Драма во Париз: Маж со часови виси од Ајфеловата кула


Ајфеловата кула денеска попладне беше евакуирана и затворена за посетителите откако еден непознат човек почнал да се искачува по оваа париска знаменитост. Француски медиуми информираат дека човекот е со часови горе на кулата.

На снимките кои се појави на социјалните мрежи, може да се види човек како виси помеѓу третиот и највисокиот дел од кулата. Спасувачот во црвено е над него. Не е познато како успеал да го помине обезбедувањето.

Портпаролката на париската полиција изјави дека тим на пожарникари бил на местото на настанот и бил во контакт со човекот. Засега не е познато што сака да постигне со овој чин.

Кулата е највисоката градба во Париз. Таа е висока 324 метри, приближно како зграда од 81 кат.