Стразбур ја објави листата на функционери што се повикуваат на аболицијата на Иванов


Судот во Стразбур ја објави листата на поранешни функционери кои се повикуваат на аболицијата на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Десет екс функционери ја тужат државата пред судот во Стразбур. Во првата група се Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Киро Тодоровски. Во втората група апликции се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Тони Трајковски, Едмонд Темелко, Владимир Талески, Тони Јакимовски.

Државата треба да даде одговор дали општата аболиција која Иванов ја даде во 2016-та година е законска и дали нејзиното повлекување е правно издржано.

Прашањата гласат:  „Дали одлуките за помилување на Претседателот на државата од 12 април 2016 година беа неотповикливи“ и „Дали Актот за помилување беше од индивидуализиран карактер?“

Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера на фејсбук објасни дека овие постапки пред ЕСЧП се во почетна фаза и не е донесена одлука, како што објавија одредени медиуми. Државата има можност да одговори со спогодување со тужителите-екс функционери или да ги објасни сите поставени прашања од Европскиот суд и да се очекува судење таму.