СП во фудбал во 2030 ќе се игра во Мароко, Шпанија и Португалија, но и во Ј. Америка


Мароко, Шпанија и Португалија ќе го организираат Светското првенство во фудбал во 2030 година, а три натпревари од завршниот турнир ќе се одиграат во Јужна Америка, објави денеска ФИФА.

Заедничката кандидатура на Мароко, Португалија и Шпанија беше единствената за организација на Мундијалот 2030.

Три натпревари од завршниот турнир ќе се играат во Уругвај, Парагвај и Аргентина, по повод одбележувањето на 100-годишнината од организацијата на првиот Мундијалот 1930 во Уругвај.

Оваа одлука официјално ќе биде потврдена на редовниот конгрес на ФИФА во 2024 година.