Zaev dhe Ahmeti sot do të bisedojnë për ,,fshesën” e paralajmëruar


Kryeministri Zoran Zaev dhe kreu i BDI-së Ali Ahemti sot pasdite në orën 16:00 në Qeveri do të takohen për të biseduar për ndryshimet e paralajmëruara në Qeveri. Ministrat e BDI-së tërë kohën porosisin se për angazhimin e tyre ata japin llogari para partisë së tyre dhe liderit Ali Ahmeti. Ahmeti nga ana tjetër dje …

Zaev dhe Ahmeti sot do të bisedojnë për ,,fshesën” e paralajmëruar Read More »

Србија воведува казна доживотен затвор за најтешки кривични дела


Српскиот Парламент денеска усвои измени и дополнувања на Кривичниот законик, со кои се укинува затворска казна од 30 до 40 години и се воведува казна доживотен затвор за најтешки кривични дела. Доживотен затвор е предвиден за тешко убиство, силување, обљуба на малолетно лице, бремена жена и немоќно лице, што е во согласност со предлог од …

Србија воведува казна доживотен затвор за најтешки кривични дела Read More »

Заев и Ахмети денеска ќе разговараат за најавените промени во извршната власт


Премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети попладне во 16 часот во Владата ќе имаат средба на која ќе разговараат за најавените промени во Владата. Заев денеска најави дека како коалициски партнери ќе разговараат за кадровски промени во извршната власт. – Иако симболиката дојде од зборот „метла“, сепак, се работи за луѓе професионалци. …

Заев и Ахмети денеска ќе разговараат за најавените промени во извршната власт Read More »

Уште едно дете почина на американско-мексиканската граница


Едно 16-годишно момче почина на пункт за гранична патрола во Тексас, со што стана петто дете од Гватемала кое од декември до сега го загуби животот откако е приведено од американските погранични агенти. Царината и граничното обезбедување на САД соопштија дека тинејџерот бил приведен на 13 мај, откако ја преминал границата, и вчера бил пронајден …

Уште едно дете почина на американско-мексиканската граница Read More »

Бензема ја доби наградата за најдобриот француски фудбалер во странство


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, објави фотографија со наградата за најдобар француски фудбалер надвор од земјата. Бензема не можеше во неделата да присуствува на церемонијата во Париз, каде што им беа додели наградите на најдобрите играчи, тренери и судии оваа сезона. За наградата конкурираа и Пол Погба, Хуго Ллорис, Н’Голо Канте и Антоан Гризман. 

НАТО мора да се фокусира на обезбедување на сопствената територија


НАТО мора да се фокусира на обезбедување на сопствената територија, а не само за странските мисии, изјави германската канцеларка Ангела Меркел за време на посетата на тенковската бригада на Бундесверот во северна Германија. Тоа беше прва посета на канцеларката за седум години на најголемата германска база во Минстер, каде што се сместени повеќе од 5.000 …

НАТО мора да се фокусира на обезбедување на сопствената територија Read More »

„Титаник“ продолжи со изведување докази


Со изведување на материјални докази  денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се изведени 2.750 од околу 5.900 предложени материјални докази од СЈО. Застапникот на обвинението Лиле Стефановска, на почетокот посочи дека се продолжува со изведување на докази за злоупотреба на средства …

„Титаник“ продолжи со изведување докази Read More »

Бр. 415


Здравко Савески – Дотепување на шарената (г)револуција Ванеса Меј со концерт на 12 јули на Антички театар Поевтинувањето на роамингот да го плати државата Заев: Тоа е приватна работа на Богоевски Може ли да ни се појави нов Нинџа? Новите телефони на “Хуавеј” нема да имаат Џимеил и Гугл плејстор

Меркел до гласачите: Избегнувајте ја десницата, тие се на продажба


Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика гласачите да ја избегнуваат крајната десница на изборите за Европскиот парламент, откако заменик-канцеларот на Австрија, Хајнц Кристијан Штрахе, поднесе оставка поради снимка на која нуди предност во тендери во замена за предизборни донации. -Тие политичари се на продажба, тие сакаат да ја уништат Европа, нашите вредности, мораме решително да …

Меркел до гласачите: Избегнувајте ја десницата, тие се на продажба Read More »

Шпанците го прекинаа договорот со „Адидас“


Шпанската фудбалска федерација и германскиот гигант за производство на спортска опрема „Адидас“ го прекинаа договорот кој требаше да трае до 2026 година. Шпанците од 1992 година беа лојални на германскиот бренд, но сега е дојдено време за разделба, откако од шпанската федерација одлучија да ја прекинат соработката. Како причина за ваквиот исход ја наведуваат таа …

Шпанците го прекинаа договорот со „Адидас“ Read More »

