Градоначалникот на Бутел позитивен на корона вирусот


Градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски, објави дека е позитивен на Ковид-19. Почувствувал мали симптоми, по што решил да направи тест.

„И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање за ковид-19 и истиот е позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате“,објави Смилевски.

Тој се извинува ако несвесно последниве денови довел некого во незавидна позиција.