СДСМ: Нема ништо од гордоста на ВМРО-ДПМНЕ, се е бизнис за мала група луѓе


„Системска корупција ја јаде земјата. Се е бизнис интерес на мала група луѓе околу центрите на моќ на ВМРО-ДПМНЕ. На поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ полека им станува јасно. Нема ништо од гордоста, нема ништо од националните интереси, лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ бил само за лично богатење на поединци. Додека тие се удираат в гради, нивните шефови …

СДСМ: Нема ништо од гордоста на ВМРО-ДПМНЕ, се е бизнис за мала група луѓе Read More »

„Комунална хигиена“: Општина Чаир намерно расфрла отпад покрај контејнерите


Од сите скопски општини само Чаир ни должи седум милиони денари за собирање на ѓубрето, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми. Тој испрати соопштение до медиумите во кое го обвинува градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, дека не им плаќа за собирањето на ѓубрето низ општината. „Овој долг сериозно ја отежнува нашата секојдневна …

„Комунална хигиена“: Општина Чаир намерно расфрла отпад покрај контејнерите Read More »

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и за Филипче околу Онкологија


ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да ја испита улогата на Филипче за случајот Онкологија, втор случај во кој, по тој со Модуларната болница, каде не се бара негова одговорност.   „За краток период од недела дена македонската јавност е сведок како судско обвинителскиот систем, односно поединци во него, го покажаа својот поданички и клиентелистички однос …

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и за Филипче околу Онкологија Read More »

ЕК: Уцените на Трамп не може да се толерираат


Потпретседателката на Европската комисија, Тереза Рибера, остро реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека од 1 јуни ќе воведе 50-процентни царини врз производи од Европската унија. Таа порача дека Унијата нема да подлегне на притисоци и уцени. – Таквата уцена не може да се толерира – изјави Рибера за новинската агенција …

ЕК: Уцените на Трамп не може да се толерираат Read More »

Украина со апел до меѓународната заедница: Запрете ја Русија


Претседателот на Украина, Володимр Зеленски денеска изјави дека Русија синоќа нападнала повеќе од 30 градови и села со 300 дронови и 70 различни проектили, вклучително и балистички ракети. Цел на руските напади беа Киев и околината, како и регионите Житомир, Хмелницки, Тернопил, Чернихив, Суми, Одеса, Полтава, Дњепар, Миколаев, Харков и Черкаси. Во Киев погоден е …

Украина со апел до меѓународната заедница: Запрете ја Русија Read More »

ДУИ oбвинува дека во Царинската управа биле унапредени само Македонци


Демократската унија за интеграција најостро реагира на најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа, сите од македонска етничка припадност, без ниту еден Албанец. Според нив, ова не е изолиран случај, туку продолжубање на систематската политика на етничко исклучување, која директно го поткопува соживотот и меѓуетничката рамнотежа во државата. ДУИ потсетува дека институциите се должни …

ДУИ oбвинува дека во Царинската управа биле унапредени само Македонци Read More »

Сиљановска ја фали културната дипломатија, останала „без зборови“


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која синоќа присуствуваше на концертот на пијанистот Симон Трпчески во Рим во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, изјави дека никој нема да ја заборави таа вечер и дека тоа е уште една потврда за моќта на културната дипломатија. -Без зборови сум, прво амбиентот на ‘Хорти Салустијани’ е …

Сиљановска ја фали културната дипломатија, останала „без зборови“ Read More »

Граѓанските организации бараат објавување на договорот со Британија пред потпушувањето


Платформата на граѓански организации алармира дека договорот за заем меѓу Македонија и Обединетото Кралство е потпишан без јавноста навремено да ги добие сите информации и услови. Ова, велат, е повторување на случајот со унгарскиот заем и бараат јавноста да ги знае деталите пред, а не откако ќе се потпише договорот. „Еднакво како што се јавува …

Граѓанските организации бараат објавување на договорот со Британија пред потпушувањето Read More »

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција, најави соработка и со ДУИ и со ВЛЕН


На вонредното собрание на Алијансата за Албанците  од  крилото на Арбен Таравари беше разрешен шефот на собранието на партијата, Арбен Фетаи. Состанокот на собранието, како што рече Таравари, го иницирале 2/3 од членовите, а доаѓа неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и …

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција, најави соработка и со ДУИ и со ВЛЕН Read More »

Сиљановска не знае дали сме поблиску или подалеку од преговорите со ЕУ


Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за ЕУ е политиката на проширување да се спроведе, вели во интервјуто за Слободна Европа, претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според Давкова, министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер, разговорите за решавањето на овој спор, …

