Се урна руски авион Су-30, екипажот загина


Авион двосед Су-30 се урна во Калининградската област, а прелиминарната причина за падот е технички дефект, соопшти прес-службата на Западниот воен округ. „На 12 август годинава, за време на тренинг лет во Калининградската област, авионот Су-30 се урна во напуштена област. Летот беше извршен без муниција. Екипажот на леталото загина“, соопшти руското министерство. Како што …

Се урна руски авион Су-30, екипажот загина Read More »

Нов напад на Кримскиот мост, сообраќајот во прекин


Снимки од нови експлозии се појавија на социјалните мрежи на Крим, каде што е мостот што го поврзува полуостровот со Русија, кој Украинците веќе го нападнаа. Проруските власти го запреа сообраќајот преку мостот на Крим. Се огласија сирените за тревога. Прво беше објавено дека се соборени два украински беспилотни летала, а руското Министерство за одбрана …

Нов напад на Кримскиот мост, сообраќајот во прекин Read More »

Ниту обезбедување, ниту надзор: Многу пропусти кај фирми за одгледување канабис за медицински цели


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со претставници од Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели и во содејство со …

Ниту обезбедување, ниту надзор: Многу пропусти кај фирми за одгледување канабис за медицински цели Read More »

Харадинај до Албанците во Северна Македонија: Не му верувајте на Курти


Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, им порача на Албанците во Северна Македонија дека не треба да му веруваат на „измамникот Албин Курти“, пренесува Косово онлајн. Вака Харадинај реагираше на обраќањето на Курти при вчерашната посета на Тетово, каде рече дека патот Призрен-Тетово, како регионален проект, е многу важен и дека придонесува …

Харадинај до Албанците во Северна Македонија: Не му верувајте на Курти Read More »

Хоџа вели новата партија ќе делува конструктивно, прв чекор се уставните измени


Убедени сме дека од овој политички моментум ова ќе биде една авангарда, односно ќе биде најпозитивната политичка сила која што ќе придонесе во иднината на државата и долгорочноста на процесите што не очекуваат пред нас, а особено за интегрирање на земјата во ЕУ, порача неодамнешниот заменик-претседател на Беса, Арјанит Хоџа пред почетокот на основачкото собрание …

Хоџа вели новата партија ќе делува конструктивно, прв чекор се уставните измени Read More »

Дембеле во ПСЖ до 2027


Францускиот напаѓач Усман Дембеле потпиша петгодишен договор со ПСЖ, објави денеска францускиот првак. Дембеле (26), кој со Франција ја освои светската титула во 2018 година, го носеше дресот на Барселона од 2017, а во 2022 година го продолжи договорот со каталонскиот клуб за уште две години. Меѓутоа, ПСЖ ја искористи клаузулата во договорот и плати …

Дембеле во ПСЖ до 2027 Read More »

Бројот на жртвите во катастрофалните пожари на Хаваи се искачи на 80 лица


Властите на американскиот архипелаг Хаваи отворија истрага за одговорот на локалните власти на разорните шумски пожари на островот Мауи, во кои загинаа најмалку 80 лица, покажуваат мајновите податоци. Во претходниот биланс се зборуваше за 67 жртви. „Бројот на загинати се зголеми на 80“, соопштија локалните власти, додавајќи дека повеќе од 1.400 луѓе се евакуирани. Пожарот …

Бројот на жртвите во катастрофалните пожари на Хаваи се искачи на 80 лица Read More »

Ковачевски: Сега е време за храбри одлуки за европската иднина на младите


Младите се носители на прогресот во секое општество, предводници во реализација на нови, свежи и храбри идеи за чие остварување треба да сме им поддршка. Затоа како Влада се фокусираме на креирање конкретни мерки кои ќе ги зголемат можностите за вработување на младите. Ги охрабрувам младите – бидете гласни, нека се слуша вашиот глас, заслужувате …

Ковачевски: Сега е време за храбри одлуки за европската иднина на младите Read More »

Пригожин ќе биде мртов за шест месеци, вели водечки руски истражувачки новинар


Рускиот претседател Владимир Путин ќе се држи до историјата и ќе се „справи“ со Пригожин, кого го прогласи за предавник по краткиот обид за државен удар на Вагнер во јуни, изјави Христо Грозев, водечки руски истражувачки новинар. -Сите знаат што прават со „предавниците“ оние Русите кои се поврзани со режимот на Путин, а Путин тоа …

Пригожин ќе биде мртов за шест месеци, вели водечки руски истражувачки новинар Read More »

Седми ден се трага по исчезнат маж од село Теново, Општина Брвеница


Веќе седум дена трае потрагата по Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница кој излегол од дома во периодот помеѓу 4 и 5 август и оттогаш не се вратил дома. Случајот бил пријавен на 6 август по што е започната потрагата во која учествуваат Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, …

