„Систина“ ќе го тужи Сашко Кедев ако не каже во која приватна болница се врши непотребно стентирање
Приватната болница „Систина“ реагира откако професор доктор Сашко Кедев во емисија викендов кажа дека во приватни болници се вршат операции, отворање на граден кош и стентирање без потреба мотивирано од профит. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е здравствена установа со висока репутација во земјата и регионот, изградена во текот на изминатите 25 години. Болницата е дел од втората …