Европскиот суд за правда пресуди против Унгарија


Европскиот суд на правдата (ЕЦЈ) пресуди дека унгарските законски измени што принудија преселување на Универзитетот на Централна Европа на Џорџ Сорос надвор од земјата, ги кршат законите на ЕУ. – Условите што ги воведе Унгарија за да им се овозможи на странски високообразовни институции да ги извршуваат своите активности на нејзина територија не се во согласност со законодавството на ЕУ, …

Европскиот суд за правда пресуди против Унгарија Read More »

Белата куќа ги блокираше насоките на ФДА за масовна употреба на вакцина


Белата куќа ги блокираше новите упатства од Управата за храна и лекови за пласирање на пазарот на потенцијални вакцини против Ковид-19, кои речиси сигурно би спречиле нивна употреба пред претседателските избори. Според новите насоки на американската Управа за храна и лекови (ФДА), клиничките испитувања на компаниите кои работат на развој на вакцини против Ковид-19 треба …

Белата куќа ги блокираше насоките на ФДА за масовна употреба на вакцина Read More »

Малцинствата во Албанија незадоволни од новиот Изборен законик


Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски,  на денешната пленарна седница, во име на малцинствата изнесе, како што рече, незадоволство и разочарување од фактот што власта не го слушна нивниот глас при донесувањето на новиот Изборен законик, во кој бараа загарантирана застапеност во законодавниот дом. -Го пренесувам, огромното разочарување …

Малцинствата во Албанија незадоволни од новиот Изборен законик Read More »

Напредокот на работата на Комитетот за историски и образовни прашања со Грција претставен пред Заев


Премиерот Зоран Заев денеска ги прими членовите на македонскиот дел на Интердисциплинарниот комитет за историски, археолошки и образовни прашања формиран од нашата земја и од Република Грција согласно со Договорот од Преспа. Каско што соопшти владината прес-служба, членовите на Интердисциплинарниот комитет, со кој претседава амбасадорот Виктор Габер, и во кој членуваат д-р Ана Чупеска, професор …

Напредокот на работата на Комитетот за историски и образовни прашања со Грција претставен пред Заев Read More »

Во пудрата на „Џонсон и Џонсон“ имало азбест


 Компанијата „Џонсон и Џонсон“ ќе плати обештетување во висина од 100 милиони долари по тужби на незадоволни потрошувачи  дека бебешката пудра на таа компанија наводно предизвикувала рак, јави денеска Блумберг.  Агенцијата се повикува на извори запознати со договорите за обештетување.  Компанијата е соочена со 19.000 тужби од потрошувачи и роднини на преживеани со тврдење дека нејзините …

Во пудрата на „Џонсон и Џонсон“ имало азбест Read More »

Ана Брнабиќ ќе биде мандатар и на новата српска влада


  Премиерката Ана Брнабиќ ќе биде мандатар за состав на новата Влада на Србија, пренесоа неколку српски медиуми. Вечерва  претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе го објави името на мандатарот за состав на новата Влада на Србија. На денешната седница на Претседателството на СНС едногласно бил поддржан предлогот на Вучиќ, Ана Брнабиќ да биде мандатарот.

Градоначалникот на Бутел позитивен на корона вирусот


Градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски, објави дека е позитивен на Ковид-19. Почувствувал мали симптоми, по што решил да направи тест. „И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање за ковид-19 и истиот е позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите …

Градоначалникот на Бутел позитивен на корона вирусот Read More »

Стразбур ја објави листата на функционери што се повикуваат на аболицијата на Иванов


Судот во Стразбур ја објави листата на поранешни функционери кои се повикуваат на аболицијата на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Десет екс функционери ја тужат државата пред судот во Стразбур. Во првата група се Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Киро Тодоровски. Во втората група апликции се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Тони …

Стразбур ја објави листата на функционери што се повикуваат на аболицијата на Иванов Read More »

Во анкетниот лист на Заев нема вила во Халкидики


За три години неколку промени во имотниот лист на премиерот Зоран Заев објавен денеска на веб сајтот на ДКСК. За разлика од првиот мандат, Заев сега пријавил возило, но не станува збор за негов личен автомобил или мотор туку за возило Мини купер на неговите деца, кој е пријавен на вредност од 870 илјади денари …

Во анкетниот лист на Заев нема вила во Халкидики Read More »

Поради пандемијата нема да се одржи традиционалната воена парада во Грција


Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, поради пандемијата, оваа година нема да се одржи традиционалната воена парада во Солун на 28 октомври, кога се одбележува денот „Охи“ (Не), односно негативниот одговор на Грција на ултиматумот од Италија во 1940 година, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот …

