Клоп бара да се преигра натпреварот со Тотенхем


Тренерот на премиерлигашот Ливерпул, Јирген Клоп, побара денеска да се преигра натпреварот против Тотенхем, откако ВАР судиите изминатиот викенд му поништија регуларен гол на неговиот тим. Раководното тело на англиските судии (ПГМОЛ) ја призна грешката кога голот на Луис Дијаз беше поништен поради наводен офсајд и најави измени на правилото со цел да се избегне …

Клоп бара да се преигра натпреварот со Тотенхем Read More »

СП во фудбал во 2030 ќе се игра во Мароко, Шпанија и Португалија, но и во Ј. Америка


Мароко, Шпанија и Португалија ќе го организираат Светското првенство во фудбал во 2030 година, а три натпревари од завршниот турнир ќе се одиграат во Јужна Америка, објави денеска ФИФА. Заедничката кандидатура на Мароко, Португалија и Шпанија беше единствената за организација на Мундијалот 2030. Три натпревари од завршниот турнир ќе се играат во Уругвај, Парагвај и …

СП во фудбал во 2030 ќе се игра во Мароко, Шпанија и Португалија, но и во Ј. Америка Read More »

Десната лента од автопатот Катланово – Петровец ќе биде пуштена за сообраќај до крајот на месецов


Десната лента од автопатот Катланово – Петровец ќе биде пуштена за сообраќај до крајот на овој месец. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека асфалтските работи се во завршна фаза, односно дека денеска се поставувал завршниот слој, а во следниот период ќе бидее поставена заштитната ограда и сообраќајната сигнализација. Увид во градежните активности денеска …

Десната лента од автопатот Катланово – Петровец ќе биде пуштена за сообраќај до крајот на месецов Read More »

За Алијанса за Албанците интерпелацијата за Јовески е „комичен театар“


Алијанса за Албанците ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека го штити јавниот обвинител Љубомир Јовески. Интерпелацијата поднесена од албанските опозициски партии, ја оценуваат како комичен театар. – Обвинувањата на опозицијата дека АА го штити јавниот обвинител се неосновани и само докажуваат колку се неинформирани за постапките и за конкретниот случај. Опозицијата со последните дејствија изигрува …

За Алијанса за Албанците интерпелацијата за Јовески е „комичен театар“ Read More »

Индија ги откри токсичните сирупи поврзани со смртта на 141 дете ширум светот


Индискиот регулатор за лекови открил дека сирупите за кашлица и за алергија направени од Норис Медицинс се токсични, според владиниот извештај, неколку месеци откако индиските сирупи за кашлица беа поврзани со смртта на 141 дете ширум светот. Лековите биле контаминирани со диетилен гликол или етилен гликол, кој е пронајден во сирупите за кашлица кои предизвикуваат …

Индија ги откри токсичните сирупи поврзани со смртта на 141 дете ширум светот Read More »

ФИФА пред одлука за враќање на руските репрезентации


Светската фудбалска федерација (ФИФА) најверојатно денеска ќе донесе одлука за враќање на руските репрезентации до 17 години на меѓународната сцена и со тоа ќе ја ублажи целосната суспензија под која се наоѓа Русија поради инвазијата врз Украина. Советот на ФИФА, со кој претседава нејзиниот претседател Џани Инфантино, во текот на денешниот ден ќе одржи онлајн …

ФИФА пред одлука за враќање на руските репрезентации Read More »

„Волстрит џорнал“: Прекинот на финансирањето од САД се заканува на економската стабилност на Украина


 САД не плаќаат само за испораките на оружје за Украина, туку и за сметките на владата во Киев и буџетскиот сектор, па поради тоа се очекува следниот месец да престане со работа американскиот систем за финансирање на платите на Украинците и државните трошоци, пред се, поради недостиг на нови парични инјекции од американскиот Конгрес, јави …

„Волстрит џорнал“: Прекинот на финансирањето од САД се заканува на економската стабилност на Украина Read More »

Осумдесет и шест компании ќе добијат вкупно 4,4 милиони евра за иновативни идеи и креативни решенија


Вкупно 4,4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија преку јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој.  – Семејството на ФИТР од денеска се зголемува за 86 нови претпријатија и со оваа бројка, портофлиото на ФИТР брои 1.153 кофинансирани проекти кои …

Осумдесет и шест компании ќе добијат вкупно 4,4 милиони евра за иновативни идеи и креативни решенија Read More »

Јовески по пошта одговори за интерпелацијата: Немало влијание и притисоци за случајот со Модуларната болница


Јавниот обвинител Љубомир Јовески до Собранието по пошта го испратил одговорот за интерпелацијата што за неговото работење во случајот со пожарот во Модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица ја поднесоа пратеници од опозициските партии на Албанците – Беса, Алтернатива и Демократско движење. Јовески во дописот, како што наведува, најодговорно изјавува дека никогаш …

Јовески по пошта одговори за интерпелацијата: Немало влијание и притисоци за случајот со Модуларната болница Read More »

Се воспоставува Фонд за решавање банки, можна е и директна интервенција кај проблематични кредитни институции


  Собранието го усвои Законот за решавање банки, предложен од Министерството за финансии, а со кој земјава воспоставува регулаторна рамка за зајакнување на финансиската стабилност во земјава и навремена интервенција во кредитна инститиуија која е во проблем. Станува збор за сосема нов закон кој има за цел воспоставување инструменти за ефикасно решавање на проблемите на …

Се воспоставува Фонд за решавање банки, можна е и директна интервенција кај проблематични кредитни институции Read More »

