го отстранил повезот од книга од 19 век направен од човечка кожа, која се наоѓа во библиотеката на универзитетот. Повезот е отстранет од „етички причини“ поради начинот на кој бил направен, пренесува „Гардијан“. „По внимателно проучување, ангажирање на засегнатите страни и размислување, решивме да го отстраниме повезот и ќе работиме …

Харвард го отстрани повезот од книга направен од човечка кожа Read More »

Претседателските кандидати договараат мастер дебата до 10 април


  Изборните штабови на шестмината претседателски кандидати одговориле позитивно на иницијативата на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, да се одржи мастер дебата на која сите претенденти за шеф на државата ќе имаат можност да ја претстават својата програма и својот концепт за тоа како ќе ја водат државата доколку победат, брифираат од изборниот штаб …

Претседателските кандидати договараат мастер дебата до 10 април Read More »