Столтенберг: Украина сама ќе одлучи за условите за мировни преговори


На Украина е да одлучи кога ќе има услови за преговори за завршување на војната со Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, нагласувајќи дека Алијансата не го променила ставот. Украинците и само Украинците се тие кои можат да донесат одлука за тоа кога ќе се создадат услови за преговори. Говорејќи на конференција …

Столтенберг: Украина сама ќе одлучи за условите за мировни преговори Read More »

Зеленски ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација, ги разреши воените комитети


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација за 90 дена, објавено е на веб-страницата на Врховната Рада. Зеленски ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација до 15 ноември, пренесува Укринформ. Украинските власти воведоа вонредна состојба на 24 февруари 2022 година, истиот ден кога започна нападот на …

Зеленски ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација, ги разреши воените комитети Read More »

Цените на нафтата повторно пораснаа


Цената на барел нафта на лондонскиот пазар се зголеми за 67 центи во однос на претходното затворање, на 84,12 долари, а на американскиот пазар барелот се тргуваше по повисока цена од 63 центи, за 80,01 долар. Цените паднаа минатиот трговски ден поради загриженоста дека побарувачката за гориво дополнително ќе биде притисната од продлабочувањето на кризата …

Цените на нафтата повторно пораснаа Read More »

Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра


 Еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра во јуни, објави денеска Евростат. Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јуни извезла стоки за 252,3 милијарди евра, 0,3 отсто повеќе во споредба со минатиот јуни, а увезла стоки за 229,3 милијарди евра што е за 17,7 отсто помалку отколку во јуни минатата година. Во истиот период …

Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра Read More »

Меси, Халанд и Де Брујне номинирани за наградата на УЕФА за играч на годината


Европската фудбалска асоцијација на својата официјална веб-страница ги објави номинираните за наградата најдобар играч на годината сезона 2022/23. Тројца номинирани се напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, кој играше минатата сезона за ПСЖ, напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд и неговиот соиграч Кевин де Брујне. Номинираните тројца се одредени со гласање на главните тренери на …

Меси, Халанд и Де Брујне номинирани за наградата на УЕФА за играч на годината Read More »

Градоначалниците на Тетово и на Чаир го злоупотребија Курти за дневно политички цели, смета Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека косовскиот премиерот Албин Курти бил злопотребен за политички цели од страна на градоначалниците на Тетово, Билал Касами, и на Чаир, Висар Гани. Одговарајќи денес на новинарско прашање за идејата за изградба на патод Тетово до Призрен, што беше една од пораките од посетата на Курти во двете општини, Ковачевски рече …

Градоначалниците на Тетово и на Чаир го злоупотребија Курти за дневно политички цели, смета Ковачевски Read More »

Рама и Мелони разговарале за изградба на нуклеарна централа во Албанија


Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која пред три дена допатува во Валона, како што беше најавено на неколкудневен одмор со семејството, имала неформална средба со домаќинот Еди Рама, со кого разговарала за изградба на нуклеарна централа во Албанија, јави Евроњуз Албанија. Според истиот извор „овој потег доаѓа бидејќи на Италија и е потребно снабдување со енергија“. …

Рама и Мелони разговарале за изградба на нуклеарна централа во Албанија Read More »

„Дата мастерс“: Која е македонската компанија што работеше на здравствениот систем во Абу Даби


  Педесет вработени, 60 клиенти во разни делови на светот, работење со вештачка интелигенција, обработка на податоци…, накусо станува збор за „Дата мастерс“, млада компанија, но една од најуспешните според достигнувањата кои што ги има направено за само пет години од основањето. Еден од проектите на кои што работеле, а кој што денес го посочи …

„Дата мастерс“: Која е македонската компанија што работеше на здравствениот систем во Абу Даби Read More »

Реакција на Општина Тетово: Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига


Општина Тетово испрати реакција по вчерашното соопштение на ФК Тетекс во кое клубот посочи дека не им е дозволено користење на двата фудбалски стадиони и немањето резултати од повеќемесечни безуспешни обиди за договор со општината. Општина Тетово смета дека досега имале коректен однос со клубовите и нивната медиумска реакција била непотребна. За користење на стадионот …

Реакција на Општина Тетово: Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига Read More »

Оштетени магистрални оптички кабли на Телеком на повеќе локации


Македонски Телеком соопшти дека изутрината биле оштетени главни магистрални оптички кабли на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот регион преку кои поминува голем дел од мобилниот и фиксен сообраќај. Штетата е направена од градежни работи на трети страни, што предизвика пречки во услугите кај поголем број корисници. – Поради ова, Македонски Телеком ќе ги преземе …

Оштетени магистрални оптички кабли на Телеком на повеќе локации Read More »

Законот за платите на функционерите уште е во изработка, бил исклучително комплексен


  Законот за плати со кој ќе се регулираат и платите на функционерите и избраните лица е во изработка, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. „Од Одлуката на Уставен суд со која се зголемија платите на функционерите поминаа четири и пол месеци и законот е во фаза на изработка. Владата пристапи кон изработка на закон за …

