САД ставија вето на резолуцијата на ОН за Израел и Газа


Соединетите Американски Држави ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара прекин на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас за да се дозволи доставување хуманитарна помош во Појасот Газа. За предлог-резолуцијата на Бразил гласаа 12 членки, додека Русија и Велика Британија беа воздржани. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш …

САД ставија вето на резолуцијата на ОН за Израел и Газа Read More »

Ер Србија: Можен прекин на летовите до Тел Авив


  Националната авиокомпанија на Србија „Ер Србија“ денеска соопшти дека поради сè посложената безбедносна ситуација во Израел, можна е привремена суспензија на редовните летови на компанијата од Белград до Тел Авив. Договорено е „Ер Србија“ да продолжи внимателно да ги следи информациите поврзани со аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, како и дека е во …

Ер Србија: Можен прекин на летовите до Тел Авив Read More »

Биљана Митева на чело на Македонско-бугарската стопанска комора на местото на Кирил Лазаров


По завршувањето на два успешни мандати, исполети со многу проекти, средби, бизнис форуми, и голем број средби на стопанственици од Македонија Бугарија, заминува досегашниот претседател Кирил Лазаров и на негово место е избрана м-р Биљана Митева. Исто така е избран и нов Управен одбор, соопштија од Македонско-бугарската стопанска комора (МБСК). Кирил Лазаров во своето обраќање …

Биљана Митева на чело на Македонско-бугарската стопанска комора на местото на Кирил Лазаров Read More »

ССМ: Состојбата во „Еуроникел“ е алармантна, без работа може да останат 800 работници


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) денеска изразија загриженост за состојбата во „Еуроникел“ Кавадарци. – Иднината на оваа компанија е неизвесна дотолку повеќе ако се знае дека во текот на вчерашниот ден генералниот директор на компанијата издал наредба за гаснење на печките. Ваквиот потег значи дека компанијата …

ССМ: Состојбата во „Еуроникел“ е алармантна, без работа може да останат 800 работници Read More »

„Макстил“ со инвестиција од 9 милиони евра ќе ја зголеми енергетската ефикасност и безбедноста на производниот процес


  „Макстил“ со инвестиција вредна 9 милиони евра ќе внесе значајни промени за унапредување на производниот процес. Потпишан е договор за набавка и испорака на нова кружна странична ножица за сечење лим. Набавката на новата машина е во вредност од 6,3 милиони евра, додека целата инвестиција се очекува да достигне вредност од 9 милиона евра, …

„Макстил“ со инвестиција од 9 милиони евра ќе ја зголеми енергетската ефикасност и безбедноста на производниот процес Read More »

Владата сака „издржано решение“ за платите на функционерите кое нема да падне на Уставен суд


  Вчера на седницата на Владата била отворена дискусија за платите на избраните и именуваните функционери, но не било донесена никаква одлука. Министрите кои ја сочинуваат работната група која треба да изготви предлог – решение добила задача до идната недела да достави работен материјал, за кој ќе треба да се произнесе Владата. Ова денеска го …

Владата сака „издржано решение“ за платите на функционерите кое нема да падне на Уставен суд Read More »

Како парите од ИПАРД помагаат македонски сокови да се продаваат на Малдиви, во САД, Карибите, ОАЕ, Сингапур…


Многу труд, макотрпно, со знаење и посветеност во текот на 30 години. Ова, како што велат од „Вивакс“ е формулата која ѝ овозможи на компанијата да изгради автентичен македонски бренд и да ги пласира производите на четири континенти, меѓу другото и на Малдивите, во САД, Карипските острови, Обединетите Арапски Емирати, Сингапур… „Динамичниот развој, инвестициите во …

Како парите од ИПАРД помагаат македонски сокови да се продаваат на Малдиви, во САД, Карибите, ОАЕ, Сингапур… Read More »

Компаниите може да ја користат медијацијата и во споровите со државата и општините


Бизнис заедницата да ја користи медијацијата не само во меѓусебните спорови, туку и во споровите со државата и општините, порачаа учесниците на денешната Регионална конференција за медијација што се одржува во Стопанската комора. Како што беше речено, во развиените држави медијацијата е редовна постапка, а кај нас се уште се спомнува како алтернатива на судската. …

Компаниите може да ја користат медијацијата и во споровите со државата и општините Read More »

Народна банка подготви брошура за безбедност при користењето дигитални финансиски производи и услуги


Народната банка подготви брошура за безбедност при користењето дигитални финансиски производи и услуги. Во брошурата на систематизиран начин се објаснети повеќе препораки за безбедно користење на дигиталните финансиски производи и услуги. Граѓаните можат да се информираат повеќе за дигиталните финансиски канали и услуги што им стојат на располагање (плаќање со платежна картичка преку интернет, електронско …

Народна банка подготви брошура за безбедност при користењето дигитални финансиски производи и услуги Read More »

Нов повик на АЕТМ за зајакнување на дигиталните вештини и отворање е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“


Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (AETM) во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: агро производство (производи од свежи или процесирани овошја и зеленчук), лесно производство (облека …

Нов повик на АЕТМ за зајакнување на дигиталните вештини и отворање е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“ Read More »