Ова се цените на струјата во светот, каде е Македонија


Порталот Енергетика.ме објави интересни графикони на кои е прикажана цената на електричната енергија во повеќе земји во светот, меѓу кои и Македонија. Како што е наведено, графиконот подолу ја прикажува цената на електричната енергија за домаќинствата во повеќе од 100 земји. Цените се изразени по kWh и ги вклучуваат сите ставки на сметката за електрична …

Ова се цените на струјата во светот, каде е Македонија Read More »

Електрани на ветер ќе никнат во Северно Море на првиот вештачки енергетски остров во светот


Белгија на почетокот на идната година ќе почне со изградба на првиот вештачки енергетски остров во светот со електрани на ветер за производство на високонапонска еднонасочна и наизменична струја, кој ќе биде поврзан со белгиската електрична мрежа и со интерконекции со Велика Британија и Данска. Како што соопшти операторот на проектот, компанијата „Елиа“, белгискиот министер …

Електрани на ветер ќе никнат во Северно Море на првиот вештачки енергетски остров во светот Read More »

Како до праведна енергетска транзиција: Во Скопје Форум на Енергетската заедница


Транзицијата која се случува во светот на енергетиката на глобално, европско и на македонско ниво, како и начинот како да се спроведе праведна, еднаква и фер енергетска транзиција за сите инволвирани, се клучните цели на  Форумот за праведна транзиција на Енергетската заедница што денеска се одржува во Скопје под мотото „Патот кон одржлива и праведна …

Како до праведна енергетска транзиција: Во Скопје Форум на Енергетската заедница Read More »

Која банка има најевтини надоместоци: Новата алатка „на дланка“ споредува 11 најзастапени услуги


На интернет страницата на Народната банка почна да функционира нова алатка преку која граѓаните лесно можат да ги споредат надоместоците кои банките ги наплаќаат за нивните услуги. Алатката е достапна на следниот ЛИНК.  На заинтересираните им се дава можност или да ги дознаат сите актуелни информативни документи за надоместоците , или пак, што веројатно ќе предизвика …

Која банка има најевтини надоместоци: Новата алатка „на дланка“ споредува 11 најзастапени услуги Read More »

На Самитот за вештачка интелигенција во Скопје претставени нови технологии за подобра иднина


  Викендов во Скопје се одржа „Ai Tech Summit“ – прв настан од ваков вид, каде свое излагање имаа повеќе од 20 говорници од целиот свет, реномирани експерти во оваа индустрија, кои ги споделија своите искуства и достигнувања во полето на вештачката интелегенција (ВИ). На самитот имаше говорници од водечките светски комании како Microsoft, Google, …

На Самитот за вештачка интелигенција во Скопје претставени нови технологии за подобра иднина Read More »

Разговорите во роаминг со земјите од ЕУ поевтини за 30 отсто, од 2028 година ќе се изедначат со домашните


Македонските граѓани кои патуваат во земјите на Европската унија од 1 овој месец за роаминг плаќаат 30 отсто помалку како резултат на договореното намалување на трошоците за роаминг.  „Од 1 октомври стапи во сила договорот помеѓу операторите на Европската унија и операторите од Западен Балкан за намалување на цените на роаминг-податоците во склоп на процесите …

Разговорите во роаминг со земјите од ЕУ поевтини за 30 отсто, од 2028 година ќе се изедначат со домашните Read More »

Волстрит: Индексите на најниско ниво од јуни


  Цените на акциите остро паднаа на Волстрит, спуштајќи се на најниското ниво од почетокот на јуни, бидејќи новите економски податоци ги поттикнаа стравувањата дека ФЕД повторно ќе ги зголеми каматните стапки до крајот на годината. Дау Џонс (Dow Jones) се лизна за 1,29 отсто, на 33.002 поени, додека СиП 500( S&P 500) потона за …

Волстрит: Индексите на најниско ниво од јуни Read More »

Трагедија кај Венеција: Автобус се запали по пад од надвозник, најмалку 21 загинат, има и деца


Најмалку 21 лице загина вечерва во страшна несреќа кога автобус излетал од надвозникот Либерта во италијанскиот град Местре, по што се запалил. Според првите информации, загинале најмалку 20 лица, меѓу кои и две деца, од кои некои се јагленисани, додека четириесетина лица се повредени. Според тамошните медиуми, петмина повредени малолетници се пренесени во болница. Автобусот …

Трагедија кај Венеција: Автобус се запали по пад од надвозник, најмалку 21 загинат, има и деца Read More »

Канадскиот парламент го доби првиот црн претседател


Долниот дом на канадскиот Парламент го доби првиот црн претседател во својата историја, откако претходниот спикер поднесе оставка. Членовите на Долниот до, кој има 338 пратеници, со тајно гласање го избраа Грег Фергус, член на Либералната партија, пред неговиот колега Шон Кејси, конзервативецот Крис д’Ентремон и лидерката на Зелените Елизабет Меј. – Денеска станавте првиот …

Канадскиот парламент го доби првиот црн претседател Read More »

Ковачевски: Не сум дел од никакви преговори со Груевски, ниту со кој било од ВМРО – ДПМНЕ


  СДСМ има и државнички и државотворен капацитет. Партијата е отворена за секого и секогаш, без разлика кој на каква позиција се наоѓа во партијата или во државата. Јас од прв ден се држам до тоа, одговори вечерва во „Тема на денот“ во дневникот на Сител, премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски на новинарско …

Ковачевски: Не сум дел од никакви преговори со Груевски, ниту со кој било од ВМРО – ДПМНЕ Read More »