Законот за платите на функционерите уште е во изработка, бил исклучително комплексен Read More »

Зошто денес имаше проблеми со Интернетот: Еве што велат од Телеком


Оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети страни, се причина за техничките проблеми поради кои корисниците на услугите на Македонски Телеком од изутрината се соочуваат со прекини на интерент сообраќајот и мобилните и фиксните телефонски линии. – Во моментов се соочуваме со технички пречки, поради оштетени кабли на различни локации, предизвикани …

Зошто денес имаше проблеми со Интернетот: Еве што велат од Телеком Read More »

Влатко Андоновски поднесе оставка од селекторското место на САД


Селекторот на женската фудбалска репрезентација на САД Влатко Андоновски поднесе оставка, јави Асошиетед прес повикувајќи се на лице запознаено со одлуката. Македонецот реши да ја напушти функцијата поради раната елиминација на Светското првенство кое е во тек. Американките кои ја бранеа титулата, на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд беа елиминирани во осминафиналето, порано од …

Влатко Андоновски поднесе оставка од селекторското место на САД Read More »

ФЕД сѐ уште стравува од инфлација, инвеститорите загрижени од ново зголемување на каматите


Азиско-пацифичките пазари ги продолжија загубите во четвртокот, откако ФЕД, американската централна банка покажаа загриженост за инфлацијата, што може да доведе до натамошно зголемување на стапките. – Со оглед на тоа што инфлацијата сè уште е далеку над долгорочната цел на Одборот и пазарот на трудот останува затегнат, повеќето учесници сè уште гледаат значителни ризици за …

ФЕД сѐ уште стравува од инфлација, инвеститорите загрижени од ново зголемување на каматите Read More »

Компјутерска грешка во банка им овозможи на клиентите да земат пари што ги немаат


Клиентите на Банката на Ирска можеа да подигнат пари што ги немаа од вторникот до средата наутро поради компјутерска грешка што запре многу од онлајн услугите на банката. Прекинот им овозможи на некои клиенти да префрлаат и повлекуваат средства „над нивните нормални граници“, соопшти Банката на Ирска. Клиентите можеа да подигнат до 500 евра секој …

Компјутерска грешка во банка им овозможи на клиентите да земат пари што ги немаат Read More »

Двајца македонски војници се затруле од гас во Словенија додека работеле на отстранување на последиците од поплавите


Осум лица, меѓу кои и двајца македонски војници, се затруле со јаглерод моноксид додека црпеле вода од подрум во Домот на култура во Чрна на Корошкем, во Словенија. Главниот лекар на Армијата на Словенија Роберт Карота, соопшти дека меѓу затруените се пет припадници на словенечката војска, двајца македонски војници и еден пожарникар. Инцидентот се случил …

Двајца македонски војници се затруле од гас во Словенија додека работеле на отстранување на последиците од поплавите Read More »

Украина го потврди договорот за слободна трговија со Северна Македонија


Украинската Влада усвои резолуција за спроведување на договорот за слободна трговија со Северна Македонија, усвоен во октомври 2022 година, соопшти РБЦ-Украина повикувајќи се на Министерството за економија. Според трговскиот претставник на Украина, Тарас Качка, оваа резолуција ќе овозможи договорот за слободна трговија меѓу Украина и Северна Македонија, ратификуван пролетта, целосно да биде применет. Тоа ќе …

Украина го потврди договорот за слободна трговија со Северна Македонија Read More »

Подигнати 300 тони отпад од диви депонии во неколку скопски општини


 Приближно 300 кубни метри, претежно кабаст и градежен отпад, подигнати се и транспортирани во текот на изминатите два дена, во рамки на акција на ЈП Комунална хигиена-Скопје за отстранување диви депонии. Како што информираат од Јавното претпријатие, активностите се одвиваа во Општината Карпош – во населеното место Злокуќани, на повеќе локации во Општината Ѓорче Петров, …

Подигнати 300 тони отпад од диви депонии во неколку скопски општини Read More »

Кој е виетнамскиот производител на автомобили што вреди повеќе од „Фолксваген“ и од „Форд“


  Виетнамскиот производител на електрични возила „Винфаст“ (VinFast) направи голем бум со својата котација на американската берза на Волстрит. Како компанија стана повредна од „Фолксваген“ и „Форд“. Станува збор за еден од најголемите виетнамски производители на автомобили, чии акции се зголемија за 270 отсто на првиот ден од тргувањето на Волстрит. Почетната цена на акциите …

Кој е виетнамскиот производител на автомобили што вреди повеќе од „Фолксваген“ и од „Форд“ Read More »

Бубрег од свиња функционира 32 дена во клинички мртов човек


На 14 јули, тим доктори во Њујорк извршија операција на клинички мртов 57-годишен маж и успеале да го одржат во живот повеќе од еден месец, откако му ги извадиле бубрезите и еден од нив му го замениле со бубрег од свиња. Овој експеримент покажа дека органот од животинско потекло е сè уште функционален во човечкото …

Бубрег од свиња функционира 32 дена во клинички мртов човек Read More »