Наполи одби 110 милиони евра за Кулибали


Кулибали не е на продажба, е одговорот на Наполи во врска со понудата на Манчестер јунајтед вредна 110 милиони евра.

Претседателот на италијанскиот клуб Аурелио дел Лаурентис и годинава ја одби понудата на „црвените ѓаволи“, оценувајќи ја како мала, иако годинава англискиот клуб понудил 10 милиони повеќе споредено со минатата година кога понуди само 100 милиони.

„Газета дело спорт“ верува дека и Оле Гунар Солскјер како и неговиот претходник Жозе Мурињо, го гледаат Кулибали како централен дел на проектот за одбрана.

Сенегалецот е избран за најдобар бек на годината во Серија А во сезоната 2018/19, а неговата клаузула чини 150 милиони евра.