Најмалку 21 загинат, а илјадници ги напуштија домовите во поплавите во Доминиканската Република


Најмалку 21 лице загина во Доминиканската Република по обилните дождови во текот на викендот, а илјадници ги напуштија своите домови, соопштија денеска доминиканските власти, пренесе Би-Би-Си. Меѓу загинатите има и три деца, а девет Доминиканци загинаа откако обилните дождови предизвикаа уривање на ѕидот на тунелот на автопатот во главниот град Санто Доминго. Оперативниот центар за …

Најмалку 21 загинат, а илјадници ги напуштија домовите во поплавите во Доминиканската Република Read More »

Црвен крст одбележува Недела на стари лица


Црвен крст на Град Скопје го започнува одбележувањето на Неделата на грижа на стари лица, која ќе трае од денеска до 26 ноември. Целта на програмата е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. -Во рамките на Неделата на грижа за стари лица се организираат повеќе активности и …

Црвен крст одбележува Недела на стари лица Read More »

Дарко Лазаров: Имаме голема увозна компонента на извозот, тоа треба да го промениме


Поради геополитичките случувања и падот на германската економија има забавување на растот на извозот. Забавена е ефективната странска побарувачка. Нашите трговски партнери имаат сериозни економски проблеми што секако ќе се одрази и врз нашата економија, оценува во интервју за МИА претседателот на Клубот на извозници при Стопанската комора и проректор на штипскиот Универзитет, Дарко Лазаров. …

Дарко Лазаров: Имаме голема увозна компонента на извозот, тоа треба да го промениме Read More »

УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето


По повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември,  Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Собранието на Република Северна Македонија ќе организираат настан насловен „Децата го преземаат Собранието“. На настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери и претставничката на УНИЦЕФ во земјава  Патриција Ди Џовани, а потоа е предвидено децата да ја преземат …

УНИЦЕФ и Собранието ќе го одбележат Светскиот ден на детето Read More »

Предлог-буџетот за 2024 година во собраниска процедура


Предлог-буџетот за 2024 година е доставен до Собранието и треба да биде разгледан на матичната Комисија за финансирање и буџет. Според податоците на веб страницата на Собранието, Предлог-буџетот е доставен во средата откако во вторникот во Владата го презентираа министерот за финансии Фатмир Бесими и премиерот Димитар Ковачевски.  Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди …

Предлог-буџетот за 2024 година во собраниска процедура Read More »

Потона турски товарен брод со 12 членови на екипажот


Турски товарен брод со 12 членови на екипажот вчера потона за време на невреме во близина на турскиот брег на Црното Море, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Капетанот на бродот „Кафкаметлер“, што пловел под турско знаме, вчераутро пријавил дека бродот пловел кон пристаништето кај Ерегли, во северозападната турска провинција Зонгулдак, соопшти претходно …

Потона турски товарен брод со 12 членови на екипажот Read More »

Собранието ќе ја одржи 131. седница


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 131. пленарна седница.  Како втора точка на дневен ред се Предлог-измените на Одлуката за основање на Анкетната комисија за случувањата на Клиниката за онкологија поднесени од опозицијата со кои се бара продолжување на рокот за повикување на сведоци за нови 30 дена.  – Во текот …

Собранието ќе ја одржи 131. седница Read More »

Наутро студено, преку ден сончево и потопло, дожд од вторник


Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во вторник и во среда се очекува дожд првично во западниот дел од државата, а потоа и во останатите делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до …

Наутро студено, преку ден сончево и потопло, дожд од вторник Read More »

Состојбата во Газа, заштитата на животната средина и иднината на ЕУ, меѓу темите на пленарната сесија на ЕП


Состојбите во Појасот Газа, намалување на емисиите на јаглерод диоксид и на користењето на пестицидите, иднината на ЕУ и европските избори следната година, ќе бидат меѓу темите за дебата на овонеделната сесија на Европскиот парламент во Стразбур.     Како што јави дописникот на МИА од Брисел, европратениците денеска ќе расправаат за предлогот за зајакнување …

Состојбата во Газа, заштитата на животната средина и иднината на ЕУ, меѓу темите на пленарната сесија на ЕП Read More »

„Отвори очи и со памет! во сообраќајот не си сам“ – Проект на Рудник САСА, Општина Македонска Каменица и МВР за поголема безбедност во сообраќајот


  По повод 19. Ноември, прогласен од Обединетите нации за Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи, рудникот за олово и цинк САСА, во партнерство со Општина Македонска Каменица и Министерството за внатрешни работи, започнува со реализација на Проект за подигнување на јавната свест и зголемување на безбедноста во сообраќајот. Основен мотив за …

„Отвори очи и со памет! во сообраќајот не си сам“ – Проект на Рудник САСА, Општина Македонска Каменица и МВР за поголема безбедност во сообраќајот Read More »