Поради пандемијата нема да се одржи традиционалната воена парада во Грција Read More »

Законот за спречување и заштита од дискриминација влезе во собраниска процедура


Собраниската Комисија за европски прашања денеска во прво читање го разгледа и даде поддршка за Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, со кој треба да се обезбеди принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи, а во Собранието влезе со европско знаменце. Со законот се забранува …

Законот за спречување и заштита од дискриминација влезе во собраниска процедура Read More »

Николовски на состанок со инспекциските служби


Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска и директорите на инспекциските служби денеска одржаа состанок во врска со спроведените инспекциски контроли во текот на изминатиот викенд, како и предлозите за зголемување …

Николовски на состанок со инспекциските служби Read More »

Заев најави можност за затворање на угостителски објекти


Премиерот Зоран Заев побара разбирање за новите мерки за заштита од вирусот и повика како што се почитуваат барањата на уметниците и на различни економски сектори, да се почитува и мислењето и предлозите на Комисијата за заразни болести зашто се во интерес на заштита на здравјето на сите граѓани. – Свесни сме дека е важен …

Заев најави можност за затворање на угостителски објекти Read More »

Пронајден мртов познат норвешки антиисламски десничар


Во својот дом во норвешкиот град Кристијансанд е пронајден мртов Дан-Аивинд Лид (48), член на антиисламската крајно десничарска група СИОН, јави норвешката телевизија НРК. Претставникот на полицијата во Кристијансанд, Хенрик Буган Хегдал, соопшти дека Лид на телото имал повреди и дека полицијата почнала истрага за сомнение за убиство. Еивинд Лид во август годинава учествуваше во …

Пронајден мртов познат норвешки антиисламски десничар Read More »

Отворено писмо на бугарски интелектуалци против меморандумот на Софија за Македонија


Триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности со заедничко писмо до јавноста се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите членки на Европската унија во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ. Во писмото „Европа не нè разбира”, што го пренесува „mediapool.bg”, тие инсистираат …

Отворено писмо на бугарски интелектуалци против меморандумот на Софија за Македонија Read More »

Трамп лут на шефот на кабинет на Белата куќа поради изјава за неговата здравствена состојба


Американскиот претседател, Доналд Трамп, му бил многу лут на шефот на кабинет на Белата куќа, Марк Медоуз, затоа што ги демантирал тврдењата на медицинскиот тим на Белата куќа за неговата здравствена состојба. Си-Ен-Ен дозна дека Медоус од два извора е опишан како „доверливиот анонимен извор во Белата куќа“, кој, во неформален разговор со новинарите, изразил …

Трамп лут на шефот на кабинет на Белата куќа поради изјава за неговата здравствена состојба Read More »

Бугарија на тапет во ЕП


Eвропскиот парламент, според Дојче Веле,  денеска ќе расправа за „значителното влошување на владеењето на правото, демократијата и основните права, вклучително за независноста на судството, поделбата на власта, борбата против корупцијата и слободата на медиумите“ во Бугарија. Резолуцијата за ова прашање ќе се гласа во четврток, на 8-ми октомври, откако минатата недела беше одобрена од Комитетот …

Бугарија на тапет во ЕП Read More »

Угостителска комора: Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите


Независната угостителска комора реагираше на најновите мерки за оваа дејност порачувајќи дека многу  побезболно, подобро и поквалитетно решение  ќе беше Владата, наместо да удоволи на Комисијата за заразни болести, да излезе во пресрет на барањата на директорот Стојко Пауновски да се зголемат ингеренциите.   -Што правиме ако бројките на заболени и понатаму растат? Која ќе …

Угостителска комора: Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите Read More »

Границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија да се поминуваат без ПЦР-тест


Комисијата за заразни болести утрово донесе предлог-одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, без ПЦР-тестирање, информира Министерството за здравство. Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на внесени случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Предлог-одлуката …

Границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија да се поминуваат без ПЦР-тест Read More »

Случајот со Трамп покажува дека политичарите мора да бидат сериозни со пандемијата


Политичарите мора посериозно да ја сфатат пандемијата на Ковид-19 и да престанат да ги намалуваат нејзините здравствени ризици, порача германскиот министер за економија, Питер Алтмајер, откако американскиот претседател, Доналд Трамп,пред неколку дена се зарази со коронавирусот. Британските медиуми потсетуваат дека американскиот претседател поголемиот дел од годината го мина во минимизирање на ризиците од пандемијата на …

Случајот со Трамп покажува дека политичарите мора да бидат сериозни со пандемијата Read More »