Изгоре магацинот на ЈКП „Дервен“ во Велес


 Синоќа во 19:22 часот изби пожар во магацинот на JKP „Дервен“ лоциран наспрема Управната зграда кај Градскиот парк во Велес. Со брза интервенција на пожарникарите од ТППЕ Велес со седум пожарникари и три противпожарни возила пожарот бил целосно изгаснат во 22 часот, информираат денеска за МИА од ЦУК Велес. Како што појаснуваат оттаму, во пожарот …

Изгоре магацинот на ЈКП „Дервен“ во Велес Read More »

Поранешни и актуелни директори на ФЗО на сослушување пред Анкетната комисија за онкологија


Анкетната комисија за случајот на Клиниката за онкологија денеска продолжи со работа со сослушување на поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Магдалена Филиповска Грашковска. На денешната седница, која се води од потпретседателот на Анкетната комисија Александар Велјановски, ќе бидат сослушувани и сведоци и експерти, …

Поранешни и актуелни директори на ФЗО на сослушување пред Анкетната комисија за онкологија Read More »

Објавен проспектот за втората емисија на граѓанска обврзница со каматна стапка од 5 отсто


Министерството за финансии по успешно реализираните први емисии на граѓанската и зелената обврзница, денеска го објави Проспектот за втората емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари. Граѓаните од денеска до 6 ноември имаат можност да запишат граѓански обврзници за кои и овојпат е понудена атрактивна каматна стапка од 5 отсто. Минималниот износ кој …

Објавен проспектот за втората емисија на граѓанска обврзница со каматна стапка од 5 отсто Read More »

Им ја исклучиле струјата на цела држава поради милионски долг


  Главниот град на африканската држава Гвинеа Бисао го обви темнина откако турската компанија „Карпауершип“ (Karpowership) го прекина снабдувањето со електрична енергија поради неплатен долг од 17 милиони долари, пренесе Хина. Министерот за економија Сулејмане Сеиди рече дека во тек се аранжмани за исплата на заостанати 15 милиони долари, ветувајќи дека проблемот ќе се реши …

Им ја исклучиле струјата на цела држава поради милионски долг Read More »

Во Хрватска пуштен во употреба најскапиот државен пат: Речиси целиот е во воздух или под земја


Во Хрватска свечено беше пуштен во употреба државниот пат DC403 од клучката Шкуриње до пристаништето Риека, најскапиот и еден од најпребирливите патишта во земјата. Станува збор за три километри долга делница од државниот пат, од западниот дел на пристаништето Риека до обиколницата на Риека чија изградба чини 21,8 милиони евра по километар (со вклучен ДДВ). …

Во Хрватска пуштен во употреба најскапиот државен пат: Речиси целиот е во воздух или под земја Read More »

Членките на ЕУ постигнаа договор: Цената на електричната енергија ќе биде помалку зависна од цените на фосилните горива


Министрите на земјите членки на ЕУ задолжени за енергетскиот сектор постигнаа договор околу предложените измени на Правилата за регулирање на пазарот на електрична енергија на Унијата, врз основа на кој претседавачот со Европскиот совет ќе ги започне преговорите со Европарламентот за конечната верзија на текстот на измените, соопшти синоќа шпанската вицепремиерка и министерка за еколошка …

Членките на ЕУ постигнаа договор: Цената на електричната енергија ќе биде помалку зависна од цените на фосилните горива Read More »

Голдман Сакс ги надмина очекувањата благодарение на тргувањето со обврзници


Голдман Сакс во вторникот објави добивка и приход во третиот квартал што ги надмина проценките на аналитичарите за очекуваните приходи од тргување. Еве што објави компанијата: Заработка: 5,47 долари по акција, над проценките од 5,31 долари по акција за LSEG, порано Refinitiv Приход: 11,82 милијарди долари наспроти очекуваните 11,19 милијарди долари Банката соопшти дека добивката …

Голдман Сакс ги надмина очекувањата благодарение на тргувањето со обврзници Read More »

Меџити: Секоја здравствена установа добива буџет од ФЗО, но имаме слаб менаџмент


Не е дека нема буџет во здравствените институции, но нема ред и нема дисциплина. Секоја здравствена установа во Македонија добива буџет од Фондот за здравствено осигурување, но имаме слаб менаџмент што го оставаме да работи по неколку години а немаат никаков резултат, истакна министерот за здравство, Фатмир Меџити, одговарајќи на прашањата на пратениците на Анкетната …

Меџити: Секоја здравствена установа добива буџет од ФЗО, но имаме слаб менаџмент Read More »

Мукаетов: Мисијата на „Алкалоид“ е комплементарна со таа на Црвен крст


  Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, беше говорник на панел-дискусијата насловена „Градење на здраво и безбедно општество и потребата од ефикасно мобилизирање на ресурси за одговор на современите хуманитарни предизвици“, во рамките на настанот насловен „Трансформација 28“, во организација на Црвен крст на РСМ. На темата за досегашната соработка …

Мукаетов: Мисијата на „Алкалоид“ е комплементарна со таа на Црвен крст Read More »

Царинската управа ќе добие 4,8 милиони долари грант од Република Кореја за систем за управување со ризици и податочен склад


  Царинската управа добива грант од 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад од Владата на Република Кореја. Директорот на Царинската управа Стефан Богоев и Ки-донг Ким директор при Царинската служба на Република Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка за доделување на грантот. „Воспоставувањето на овој …

Царинската управа ќе добие 4,8 милиони долари грант од Република Кореја за систем за управување со ризици и податочен склад Read More »