ДУИ oбвинува дека во Царинската управа биле унапредени само Македонци


Демократската унија за интеграција најостро реагира на најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа, сите од македонска етничка припадност, без ниту еден Албанец. Според нив, ова не е изолиран случај, туку продолжубање на систематската политика на етничко исклучување, која директно го поткопува соживотот и меѓуетничката рамнотежа во државата. ДУИ потсетува дека институциите се должни …

ДУИ oбвинува дека во Царинската управа биле унапредени само Македонци Read More »

Сиљановска ја фали културната дипломатија, останала „без зборови“


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која синоќа присуствуваше на концертот на пијанистот Симон Трпчески во Рим во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, изјави дека никој нема да ја заборави таа вечер и дека тоа е уште една потврда за моќта на културната дипломатија. -Без зборови сум, прво амбиентот на ‘Хорти Салустијани’ е …

Сиљановска ја фали културната дипломатија, останала „без зборови“ Read More »

Граѓанските организации бараат објавување на договорот со Британија пред потпушувањето


Платформата на граѓански организации алармира дека договорот за заем меѓу Македонија и Обединетото Кралство е потпишан без јавноста навремено да ги добие сите информации и услови. Ова, велат, е повторување на случајот со унгарскиот заем и бараат јавноста да ги знае деталите пред, а не откако ќе се потпише договорот. „Еднакво како што се јавува …

Граѓанските организации бараат објавување на договорот со Британија пред потпушувањето Read More »

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција, најави соработка и со ДУИ и со ВЛЕН


На вонредното собрание на Алијансата за Албанците  од  крилото на Арбен Таравари беше разрешен шефот на собранието на партијата, Арбен Фетаи. Состанокот на собранието, како што рече Таравари, го иницирале 2/3 од членовите, а доаѓа неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и …

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција, најави соработка и со ДУИ и со ВЛЕН Read More »

Сиљановска не знае дали сме поблиску или подалеку од преговорите со ЕУ


Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за ЕУ е политиката на проширување да се спроведе, вели во интервјуто за Слободна Европа, претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според Давкова, министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер, разговорите за решавањето на овој спор, …

Сиљановска не знае дали сме поблиску или подалеку од преговорите со ЕУ Read More »

Доларот нагло падна, еврото расте


Нa девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути нагло падна откако „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на САД, со што приносите од американските државни обврзници се зголемија. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, падна за 1,9 проценти на 99,10 поени минатата недела. …

Доларот нагло падна, еврото расте Read More »

Скопје денес во сообраќајна блокада поради три настана


Во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај на неколку локации поради одржување ракометен напревар, хуманитарна и атлетска трка. Поради атлетска улична трка денеска 07:30 часот до 10:30 часот во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим во општина Аеродром. Атлетската улична трка е со стартно-целна позиција на бул. Јане Сандански при што натпреварувачите ќе …

Скопје денес во сообраќајна блокада поради три настана Read More »

Сведоштва од Газа: Децата им умираат пред очи, тие немаат како да ги спасат


На улиците на Газа оваа недела имаше два звука што никогаш не престануваа, дење или ноќе. На запад, медитеранските бранови се судрија на брегот расфрлан со ѓубре. На исток, гранатите, проектилите и ракетите експлодираа со тапи удари и повремени пукнатини што ги „пукаа“ ушите. Најмалку 100.000 луѓе дојдоа во градот Газа, некогашен жив комерцијален и …

Сведоштва од Газа: Децата им умираат пред очи, тие немаат како да ги спасат Read More »

Киев нападнат со дронови и ракети


Најмалку 13 лица се убиени, а десетици се повредени во руски напади со беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија регионалните власти и службите за итни случаи. Државната служба за вонредни состојби соопшти дека меѓу загинатите има три деца во Житомир и еден маж на возраст од околу 70 години во јужниот град Николаев. Нападите …

Киев нападнат со дронови и ракети Read More »

Муцунски на одбележување на Дејтонскиот мировен договор во САД


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од денеска ќе престојува во Дејтон, Охајо, во САД, по повод одбележувањето на 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО. Како што информираа од МНРНТ, посетата е на покана на конгресменот и шеф на делегацијата на …

Муцунски на одбележување на Дејтонскиот мировен договор во САД Read More »

