Русија негира дека украинските вооружени групи ја преминале нејзината граница


Руската Федерална служба за безбедност (ФСС) ги отфрли тврдењата дека вооружени групи со седиште во Украина преминале на руска територија. ФСС соопшти дека руските сили убиле 100 луѓе и уништиле неколку оклопни возила додека одбивале обиди за инвазија во руските региони Белгород и Курск. – Од 10 март, ФСС на Русија, заедно со помошните единици …

Русија негира дека украинските вооружени групи ја преминале нејзината граница Read More »

Се урна руски воен транспортен авион (видео)


  Воено-транспортен авион „Ил-76“ се урна северно од Москва, пишува телеграмскиот канал „112“. Авионот не стигнал до аеродромот Северни и се урнал во шума. Според првичните информации, на теренот нема жртви или разурнувања. Службите за итна помош пристигнале на местото на настанот. Според каналот „База“, авионот извршувал тренинг лет, при што моторот му се запалил …

Се урна руски воен транспортен авион (видео) Read More »

Османи: Резолуцијата на Сенатот на САД е поддршка за нашето членство во ЕУ, но и порака до политичките фактори


Резолуцијата на Сенатот на САД со која се реафирмира поддршката за отворање на првиот преговарачки кластер на Европската унија со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови, ќе значи охрабрување на нашата држава да продолжиме на тој пат, но и охрабрување до ЕУ дека треба да се забрза евроинтеграцијата на државата во Унијата. Таа е и …

Османи: Резолуцијата на Сенатот на САД е поддршка за нашето членство во ЕУ, но и порака до политичките фактори Read More »

Археолози откопаа скелети на 1.000 жртви на чума: Пронајдена можеби најголемата масовна гробница во Европа


 Во јужна Германија, археолози откопаа скелети на 1.000 жртви на чума во неколку јами. Според наводите, ова е најголемата досега ископана масовна гробница во Европа. Ископувањата, инаку извршени пред планирани градежни работи на Градот Нирнберг, открија осум јами, секоја исполнета со стотици скелети на возрасни, деца и бебиња од крајот на 15-от до почетокот на …

Археолози откопаа скелети на 1.000 жртви на чума: Пронајдена можеби најголемата масовна гробница во Европа Read More »

Од петок намалување на условите за дожд и повеќе сончеви периоди


Во следните денови наутро ќе биде свежо и ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Како што најавуваат од УХМР, во петок и за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат и ќе има повеќе сончеви периоди.  Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа и особено во јужните …

Од петок намалување на условите за дожд и повеќе сончеви периоди Read More »

Трамп: Му помагав на Маск кога бев претседател, бевме пријатели


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп за време на вчерашното интервју за Си-Ен-Би-Си (CNBC) изјави дека му помагал на милијардерот Илон Маск додека бил во Белата куќа. Сепак, Трамп не прецизираше како му помагал на Маск за време на неговиот претседателски мандат. Трамп беше прашан за Маск за време на гостувањето во утринската емисија на Си-Ен-Би-Си …

Трамп: Му помагав на Маск кога бев претседател, бевме пријатели Read More »

(Видео) Промашување на сезоната: Ова може да му се случи и на Кристијано Роналдо


Славниот Португалец има огромна желба меѓу своите многубројни трофеи да ја вклучи и азиската Лига на шампиони, но тоа овој пат не му успеа. Се одигра натпреварот од четвртфиналето на азиската Лига на шампиони меѓу Ал Наср и Ал Аин, а Кристијано Роналдо и неговите избраници не се пласираа во полуфиналето, откако во првиот меч …

(Видео) Промашување на сезоната: Ова може да му се случи и на Кристијано Роналдо Read More »

Рамазан не донесе олеснување додека војната меѓу Израел и Хамас беснее во Газа


  Првиот ден од Рамазан  пристигна како и другите за Палестинците во опустошената од војна Газа: прогонети од глад и болести,  во шатори и загрозени од бомби повеќе од пет месеци од борбите меѓу Израел и милитантите на Хамас. Додека муслиманскиот свет го дочека светиот месец и неговиот вообичаен дневен пост, многу жители на Газа …

Рамазан не донесе олеснување додека војната меѓу Израел и Хамас беснее во Газа Read More »

УНЕСКО: Обновата на научната инфраструктура на Украина ќе чини повеќе од 1,26 милијарди долари


Трошоците за обновување на државната научна инфраструктура на Украина, уништена за време на руската агресија, изнесуваат повеќе од 1,26 милијарди долари, се наведува во извештајот на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО). Според новото истражување објавено денеска од страна на УНЕСКО и Малата академија на науките на Украина, 1.443 згради кои …

УНЕСКО: Обновата на научната инфраструктура на Украина ќе чини повеќе од 1,26 милијарди долари Read More »

Никој не ме познаваше пред натпреварот: Нарди за триумфот над Ѓоковиќ (видео)