Конте се поблиску до Интер


Антонио Конте е со поблиску до тоа да биде новиот тренер на Интер од Милано. Медиумите во Италија пренесуваат дека поранешниот селектор на Италија практично постигнал договор со челниците на неро-азурите. На поранешниот тренер на Челзи му е понуден четиригодишен договор со по осум милиони евра по сезона, а истиот ќе му истече во јуни …

Конте се поблиску до Интер Read More »

Симеоне: Благодарен сум му на Гризман за се


Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне изјави дека е благодарен на напаѓачот Антоан Гризман за се што направил за „јорганџиите“. „Првин, благодарен сум му на Гризман за петте фантастични години поминати во клубот. Можам само да му кажам благодарам за се што направил. Многу го сакам како човек и имам одличен однос со неговото семејство“, …

Симеоне: Благодарен сум му на Гризман за се Read More »

Драма во Париз: Маж со часови виси од Ајфеловата кула


Ајфеловата кула денеска попладне беше евакуирана и затворена за посетителите откако еден непознат човек почнал да се искачува по оваа париска знаменитост. Француски медиуми информираат дека човекот е со часови горе на кулата. На снимките кои се појави на социјалните мрежи, може да се види човек како виси помеѓу третиот и највисокиот дел од кулата. Спасувачот во …

Драма во Париз: Маж со часови виси од Ајфеловата кула Read More »

Подметнат пожар во џамија во САД, се нуди награда за информации


Американските власти во Конектикат нудат награда од 5.000 долари за информации, кои ќе доведат до апсење и процесуирање на лицето, кое ја запалило џамија во Њу Хевн. Бостонскиот огранок на Федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви денеска соопшти дека нуди награда за помош во расветлувањето на случајот со подметнување пожар. Огнот на …

Подметнат пожар во џамија во САД, се нуди награда за информации Read More »

Наполи одби 110 милиони евра за Кулибали


Кулибали не е на продажба, е одговорот на Наполи во врска со понудата на Манчестер јунајтед вредна 110 милиони евра. Претседателот на италијанскиот клуб Аурелио дел Лаурентис и годинава ја одби понудата на „црвените ѓаволи“, оценувајќи ја како мала, иако годинава англискиот клуб понудил 10 милиони повеќе споредено со минатата година кога понуди само 100 …

Наполи одби 110 милиони евра за Кулибали Read More »

Кејн подготвен за финалето на ЛШ


Хари Кејн ќе биде подготвен за финалето на Лигата на шампиони против Ливерпул. Според лондонскиот „Ивнинг стандард“, се очекува капитенот на Тотенхем целосно да се опорави од повредата на зглобот. Кејн се повреди во април годинава на првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шамиони против екипата на Манчестер сити. Иако челниците на лондонскиот клуб …

Кејн подготвен за финалето на ЛШ Read More »

Рама не се откажува од датумот на избори: На 31 мај почнува изборната кампања


Албанскиот премиер Еди Рама не се повлекува пред барањето на опозицијата за одложување на локалните избори закажани за 30 јуни. Тој денеска најави дека неговата Социјалистичка партија(ПС),која ја предводи коалицијата „Алијанса за европска Албанија“,во која се 24 партии, на 31 мај ја почнува изборната кампања за избор на градоначалници и членови на Советите во 61 …

Рама не се откажува од датумот на избори: На 31 мај почнува изборната кампања Read More »

Заев: Ќе има промени во Владата, директорските места, локалната средина и во партијата


По завршување на Виенскиот економски форум премиерот Зоран Заев  по средбите, во изјава за медиумите најави дека во првата половина на јуни има намера да излезе со конкретните решенија за промени. – Во Владата, во владините институции, значи директорски места, Управни одбори, надзорни одбори, во локалната средина, значи едно трето ниво подоле, а секако ќе …

Заев: Ќе има промени во Владата, директорските места, локалната средина и во партијата Read More »

(ВИДЕО) Заев од Виена: Oптимисти сме за датумот за преговори


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, по завршување на Виенскиот економски форум денеска оствари серија средби со претставници на неколку реномирани компании од Република Австрија, коишто имаат свои претставништва во Северна Македонија, како што се ЕВН и А1 Телеком Груп. На средбите, како што информираат од владината прес-служба, биле посочени досегашните придобивки …

(ВИДЕО) Заев од Виена: Oптимисти сме за датумот за преговори Read More »

Министерот за одбрана на Украина поднесе оставка


Украинскиот министер за одбрана Степан Полторак поднесе оставка.До тоа дојде откако при инагуративниот говор, новиот претседател Владимир Зеленски побара од пратениците да  ги сменат министерот за одбрана, шефот на украинската служба за безбедност и јавниот обвинител, кои се поддржувачи на поранешниот претседател Петро Порошенко. „Ми беше чест“, напиша Полторак на Твитер. Володимир Зеленски (41), откако денеска во …

Министерот за одбрана на Украина поднесе оставка Read More »