Пет починати и 88 нови случаи на Ковид-19


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, Македонски Брод-1, Виница-1 и Кичево-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-16, Тетово-10, …

Пет починати и 88 нови случаи на Ковид-19 Read More »

Во Унгарија намален карантинот од 14 на 10 дена


Задолжителниот карантин за патниците кои влегуваат во Унгарија е намален од 14 на 10 дена, изјаvи членот на Кризниот штаб за борба против Ковид-19, Роберт Киш. Тој додаде дека и покрај карантинот, странските државјани мора да покажат и дозвола за влез во земјата. Во изминатите 24 часа издаден е налог за изолација за 2.062 лица, …

Во Унгарија намален карантинот од 14 на 10 дена Read More »

Диме Велковски нов пратеник на местото на Манчевски


Диме Велковски е новиот пратеник од листата на пратеници на СДСМ и коалицијата „Можеме“, откако Дамјан Манчевски денеска си поднесе оставка од пратеничката функција. За верификација на мандатот на Велковски гласаа 82 пратеници, ниту еден не беше против или воздржан.

И Драган Тевдовски замина од Македонија, ќе работи во ММФ во Вашингтон


Екс министерот за финансии Драган Тевдовски, чии идеи за прогресивен данок не и се допаднаа на бизнис заедницата, си заминал деновиве од Македонија. Тој отпатувал во Вашингтон каде што ќе работи во Меѓународниот монетарен фонд. Тој е еден од низата македонски високообразовани кадри кои завршија во двете најмоќни банки во светот изминатите години.

По повеќе децении реновирана градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе1


По повеќе децении, објектот на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 доби нов лик. По неколкумесечна интензивна работа направена е реконструкција на сите тоалети, со што се подобрија хигиенско – санитарните услови во оваа предучилишна устаnова. Заменети се прозорците и вратите за да се подигне и енергетската ефикасност на градинката, но и да се намалат …

По повеќе децении реновирана градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе1 Read More »

Новинари, политичари и други прислушувани сведочат во „Таргет-Тврдина“


Новинари, политичари и други кои биле прислушувани во периодот од 2008 до 2014 година сведочат на денешното рочиште на случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“. На денешното рочиште се повикани 20 сведоци, меѓу кои Горан Сугаревски, Фросина Ременски, Саша Богдановиќ, Сашо Ордановски, Борјан Јовановски, Горан Михајловски, Оливера Трајковска, Душица Мрѓа, Саше Димевски, Младен Чадиковски, …

Новинари, политичари и други прислушувани сведочат во „Таргет-Тврдина“ Read More »

СДСМ: Вело Марковски не е освежување, туку деструктивен кадар


СДСМ ги оцени како „таканаречени“ промените во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ порачувајќи дека тие се уште еден очаен обид на Христијан Мицкоски да ја спаси својата фотелја во белиот дворец. Според нив, едно од тие освежувања, Вело Марковски, ќе остане запаметен по непостојаните ставови во однос на коронавирусот и тоа што често пати јавно ги …

СДСМ: Вело Марковски не е освежување, туку деструктивен кадар Read More »

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда и реваншизам


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утревечер најави нов протест во Скопје преку кој, како што наведе во објава на Фејсбук, ги повикува граѓаните да протестираат против неправда, реваншизам и насилство на мафијата на Заев. -Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта? Поминаа 4 години, оваа …

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда и реваншизам Read More »

Гоце Делчев имал најниска оценка за бугарски јазик


Меѓу многуте документи со кои располагаат и македонските и бугарските историчари за ликот и делото на промоторот на македонската револуционерна организација Ѓорги Гоце Делчев, сигурно се и сведителствата за завршените класови во Военото училиште во Софија. Интересно е сведителството на Гоце со број 2722. Покрај забелешките за исклучувањето поради „лошото поведение“ на младиот јункер, можат …

Гоце Делчев имал најниска оценка за бугарски јазик Read More »

Членови на ВМРО-ДПМНЕ сведочеа дека некој во нивно име уплатувал донации за партијата


Кичевецот Наќо Николов, вработен во Р.Е.К. “Осломеј”, член на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година денеска пред судскиот совет во случајот „Титаник” изјави дека никогаш во банка не уплаќал пари за партијата. – Секогаш сум донирал сретства за партијата. Парите сум ги донирал на лице кое работи во Општинскиот комитет во Кичево. Додека не бев повикан во …

Членови на ВМРО-ДПМНЕ сведочеа дека некој во нивно име уплатувал донации за партијата Read More »

Јавниот повик за субвенционирање инвертери до вечерва на полноќ


Градот Скопје ги информира граѓаните дека јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата се прекинува вечер, на полноќ. Во текот на наредните денови Градот Скопје ќе ги обработува пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот …

Јавниот повик за субвенционирање инвертери до вечерва на полноќ Read More »

До 2024 година половина од енергијата во Македонија ќе биде обновлива


Во наредните четири години со уште позасилено темпо ќе продолжи трансформацијата на енергетскиот сектор со цел да го спроведеме амбициозниот план до 2024 година над 50 отсто од вкупната инсталирана електрична моќност во нашата држава да биде од обновливи извори на енергија со што ќе ја зацврстиме нашата енергетска независност и стабилност со нови производни …

До 2024 година половина од енергијата во Македонија ќе биде обновлива Read More »

Ќе се олеснуваат условите за водење бизнис и отворање фирми


Министерствата за економија и за финансии во наредниот период ќе работат на олеснување на условите за водење бизнис, поттикнување на странските инвестиции и на намалување на лимитот за основање на фирма, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Поттикнување на домашни и странски инвестиции и олеснување на процедурите за нивна реализација е наш приоритет. Во …

Ќе се олеснуваат условите за водење бизнис и отворање фирми Read More »

Ебле: Народната банка презеде навремени мерки за „Еуростандард банка“


  НБРСМ е независна институција којашто има законски мандат да придонесува кон одржување на финансиската стабилност и да ги штити интересите на депонентите. Согласно со најдобрите меѓународни практики, обврските и овластувањата на НБРСМ вклучуваат одземање на дозволата на банка кога таа повеќе не ги исполнува условите за да ја задржи дозволата – што вклучува и непостапување …

Ебле: Народната банка презеде навремени мерки за „Еуростандард банка“ Read More »

Фудбалски судија во Италија до смрт избоден со нож


 Фудбалскиот судија Даниеле Де Сантис, кој ја делеше правдата на натпреварите од италијанската Серија Б и Серија Ц, е пронајден мртов во неговиот дом во Лече, пренесува „Ла Република“. Eден 33-годишен маж бил избоден до смрт. Заедно со него е убиена и неговата девојка, 30-годишната Елеонора Манта. Соседите пријавиле дека слушнале вресоци, а потоа и …

Фудбалски судија во Италија до смрт избоден со нож Read More »

Од урнатините на зградата во Индија досега извлечени 20 мртви тела


Уште тела се извлечени од под урнатините на зградата во близина на главниот индиски финансиски центар Мумбаи, со што вкупниот број на загинати денеска се зголеми на 20, соопшти локалната полиција, пренесе ДПА. Трикатната станбена зграда во густо населената населба Биванди се урна вчераутро, додека повеќето станари се уште спиеле. Проценките се, наведува ДПА,  дека …

Од урнатините на зградата во Индија досега извлечени 20 мртви тела Read More »

Средба Димитров – Рот во Брисел


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, утрово во Брисел се сретна со германскииот министер за Европа, Мајкл Рот, чија земја претседава со ЕУ до крајот на годината. Димитров го информирал Рот за приоритетите на македонската Влада во областа на евроинтеграциите и потенцирал дека „пристапниот процес е најдобрата алатка европските стандарди и принципи да ги воведеме …

Средба Димитров – Рот во Брисел Read More »

За Гренел тврдењата на Курти се „луд критицизам“


Американскиот амбасадор и специјален претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, синоќа како бесмислени ги оцени тврдењата на лидерот на Самоопределување, Албин Курти, за тоа дека договорот од Вашингтон е на штета на Косово, посебно во делот за езерото Газивода. Тврдењата на косовскиот опозиционер  Гренел ги оцени како „луд критицизам“, пренесува порталот Репортери. …

За Гренел тврдењата на Курти се „луд критицизам“ Read More »

Мицкоски барал вонреден конгрес, Централниот комитет одбил


На вечерашниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Христијан Мицкоски им предложил на членовите свикување на вонреден конгрес, но ваквиот предлог бил одбиен. Мицкоски пред членовите на ЦК се осврнал на целокупното раководење со партијата од сите аспекти и била отворена дискусија.Притоа, тој предложил вонреден конгрес поради барањата на поранешни членови и функционери за промена …

Мицкоски барал вонреден конгрес, Централниот комитет одбил Read More »

Карантинот се врати во Мадрид, полицајци ги чуваат излезите на населбите


Во Мадрид стапи во сила ограничување на движењето за 855.000 жители на 37 квартови и предградија каде живеат најголем број од заразените од коронавирус. Повеќе од 200 полицајци се наоѓаат на излезите на тие населби, патиштата и подземните железници, пропуштајќи ги само оние кои одат на работи, на училиште, од здравствените установи, судовите или оние …

Карантинот се врати во Мадрид, полицајци ги чуваат излезите на населбите Read More »