Ковачевски: Клучно предизборно прашање е кој има и кој нема план за иднината


Ние имаме визија за иднината, ние имаме волја, знаење, храброст, имаме план како да ја внесеме државата во ЕУ до 2030 година, заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски – порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот граѓански собир на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.   „Тоа е  клучното прашање на овие избори. Кој има …

Ковачевски: Клучно предизборно прашање е кој има и кој нема план за иднината Read More »

Османи тврди дека има писмен договор влада да се формира по уставните промени


Претседателскиот кандидат на ДУИ Бујар Османи го демантираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски кој тврдеше дека,  иако барал, не бил вклучени во преговорите околу евроинтеграциските процеси. -Мицкоски дека добро знае колку пати сум барал да отидам во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во белата палата за да го претставам францускиот предлог и преговарачката рамка.Неговиот однос со одбивањето …

Османи тврди дека има писмен договор влада да се формира по уставните промени Read More »

ДИК го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите


Државната изборна комисија (ДИК) попладнево, во рамки на 96. седница, со жребување го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите.  Број 1 е Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, број 2 – Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ, број 3 – Коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, број 4 – Коалицијата Европски …

ДИК го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите Read More »

Белгиските обвинители истражуваат можна руска вмешаност во кампањата за европските избори


Белгиските обвинители истражуваат можно руско мешање во претстојните избори за Европскиот парламент по информациите што ги добиле од разузнавачките служби, изјави денеска премиерот Александар Де Кро. Инспекторите, рече Де Кро, откриле дека руските групи форсираат проруските кандидати за да ја ослабат поддршката на ЕУ за Украина во борбата против руската инвазија започната пред две години. …

Белгиските обвинители истражуваат можна руска вмешаност во кампањата за европските избори Read More »

Евротинк: Граѓаните најголема доверба имаат во Армијата, религиските институции и полицијата


Граѓаните најголема доверба од 44 отсто имаат во Армијата, потоа следат религиските институции со 35 отсто, полицијата со 28 отсто, па претседателот на државата со 24 отсто. Владата традиционално е на средина на рангирањето со доверба од 18 отсто, а најниска доверба имаат Собранието со 12 отсто и Обвинителството и судството со по 9 отсто, …

Евротинк: Граѓаните најголема доверба имаат во Армијата, религиските институции и полицијата Read More »

Пендаровски сака дебата со сите кандидати за претседател плус Мицкоски


Како кандидат за претседател во секое време прифаќам да има политички дебати со моите противкандидати, но како што се изјаснив пред почетокот на кампањата, инсистирам во дебатите да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија, изјави кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски. Тој во пишана изјава до медиумите, посочува дека, …

Пендаровски сака дебата со сите кандидати за претседател плус Мицкоски Read More »

Квази носталгија на Гордана Јанкуловска


  Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, постираше фотографија од старата  жолта зграда на ВМРО-ДПМНЕ како носталгично навраќање на седиштето на оваа партија. Иако веднаш штом дојдоа на власт ВМРО-ДПМНЕ посакаа да имаат палата, а не старо зградиче  бидејќи апетитите значајно им пораснаа, сега пред изборите палатата не е баш референца за добивање гласови …

Квази носталгија на Гордана Јанкуловска Read More »

ФИТР: 240 илјади евра достапни преку новиот јавен повик „Ваучери за иновации за Западен Балкан“


Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави јавниот повик „Ваучери за иновации за Западен Балкан”, со кој вкупно 240 илјади евра ќе се доделат за поттикнување на соработката помеѓу академската заедница со домашните, мали и средни компании, во насока на поддршка на научно истражувачки проекти кои ќе придонесат кон зголемување на иновативноста …

ФИТР: 240 илјади евра достапни преку новиот јавен повик „Ваучери за иновации за Западен Балкан“ Read More »

Нов воен ласер ќе соборува руски дронови во Украина


Британскиот министер за одбрана Грант Шапс изјави дека новиот британски воен ласер „Драгон Фајр“може да се користи во Украина за соборување руски дронови. Тој рече дека оружјето, кое се очекува да биде подготвено за распоредување најдоцна до 2027 година, може „сериозно да влијае“ на конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесува „Скај њуз“. Новите реформи насочени …

Нов воен ласер ќе соборува руски дронови во Украина Read More »

Кличко: Ова не е војна, ова е тероризам


Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко итно побара дополнителни испораки на оружје од сојузниците на Украина за да се спречат засилените руски напади врз земјата. – Ова е војна на ресурси и затоа ни е потребна поддршка од нашите партнери, рече Кличко синоќа за германската јавна телевизија ЗДФ. На Украина итно и требаат повеќе системи за …

Кличко: Ова не е војна, ова е тероризам Read More »

Силјановска за Преговарачката рамка со ЕУ: Може да се договориме!


Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, смета дека за Преговарачката рамка за продолжување на преговорите со ЕУ може да се најде решение. Таа во интервју за МИА потенцира дека е за влез во Европката унија, но дека „може да се договориме“ и оти за тоа има многу варијанти. -Јас не …

Силјановска за Преговарачката рамка со ЕУ: Може да се договориме! Read More »

ДУИ годинава со повеќе приходи од другите партии, Ахмети еден од донаторите на партијата


Граѓаните индиректно преку Буџетот се најголеми финансиери на партите според последните извештаи на Државниот завод за ревизија кој ги објави приходите и расходите на 42 политички партии. Без разлика за кого ќе го дадат својот глас, граѓаните преку Буџетот издвојуваат пари и за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса, но и за Левица, ГРОМ, Демократски сојуз…. Помал дел …

ДУИ годинава со повеќе приходи од другите партии, Ахмети еден од донаторите на партијата Read More »

Максим Димитриевски ќе бара јавниот обвинител да го предлага опозицијата


На Македонија и треба претседател пред се со интегритет, со став, со карактер и со принципи, со кои ги штити националните, државните интереси и пред се граѓаните, бидејќи оваа држава во своето минато ретко кога можело да забележи дека еден претседател се одважил да каже „не“ на политичкиот субјект што го предложил или на политичкото …

Максим Димитриевски ќе бара јавниот обвинител да го предлага опозицијата Read More »

ДИК ги потврди повеќето кандидатски листи за пратеници


Државната изборна комисија (ДИК) на седницата одржана попладнево ги потврди повеќето кандидатски листи за пратеници на политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на парламентарните избори на 8 мај. Неколку кандидатски листи, меѓу кои и на партијата Нова алтернатива, која неодамна ја презема актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, сè уште не се потврдени. Претседателот …

ДИК ги потврди повеќето кандидатски листи за пратеници Read More »

ВМРО-ДПМНЕ на дело: МВР поднесе кривична пријава против новинарот Фуркан Салиу


Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска, 11 април, поднело кривична пријава против новинарот Фуркан Салиу и уште едно лице. Двајцата, според МВР, се осомничени за делото „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. „Ве известуваме дека по целосно документирање на настанот, на 11.04.2024 од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје до ОЈО Скопје …

ВМРО-ДПМНЕ на дело: МВР поднесе кривична пријава против новинарот Фуркан Салиу Read More »

Пендаровски: Пародија е што Мицкоски се шокира од вести што сам ги продуцира


  Зборувајќи пред жителите на Валандово, вечерва кандидатот за претседател Стево Пендаровски истакна дека на оваа држава ѝ требаат лидери кои размислуваат 30-40 години однапред, а не политичари чија единствена цел е да дојдат на власт и доживотно да останат во нивните фотелји. ,,Работејќи за подобра иднина на следните генерации, не мислејќи на нашиот рејтинг, …

Пендаровски: Пародија е што Мицкоски се шокира од вести што сам ги продуцира Read More »

Ралев: Во Универзална изгорел отпад од стариот објект


Во пожарот што во вторникот ја зафати Универзална сала, која беше во прва фаза од реконструкцијата , изгорел отпадниот материјал што по спојувањето на новите конструктивни елементи требаше да се извади, вели за Телма, архитектот, професор и претседател на Асоцијацијата на архитекти, Мишко Ралев. Овие информации тој ги базира на сознанија од терен и демантира …

Ралев: Во Универзална изгорел отпад од стариот објект Read More »

Маричиќ: За Еразмус Плус програмата само годинава над шест милиони евра


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска во Битола присуствуваа на отворањето на првиот Еразмус+ инфо центар, на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, информираат од СЕП. Маричиќ истакна дека отсега во Битола младите од различните региони во државата имаат пристап до место каде директно ќе …

Маричиќ: За Еразмус Плус програмата само годинава над шест милиони евра Read More »

Синдикат на МАНУ: Наместо да биде знаменосец на вредностите, МАНУ практикува недемократски методи


Синдикалната организација при МАНУ продолжува со поставување таргетирани прашања кон Академијата, откако претходно го повика раководството да одговори на три прашања поврзани со предлог-законот на МАНУ кој не беше донесен во Собранието, а со тоа и платите на вработените останаа неусогласени со платите на вработените во сите установи во јавниот сектор. -Колку повеќе се тактизира …

Синдикат на МАНУ: Наместо да биде знаменосец на вредностите, МАНУ практикува недемократски методи Read More »

Украинската Рада изгласа зголемување на бројот на војници во армијата


По неколкумесечни одложувања  украинската Врховна Рада (парламент) денеска гласаше за Законот за регулирање на начинот на регрутирање на граѓаните, откако за него во постапката на донесување беа поднесени илјадници амандмани со кои се сакаше ублажување на содржината на оригиналниот нацрт текст, што од самиот старт на расправата  не беше добро прифатен. Законот воведува голем број …

Украинската Рада изгласа зголемување на бројот на војници во армијата Read More »