(Видео) Промашување на сезоната: Ова може да му се случи и на Кристијано Роналдо


Славниот Португалец има огромна желба меѓу своите многубројни трофеи да ја вклучи и азиската Лига на шампиони, но тоа овој пат не му успеа.

Се одигра натпреварот од четвртфиналето на азиската Лига на шампиони меѓу Ал Наср и Ал Аин, а Кристијано Роналдо и неговите избраници не се пласираа во полуфиналето, откако во првиот меч беа поразени со 0:1.

Саудиски Ал Наср загуби на пенали од Ал Аин во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони. Во реваншот одигран синоќа во Ријад тимот на Роналдо победи со 3:2 по продолженија. Основните 90 минути завршија со 2:1, а во дополнителните 30 беа постигнати по еден гол на двете страни, па се дојде до вкупни  4:4 заедно со резултатот (1:0) од првиот натпревар.

Во пенал серијата за Ал Наср погоди само Роналдо, додека за тимот од ОАЕ ги реализира првите три удари од 11 метри и избори четвртфинале.

Во полуфиналето на азиската Лига на шампиони, Ал Аин ќе се сретне со победникот од двојката Ал Хилал – Ал Итихад. 

Ал Наср се најде во големи проблеми на почетокот на мечот, откако го прими првиот гол, а потоа во последната минута од првото полувреме и вториот. Сепак, во судиското надополнување се вратија на 1:2, а потоа во 51. минута дојде и враќањето во мечот.

Ал Наср можеше целосно да се врати во 61. минута, кога Роналдо имаше совршена шанса, но го направи едно од најголемите промашувања во кариерата.

Откако голманот на гостите одбрани удар на еден од соиграчите, топката дојде до Роналдо, кој имаше задача само да ја внесе во мрежата од околу три метри.

Но, тој успеа да го испрати покрај голот, а потоа со неверување се фати за глава.

Видеото може да го видите на следниот ЛИНК.

Или, во продолжение, на 3,40 минути: