Кејн подготвен за финалето на ЛШ


Хари Кејн ќе биде подготвен за финалето на Лигата на шампиони против Ливерпул.

Според лондонскиот „Ивнинг стандард“, се очекува капитенот на Тотенхем целосно да се опорави од повредата на зглобот.

Кејн се повреди во април годинава на првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шамиони против екипата на Манчестер сити.

Иако челниците на лондонскиот клуб првично стравуваа дека нивниот најдобар фудбалер пред време ќе ја заврши сезоната, сепак Кејн закрепна побрзо отколку што очекувале и ќе биде дел од финалето против Ливерпул кое на 1 јуни ќе се игра во Мадрид.