На 14-то издание на Фестивалот на младо вино промовирана новата генерална директорка на „Тиквеш“


Кавадарци – Како лидер во винската индустрија, Винарската визба „Тиквеш“ продолжува со промоција и градење на винската култура и традиција. Денес започна Фестивалот на младо вино, што традиционално го организира ВВ „Тиквеш“, а годинава се одржува по 14-ти пат. Фестивалот на младо вино прерасна во престижен настан на кој присуствуваат голем број личности од јавниот …

На 14-то издание на Фестивалот на младо вино промовирана новата генерална директорка на „Тиквеш“ Read More »

Балкански економски форум: Регионалната соработка создава мостови и можности за развој


  (Од нашиот известувач)                                                                                                        …

Балкански економски форум: Регионалната соработка создава мостови и можности за развој Read More »

Платите може да ја разгорат инфлацијата, коридорите 8 и 10д се ризик за јавните финансии: Што напиша ММФ во извештајот за Македонија


  Мисијата на ММФ предупредува дека растот на платите може повторно да ја разгори инфлацијата, како и дека можното зголемување на трошоците за изградба на коридорите 8 и 10 д претставуваат опасност за јавните финансии. Мисијата на ММФ за Македонија, предводена од Жак Миниан, по завршување на двонеделниот престој во земјава, соопшти дека ќе препорача …

Платите може да ја разгорат инфлацијата, коридорите 8 и 10д се ризик за јавните финансии: Што напиша ММФ во извештајот за Македонија Read More »

Директорката на УНИЦЕФ повредена во сообраќајна несреќа на пат кон Газа


– Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел денеска е повредена во сообраќајна несреќа во Египет на пат кон Појасот Газа, поради што морала да ја одложи посетата на Израел, соопшти УНИЦЕФ. – На пат кон Рафа, веруваме дека се обиделе да избегнат голема дупка, поради што автомобилот поминал преку длабок ров и се превртел, изјави …

Директорката на УНИЦЕФ повредена во сообраќајна несреќа на пат кон Газа Read More »

ЕК очекува домашната побарувачка да го поттикне растот на БДП на земјава


По закрепнување од ковид пандемијата, економскиот раст на Северна Македонија забави како резултат на намалената надворешна побарувачка и на поумерената потрошувачка на домаќинствата, но се очекува негово умерено забрзување во следниот период, со дополнително ублажување на инфлацијата, раст на платите и дознаките од странство, предвидува Европската комисија во своите есенски економски прогнози. Според ЕК, како …

ЕК очекува домашната побарувачка да го поттикне растот на БДП на земјава Read More »

Се прави увид на напукнатиот столб, потоа ќе се одлучи како ќе функционира железничкиот сообраќај, велат од МЖ-Инфраструктура


Екипи од јавното претпријатие „Македонски железници – Инфраструктура“, професори од Градежниот факултет и експерти се излезени на терен со цел да направат увид во моменталната состојба со напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес. Од МЖ-Инфраструктура во изјава за МИА велат дека по ова ќе се одлучи како најсоодветно …

Се прави увид на напукнатиот столб, потоа ќе се одлучи како ќе функционира железничкиот сообраќај, велат од МЖ-Инфраструктура Read More »

Вебинар во ТИРЗ: Претставени можностите за инвестирање пред повеќе од 50 јапонски компании


Повеќе од 50 јапонски компании учествуваа на бизнис вебинар организиран од ТИРЗ во соработка со Јапонската организација за надворешна трговија, ЏЕТРО (JETRO). Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски ги претстави инвестициски можности во Северна Македонија, инвестициската клима, економските перспективи и можностите достапни за јапонските компании, информираат од ТИРЗ. На настанот беа споделени и успешни приказни на …

Вебинар во ТИРЗ: Претставени можностите за инвестирање пред повеќе од 50 јапонски компании Read More »

Европската комисија ги намали прогнозите за раст на еврозоната за 2023 и 2024 година


Европската комисија ги намали прогнозите за растот во еврозоната за оваа и следната година на 0,6 отсто и 1,2 отсто, соодветно, укажувајќи на високата инфлација и заострувањето на монетарната политика кои имаа „посилно влијание од предвиденото“. Прогнозата за раст за оваа година е намалена на 0,6 отсто од 0,8 отсто за 20-те земји кои го …

Европската комисија ги намали прогнозите за раст на еврозоната за 2023 и 2024 година Read More »

Намален прометот во индустријата во септември


Вкупниот прометот во индустријата во септември годинава во однос на истиот месец лани е помал за 3.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %, додека опаѓање бележи …

Намален прометот во индустријата во септември Read More »

ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за забавување на инфлацијата


„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, …

ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за забавување на инфлацијата Read More »