Промоција на хибридната инклузивна сликовница „Шарени ириси“


Во рамки на првото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“ вечер ќе биде промовирана новатата хибридна инклузивна сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука „Шарени ириси“, во издание на „Арс Ламина“. Tекстот е на Јована Матевска Атанасова, а за акварелните илустрации се погрижи Симонида Филипова Китановска. Сликовницата е и за лица …

Промоција на хибридната инклузивна сликовница „Шарени ириси“ Read More »

Иранскиот претседател Раиси загина во хеликоптерска несреќа


Сите девет лица во хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој се урна во северозападниот дел на земјата загинаа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА и државната телевизија. Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан се меѓу деветте загинати, пренесува ДПА. No trace of survivors at site of Iranian president’s copter crash: IRSC …

Иранскиот претседател Раиси загина во хеликоптерска несреќа Read More »

Поради поставување водоводен приклучок без вода неколку улици во Козле


 Поради водоводен приклучок од ф 80мм на ул. „Милан Марковиќ бр. 7 без вода денеска ќе бидат корисниците од оваа и од улиците „Милан Марковиќ“, „Копачка“, „Пијанец“, „Крчин“, како и дел од улиците „Козле“ и „Леринска“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување …

Поради поставување водоводен приклучок без вода неколку улици во Козле Read More »

Одбележување на Денот на македонските пожарникари – 20 Мај


Во Противпожарната бригада на Град Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на македонските пожарникари – 20 Мај. – На 20 Мај, Денот на македонските пожарникари, им оддаваме поддршка и признание на пожарникарите кои секојдневно даваат максимални напори со цел да го заштитат нашиот град и нашата безбедност. Ја изразуваме нашата благодарност на пожарникарите од Противпожарната …

Одбележување на Денот на македонските пожарникари – 20 Мај Read More »

Македонско-српски лингвистички средби


„Македонско-српски лингвистички средби“ ќе се одржуваат денеска и утре во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.  Орагнизатори на средбите се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во соработка со Институтот за српски јазик при САНУ. Според програмата, денеска ќе бидат презентирани проектите: „Етимолошки речник на македонскиот јазик“, претставен од проф. д-р Гоце Цветановски; …

Македонско-српски лингвистички средби Read More »

Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната од 22 …

Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме Read More »

УКИМ ги одбележува 75-годишниот јубилеј и Денот на Кирил и Методиј


 Од денеска до 23 мај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира свечености по повод 75-годишнината од основањето. Претпладнево, во 11 часот, во Ректоратот ќе бидат доделени наградите на надјобрите дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година и наградата „26 јули“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2022/2023 година. За утре вечер е предвидена Свечена …

УКИМ ги одбележува 75-годишниот јубилеј и Денот на Кирил и Методиј Read More »

Временските услови ја отежнуваат потрагата по хеликоптерот на Раиси


Потрагата по паднатиот хеликоптер со кој се патуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е отежната од густата магла, обилните врнежи од дожд, силниот ветер, како и темнината. Се очекува температурата да се спушти под нула степени. Претходно, командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од …

Временските услови ја отежнуваат потрагата по хеликоптерот на Раиси Read More »

Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот Раиси


Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од хеликоптерот и од мобилен телефон на еден од екипажот на местото на инцидентот. – Во моментов, заминуваме со сите воени сили во областа и се надевам дека ќе им дадеме добри вести на луѓето, посочи Абасголизадех …

Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот Раиси Read More »

Шпанија го отповика амбасадорот откако аргентинскиот претседател ја нарече сопругата на шпанскиот премиер „корумпирана“


Шпанија го отповика својот амбасадор во Буенос Аирес на консултации во неделата, откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеи даде погрдни коментари за сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез за време на десничарскиот митинг во Мадрид. Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес во изјавата исто така рече дека Мадрид бара јавно извинување од Милеи, по …

Шпанија го отповика амбасадорот откако аргентинскиот претседател ја нарече сопругата на шпанскиот премиер „корумпирана“ Read More »

Фрагмент од комета го осветли небото над Шпанија и Португалија (видео)


Блескав фрагмент од комета синоќа ненадејно го осветли небото над делови од Шпанија и Португалија, соопшти Европската вселенска агенција (ESA), а човек од Лисабон им кажа на новинарите дека глетката направила да „се чувствувал како филм“. Во неделата наутро, X платформата на ESA сподели видео снимено од сопствената камера од „многу светол метеор“ на небото …

Фрагмент од комета го осветли небото над Шпанија и Португалија (видео) Read More »

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија


Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали. Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, …

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија Read More »

САД разочарани што Сиљановска-Давкова не го користеше уставното име


САД го поддржуваат Преспанскиот договор со Грција и беа разочарани што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не го користеше уставното име Северна Македонија при инаугурацијата на функцијата, рече во разговор за „Сакам да кажам.мк“ Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот. Ален денеска со посетата на Македонија ја заврши турнејата низ …

САД разочарани што Сиљановска-Давкова не го користеше уставното име Read More »

Манчестер Сити ја освои рекордната четврта последователна титула


Манчестер Сити победи со 3:1 против Вест Хем во последното коло од Премиер лигата. Во последното, 38. коло од англиската Премиер лига, Манчестер Сити победи со 3:1 на „Етихад“ против Вест Хем Јунајтед, освојувајќи ја рекордната четврта последователна титула. Нецели две минути тлееше надежта на навивачите на Арсенал, кои мораше да бидат подобри од Евертон. …

Манчестер Сити ја освои рекордната четврта последователна титула Read More »

Верстапен победи на Големата награда на Емилија Ромања


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го освои првото место на трката за Големата награда на Емилија-Ромања. Холанѓанецот по трет пат во кариерата освои етапа во Имола, тој исто така победи тука во 2021 и 2022 година. Втор заврши возачот на Мекларен, Ландо Норис, за кого ова беше трет подиум по ред. Британецот загуби од …

Верстапен победи на Големата награда на Емилија Ромања Read More »

Ѓорческа на стартот од квалификациите на Ролан Гарос против Рувруа


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во следната недела ја очекува настап на квалификациите на Ролан Гарос. На денешната ждепка за квалификациите македонската тенисерка за противничка во првото квалификациско коло ја доби домашната тенисерка Французинката Марго Рувруа. Рувруа има 23 години и се наоѓа на 277. место на ВТА листата и во квалификациите настапува со вајлд …

Ѓорческа на стартот од квалификациите на Ролан Гарос против Рувруа Read More »

Детектор: Секој трет размислува да се исели од Македонија


Секој трет човек во Македонија размислува да се исели од државата, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 32,3% од анкетираните рекле дека размислуваат или некогаш размислувале да се иселат од државата додека 63,6% не размислувале на оваа тема. Иако не се големи разликите, …

Детектор: Секој трет размислува да се исели од Македонија Read More »

ИРНА: Сè уште се трага по хеликоптерот


Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тврдо слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран. Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси …

ИРНА: Сè уште се трага по хеликоптерот Read More »

Ново детско катче и простор за одмор на улицата „Ѓорѓи Димитров” во Општина Кисела Вода


 Во Општина Кисела Вода, на улицата „Ѓорѓи Димитров” ​е отворено ново детско катче. Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, има и терен за мал фудбал, а просторот е дополнет со урбана опрема и зеленило што овозможува одмор и дружење и за повозрасните. -Се работи за ново детско катче, нова урбана опрема, клупи, нова подлога и игралиште за …

Ново детско катче и простор за одмор на улицата „Ѓорѓи Димитров” во Општина Кисела Вода Read More »

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ? Објавена е студија


Германија би претрпела сериозна економска штета доколку ја напушти Европската унија, пишуваат истражувачите од Германскиот економски институт (IW) во извештајот што го виде германската новинска агенција Дпа. Напуштањето на ЕУ, пишуваат економистите во нивната анализа, „ќе доведе до сериозна економска криза и долгорочно губење на просперитетот за населението во Германија“. Екстремно десничарската партија Алтернатива за …

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ? Објавена е студија Read More »