Дваесетгодишниот Италијанец Лука Нарди, победата над Ѓоковиќ во третото коло на турнирот во Индијан Велс ја нарече чудо. Тој посочи дека по овој триумф на Мастерсот во Индијан Велс станал познат низ целиот свет. – Пред овој натпревар никој не ме познаваше. Се надевам дека публиката уживаше во играта. Јас сум многу среќен. Не знам …

Никој не ме познаваше пред натпреварот: Нарди за триумфот над Ѓоковиќ (видео) Read More »

Најмногу дожд во Радовиш 37 литри на квадрат, во Скопје 22


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Радовиш 37 литри на метар квадратен, 31 литар Лазарополе, 26 во Берово, 24 во Крушево, а 22 литри во Скопје. Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, кои наместа беа пообилни и проследени со грмежи. Дуваше слаб до умерен, а наместа во источните делови …

Најмногу дожд во Радовиш 37 литри на квадрат, во Скопје 22 Read More »

Валенса: Полска да не беше во НАТО сега ќе бевме во војна со Русија


 Поранешниот полски претседател Лех Валенса оцени дека Полска денеска би била во војна со Русија доколку не влезеше во НАТО.  -Дефинитивно би имале војна меѓу Русија и Полска. Тоа е јасно. Само не знам како тогаш би реагирала Украина, изјави Валенса во интервју за агенцијата ПАП по повод 25-годишнината од приемот на Полска во НАТО.  …

Валенса: Полска да не беше во НАТО сега ќе бевме во војна со Русија Read More »

Трамп: ТикТок е закана, но забраната на апликацијата ќе ги погоди децата и ќе го зајакне Фејсбук


 Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во понеделникот изјави дека ТикТок е закана за националната безбедност, но дека забраната на популарната апликација ќе ги погоди децата и ќе го зајакне Фејсбук, што републиканецот остро го критикуваше. Трамп ги даде забелешките додека законодавачите оваа недела го разгледуваат предлог-законот со кој на сопственикот на ТикТок, БајтДенс, ќе му …

Трамп: ТикТок е закана, но забраната на апликацијата ќе ги погоди децата и ќе го зајакне Фејсбук Read More »

Бајден претстави предизборен буџет, предлага поголем данок за корпорациите


 Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот ја претстави својата политичка визија за можен втор четиригодишен мандат, предлагајќи буџет од 7,3 трилиони долари за изборна година, со цел да ги убеди скептичните Американци дека може да ја води економијата подобро од Доналд Трамп. Бајден сака да ги зголеми даноците на корпорациите и богатите за да го …

Бајден претстави предизборен буџет, предлага поголем данок за корпорациите Read More »

Ѓоковиќ елиминиран во Индијан Велс од Нарди, 123. на АТП листата


Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс (САД). Србинот ноќеска во третото коло загуби од Италијанецот Лука Нарди во три сета – 4:6, 6:3, 3:6. Противник на Нарди кој е 123 на светското рангирање, во четвртото коло на турнирот ќе биде Американецот Томи …

Ѓоковиќ елиминиран во Индијан Велс од Нарди, 123. на АТП листата Read More »

Зеленски: На Украина не и треба француската армија, вашите деца нема да умираат кај нас


На Киев не му треба присуството на француски воен персонал, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски. -Сè додека Украина издржува, француската армија може да остане на француска територија. Вашите деца нема да умираат во Украина. Доколку Русија дојде во конфликт со земја на НАТО, вашите деца може да бидат испратени во една од земјите на …

Зеленски: На Украина не и треба француската армија, вашите деца нема да умираат кај нас Read More »

Украина го повика амбасадорот на Ватикан поради „белото знаме“


Украинското Министерство за надворешни работи го повика папскиот нунциј да изрази „разочарување“ поради изјавите на папата Франциско дека Украина треба „да ја покаже храброста на белото знаме“ и да започне преговори со Русија за ставање крај на двегодишната војна. На папскиот амбасадор во Украина, литванскиот надбискуп Висвалдас Кулбокас, му било кажано дека Папата треба да …

Украина го повика амбасадорот на Ватикан поради „белото знаме“ Read More »

Бајден: Нема потреба од дополнителни американски војници на полската граница


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека нема потреба од дополнителни американски војници на полската граница. Бајден ставот го кажа на еден ден пред да се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот Доналд Туск. 

Сенатот на САД бара отворање на првиот кластер на Македонија со ЕУ без нови билатерални услови


  САД го поддржаа пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ) во најнова резолуција во Сенатот, спонзорирана од демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит Рикетс и Том Тилис. Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски …

Сенатот на САД бара отворање на првиот кластер на Македонија со ЕУ без нови билатерални услови Read More »

Украински дронови нападнаа руска фабрика за гориво


Украина изврши напади со беспилотни летала врз фабрика за гориво и енергија во руската провинција Ориол, изјави денеска гувернерот на централната руска покраина. Тој додаде дека остатоците од дронот паднале на комплексот. „Немаше жртви“, напиша гувернерот Кличков на Телеграм. Според службата за итни случаи, еден танкер бил запален како последица на нападот.