Концерт на воените оркестри од армиите на Македонија и Вермонт, САД


Во пресрет на вежбата „Immediate Response 25” воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и Вермонт, САД, денеска напладне ќе одржат едночасовен концерт во Паркот на Франкофонија во Скопје. Од канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата соопштија дека како дел од армиската соработка на двете сојузнички армии, пред почетокот на поголемите …

Концерт на воените оркестри од армиите на Македонија и Вермонт, САД Read More »

Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“


Со организирање на денешната хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус, оваа година ќе го одбележат „Денот на Европа“. -На 25 мај, истовремено во седум града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му …

Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“ Read More »

Владините функционери се фрлија на шетање, перверзно трошат позајмени пари


  Владините функционери се фрлија на шетање, секоја недела има по неколку делегации во странство. Оваа недела Стојанче Ангелов се јави од Јапонија, каде што имал посета на верски храм и се сликаше со будистички монах, иако е одговорен за справување со кризи во државата. Во Лондон беа вицепремиерот Александар Николоски и министерката за образование …

Владините функционери се фрлија на шетање, перверзно трошат позајмени пари Read More »

ЕУ се обидува да ги седне на иста маса Македонија и Бугарија, Мицкоски го шири спорот


Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, оцени денес дека има простор да се надминат пречките и да се одблокира евроинтегративниот процес на Македонија. По  денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски во Владата таа додаде дека не би навлегувала во детали сѐ додека нема придвижување. „Јасно е дека сакаме Северна …

ЕУ се обидува да ги седне на иста маса Македонија и Бугарија, Мицкоски го шири спорот Read More »

Полициските специјалци ќе ги облекуваат женско модно студио и фирма регистрирана пред тендерот


Малото модно студио „Ле бранд дизајн“ од Битола, кое последниве години има приходи од околу 20 илјади евра на годишно ниво и просечно два до три вработени, го добило делот за униформа во шара чија вредност може да достигне 2,13 милиони евра. Фирмата „Памитекс тим“, пак, формирана 20 дена пред да се распише тендерот и …

Полициските специјалци ќе ги облекуваат женско модно студио и фирма регистрирана пред тендерот Read More »

Црна Гора блиску до воведување седумчасовен работен ден


Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, соопшти дека по обемни анализи за тоа како да се најде модел што ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, решението во врска со воведувањето на седумчасовно работно време е блиску, објави денеска „Вијести“. Спајиќ најави дека на почетокот на следната недела, министерката за труд и социјална политика, Наида …

Црна Гора блиску до воведување седумчасовен работен ден Read More »

Анализи во ЕУ: Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа


Цените на храната неоправдано растат во Европската Унија, а особено на Балканот, и покрај бранот бојкоти на супермаркетите. Така, бугарското Министерство за земјоделство одлучи да основа ланец малопродажни продавници „Продавници за народот“, кои ќе имаат максимална маржа од 10 отсто и ќе продаваат претежно бугарски производи. Бугарската влада обезбеди околу пет милиони евра почетен капитал …

Анализи во ЕУ: Храната на Балканот и во цела Европа е неоправдано скапа Read More »

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик


Иако се толкува како победа на независните здруженија и иницијативи, наспроти големите политички партии, укинувањето на спорните два члена од Изборниот законик од страна на Уставниот суд остави правна празнина – за која не е јасно дали ќе биде пополнета. На тоа укажуваат механизмите за примена што ги има Уставниот суд и кои се сведуваат на …

Гласен молк од партиите по укинувањето на одредбите во Изборниот законик Read More »

Гаши се нуди за медијатор меѓу власта и опозицијата околу законот за Кочани


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во интервју за Телевизија 24 во врска со Законот за поддршка на семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани којшто го предлага СДСМ рече дека Владата и опозицијата треба да донесат заеднички закон. -Мислам дека треба да седнат заедно. Не се сомневам во намерите но подобро би било …

Гаши се нуди за медијатор меѓу власта и опозицијата околу законот за Кочани Read More »

Зеленски и се јавил на Сиљановска, подготвува самит со Југоисточна Европа


Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари краток телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој главна тема беше украинско-рускиот конфликт и можностите за постигнување траен и праведен мир. „Претседателот Зеленски ја информираше претседателката Сиљановска-Давкова за тековните дипломатски активности насочени кон склучување договор кој ќе обезбеди стабилност и мир во Украина“, соопштија од Кабинетот на …

Зеленски и се јавил на Сиљановска, подготвува самит со Југоисточна Европа Read More »