Седми ден се трага по исчезнат маж од село Теново, Општина Брвеница Read More »

Ковеси во акција поради злоупотреба на европските пари во Бугарија


  Европската јавна обвинителка Лаура Кодруца Ковеси конечно вклучи „на жешко“ за Бугарија – која долго време се сметаше за еден од најеклатантните примери на ЕУ за немоќта на Брисел наспроти кражбата на европските фондови. Во четвртокот, Канцеларијата на европското јавно обвинителство (ЕППО) изврши рација во 28 домови и канцеларии како дел од напорите да …

Ковеси во акција поради злоупотреба на европските пари во Бугарија Read More »

Гаф на грчката телевизија Скај, сцени од игран филм ги претстави како вистински за Бед Блу Бојс


 Сцени од хрватскиот филм Метастаза од 2009 година, во кој хрватскиот актер Рене Биторајац глуми насилен хулиган од Бед Блу Бојс (Bad Blue Boys), ги искористи грчката телевизија Скај во централното издание на вестите во прилог посветен на „профилот на неонацистите хулигани на Динамо Загреб“, како да се од вистински настан, нешто што не остана …

Гаф на грчката телевизија Скај, сцени од игран филм ги претстави како вистински за Бед Блу Бојс Read More »

Времето претежно стабилно, во вторник пороен дожд и грмежи


Продолжува периодот на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер, информира УХМР. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево …

Времето претежно стабилно, во вторник пороен дожд и грмежи Read More »

Знаме со карта на „Голема Албанија“ на концертот во Тетово организиран за косовскиот премиер Курти


Знаме со карта на таканаречена „Голема Албанија“ која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се вееше на вчерашниот концерт, кој Општина Тетово го организираше по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти. Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа …

Знаме со карта на „Голема Албанија“ на концертот во Тетово организиран за косовскиот премиер Курти Read More »

Казахстан до крајот на годинава ќе отвори амбасада во Скопје


Казахстан до крајот на 2023 година ќе ја отвори најавената амбасада во Скопје. Ова е потврдено во разговорите на министерот за надворешни работи Бујар Осмни со претседателот на Казахстан, Касум-Јомарт Токајев и министерот за надворешни работи, Мурат Нуртлеу, во Астана. -Оваа одлука на казахстанската Влада покажува дека Казахстан ја смета Северна Македонија како партнер од …

Казахстан до крајот на годинава ќе отвори амбасада во Скопје Read More »

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов


Музичката програма на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со украинската вечер во чии рамки ќе одржи солиситички концерт на пијанистот, маестро Алексеј Ботвинов. Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори на музиката на Сергеј Рахмањинов. …

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов Read More »

Судијката Чуктан го предупреди Трамп да не дава „запаливи“ изјави пред судењето


Американската сојузна судијка Тања Чуктан го предупреди поранешниот американски претседател Доналд Трамп да не дава „запаливи“ изјави кои би можеле да влијаат врз поротата пред почетокот на судењето. Меѓутоа, судијката Чуктан одлучи Трамп да може јавно да споделува дел од нечувствителните докази што обвинителството му ги става на располагање на неговиот правен тим, пренесува Би-би-си. …

Судијката Чуктан го предупреди Трамп да не дава „запаливи“ изјави пред судењето Read More »

Се уште без решение за депонијата „Буково“


Депонијата „Буково“ во која се одлага комуналниот отпад од охридскиот регион најверојатно уште неколку години ќе ја загадува околината, и тоа еден од најживописните предели покрај магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Ресен. Судејќи според динамиката со која се реализира проектот за изградба на регионална депонија, градот Охрид и околните села во близина на …

Се уште без решение за депонијата „Буково“ Read More »

(Видео) Косовскиот премиер Курти во Чаир и Тетово, пречекан од градоначалниците Ганиу и Касами


Премиерот на Косово Албин Курти престојуваше во неофицијална посета на земјава без средби со државниот врв, но со заеднички активности со градоначалниците на Чаир и Тетово – преименувањето на улица во Општина Чаир и посета на планинското село Вејце во Општина Тетово.   Курти вчера беше пречекан од првите луѓе на дел од албанските политички …

(Видео) Косовскиот премиер Курти во Чаир и Тетово, пречекан од градоначалниците Ганиу и Касами Read More »

Шолц одбива каква било соработка со екстремно десничарската АфД


Германскиот канцелар Олаф Шолц, во интервју за регионалниот весник „Тирингер Алгемајне“, отфрли каква било форма на соработка, било на локално, државно или национално ниво, со екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD), јави ДПА. -Не може и не смее да има никаква соработка со оваа партија, изјави Шолц за весникот, во написот што беше објавен …

Шолц одбива каква било соработка со екстремно десничарската АфД Read More »