Сиљановска не знае дали сме поблиску или подалеку од преговорите со ЕУ Read More »

Доларот нагло падна, еврото расте


Нa девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути нагло падна откако „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на САД, со што приносите од американските државни обврзници се зголемија. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, падна за 1,9 проценти на 99,10 поени минатата недела. …

Доларот нагло падна, еврото расте Read More »

Скопје денес во сообраќајна блокада поради три настана


Во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај на неколку локации поради одржување ракометен напревар, хуманитарна и атлетска трка. Поради атлетска улична трка денеска 07:30 часот до 10:30 часот во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим во општина Аеродром. Атлетската улична трка е со стартно-целна позиција на бул. Јане Сандански при што натпреварувачите ќе …

Скопје денес во сообраќајна блокада поради три настана Read More »

Сведоштва од Газа: Децата им умираат пред очи, тие немаат како да ги спасат


На улиците на Газа оваа недела имаше два звука што никогаш не престануваа, дење или ноќе. На запад, медитеранските бранови се судрија на брегот расфрлан со ѓубре. На исток, гранатите, проектилите и ракетите експлодираа со тапи удари и повремени пукнатини што ги „пукаа“ ушите. Најмалку 100.000 луѓе дојдоа во градот Газа, некогашен жив комерцијален и …

Сведоштва од Газа: Децата им умираат пред очи, тие немаат како да ги спасат Read More »

Киев нападнат со дронови и ракети


Најмалку 13 лица се убиени, а десетици се повредени во руски напади со беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија регионалните власти и службите за итни случаи. Државната служба за вонредни состојби соопшти дека меѓу загинатите има три деца во Житомир и еден маж на возраст од околу 70 години во јужниот град Николаев. Нападите …

Киев нападнат со дронови и ракети Read More »

Муцунски на одбележување на Дејтонскиот мировен договор во САД


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од денеска ќе престојува во Дејтон, Охајо, во САД, по повод одбележувањето на 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО. Како што информираа од МНРНТ, посетата е на покана на конгресменот и шеф на делегацијата на …

Муцунски на одбележување на Дејтонскиот мировен договор во САД Read More »

Концерт на воените оркестри од армиите на Македонија и Вермонт, САД


Во пресрет на вежбата „Immediate Response 25” воените оркестри од армиите на Република Северна Македонија и Вермонт, САД, денеска напладне ќе одржат едночасовен концерт во Паркот на Франкофонија во Скопје. Од канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата соопштија дека како дел од армиската соработка на двете сојузнички армии, пред почетокот на поголемите …

Концерт на воените оркестри од армиите на Македонија и Вермонт, САД Read More »

Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“


Со организирање на денешната хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус, оваа година ќе го одбележат „Денот на Европа“. -На 25 мај, истовремено во седум града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му …

Одбележување на „Денот на Европа“ со хуманитарна трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“ Read More »

Владините функционери се фрлија на шетање, перверзно трошат позајмени пари


  Владините функционери се фрлија на шетање, секоја недела има по неколку делегации во странство. Оваа недела Стојанче Ангелов се јави од Јапонија, каде што имал посета на верски храм и се сликаше со будистички монах, иако е одговорен за справување со кризи во државата. Во Лондон беа вицепремиерот Александар Николоски и министерката за образование …

Владините функционери се фрлија на шетање, перверзно трошат позајмени пари Read More »

ЕУ се обидува да ги седне на иста маса Македонија и Бугарија, Мицкоски го шири спорот


Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, оцени денес дека има простор да се надминат пречките и да се одблокира евроинтегративниот процес на Македонија. По  денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски во Владата таа додаде дека не би навлегувала во детали сѐ додека нема придвижување. „Јасно е дека сакаме Северна …

ЕУ се обидува да ги седне на иста маса Македонија и Бугарија, Мицкоски го шири спорот Read More »

Полициските специјалци ќе ги облекуваат женско модно студио и фирма регистрирана пред тендерот


Малото модно студио „Ле бранд дизајн“ од Битола, кое последниве години има приходи од околу 20 илјади евра на годишно ниво и просечно два до три вработени, го добило делот за униформа во шара чија вредност може да достигне 2,13 милиони евра. Фирмата „Памитекс тим“, пак, формирана 20 дена пред да се распише тендерот и …

Полициските специјалци ќе ги облекуваат женско модно студио и фирма регистрирана пред тендерот Read More »