Ребалансот на Буџетот од утре пред пратениците на пленарна седница


Утре започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година, во рамки на 12. седница на Собранието. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата. Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по …

Ребалансот на Буџетот од утре пред пратениците на пленарна седница Read More »

Сончево и топло со слаб до умерен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб, а долж Повардарието и во источните делови повремено умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со …

Сончево и топло со слаб до умерен ветер Read More »

Српскиот премиер учесниците на протестот ги нарече разбиена банда, МВР ќе поднесе кривични и прекршочни пријави


Учесниците на протестот на „Теразије“ во Белград српскиот премиер Александар Вучиќ ги нарече разбиена банда, додека министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ најави дека по завршувањето на протестот дошло до тешко нарушување на јавниот ред и мир и прекршување на законите и дека против сите сторители ќе бидат поднесени кривични и прекршочни пријави, јави дописникот …

Српскиот премиер учесниците на протестот ги нарече разбиена банда, МВР ќе поднесе кривични и прекршочни пријави Read More »

Стив Кари со неверојатна низа тројки не дозволи пресврт – кошаркарите на САД до петто олимписко злато во низа


Кошаркарите на Соединетите Американски Држави го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз, откако во финалето вечерва ја совладаа Франција со 98-87 (20-15, 29-26, 23-25, 26-21). Тоа е 17. олимписко злато на САД, петто по ред и осмо на последните девет олимписки турнири. Единствени кои успеаја да освојат злато во тој период беа аргентинските …

Стив Кари со неверојатна низа тројки не дозволи пресврт – кошаркарите на САД до петто олимписко злато во низа Read More »

По протестот во Белград, блокирани двете главни железнички сатници, утре и на други места во Србија


По завршување на протестот на „Теразија“ во Белград на еколошките организации против отворањето рудници за литиум во Србија, студентите и организаторите ги блокираа двете главни железнички станици во Белград и најавија дека утре ќе има блокади на уште три места во Србија. Учесниците на протестот премиерот Милош Вучелиќ ги нарече „разбиена банда“, јави дописникот на …

По протестот во Белград, блокирани двете главни железнички сатници, утре и на други места во Србија Read More »

Падна рекордна седумка на Лото од 1,7 милиони евра, ливчето уплатено во Охрид


По подолго време извлечена е седумка на Лото, и тоа со рекордни 1,7 милиони евра. Среќениот добитник на рекордната награда, ливчето го уплатил во Охрид, и тој ќе добие 1, 76 милиони евра. Во вечерашново извлекување добината комбинација беше  7, 31, 33, 36, 10, 27, 35.

Активни пожари во Македонски Брод, Охрид, Новаци, Кичево и Струга


Вкупно 29 пожари на отворено имаше во текот на денешниот ден на територија на цела држава, од кои 21 се изгаснати, два се ставени под контрола. Шест пожари се уште се активни, изјави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.  Најтешкиот пожар, како што информира, е на територија на општина Макдонски …

Активни пожари во Македонски Брод, Охрид, Новаци, Кичево и Струга Read More »

Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил


Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил, објавија американските медиуми, повикувајќи се на локалните власти. Претходно денеска во јужната бразилска држава Сао Паоло се урна патнички авион со 62 лица. На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како леталото удира во дрвја, по што од местото на несреќата почнал да се издига густ …

Нема преживеани во авионската несреќа во Бразил Read More »

Олимпиското злато за фудбалерите на Шпанија кои беа подобри во продолженијата против Франција


Шпанската машка фудбалска репрезентација го освои златото на Олимписките игри во Париз. Во финалето Шпанците вечерва го совладаа францускиот тим. Во регуларното време натпреварот заврши нерешено – 3:3. Во продолженијата Шпанците погодија двапати за конечни 5:3. Головите за Шпанија ги постигна Фермин Лопез (два), Алекс Баена и Серхио Камело кој погоди двапати во продолжението.  За …

Олимпиското злато за фудбалерите на Шпанија кои беа подобри во продолженијата против Франција Read More »

Русија го предупредила Вучиќ за подготовки за немири и државен удар


Претседателот Александар Вучиќ вечерва потврди дека од Руската Федерација пристигнало предупредување за подготовки за немири и државен удар во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. -Денеска добивме официјални информации од Руската Федерација, информации пренесени и донесени преку официјални канали. Да, ја добивме таа информација и се занимаваме со неа. Одговорна е БИА, луѓето специјализирани …

Русија го предупредила Вучиќ за подготовки за немири и државен удар Read More »

Белата куќа САД потврди дека и обезбедиле информации на Австрија за заговорот за концертот на Свифт


САД им обезбедија разузнавачки информации на Австрија што помогнаа да се прекине наводниот заговор на ИД за напад на концерт на Тејлор Свифт, потврди денеска Белата куќа. -САД споделија информации со австриските партнери за да овозможат спречување на заканата на концертот, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби.

Канаѓаните најбрзи во штафетата 4х100 метри на Олимписките игри во Париз


Канадските спринтери во атлетика освоија златен медал во штафетата 4х100 метри на Олимписките игри 2024. Тие победија со резултат е 37,50 секунди. Тркачите од репрезентацијата на Јужна Африка завршија на второто место (37,57 секунди). На третото место се најдоа Британците (37,61). Тимот на САД кој важеше за прв фаворит направи грешка при минувањето на палката …

Канаѓаните најбрзи во штафетата 4х100 метри на Олимписките игри во Париз Read More »

Вјоса Османи на враќање го заобиколила скопскиот аеродром, немало основни безбедносни услови


Претседателството на Косово ги отфрли наводите на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) на Северна Македонија, во врска со инцидентот од 1 август со претседателката Вјоса Османи со обезбедувањето на скопскиот аеродром, оценувајќи дека „РСМ ги прекрши меѓународните правила кои се применуваат насекаде во светот со барањето да го скенира телефонот на претседател на друга држава“, …

Вјоса Османи на враќање го заобиколила скопскиот аеродром, немало основни безбедносни услови Read More »

Бах: Олимписките игри во Париз се љубовна приказна


Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах изјави дека Олимписките игри во Париз можат да се наречат љубовна приказна. – Мислам дека Олимписките игри во Париз во 2024 година се љубовна приказна. Спортистите, Французите и навивачите ширум светот се заљубени во овие Игри, изјави Бах. Летните олимписки игри во француската престолнина ќе траат до …

Бах: Олимписките игри во Париз се љубовна приказна Read More »

ОН: Јули беше најсмртоносниот месец за цивилите во Украина од октомври 2022 година


Јули беше најсмртоносниот месец за цивилите во Украина од октомври 2022 година, соопшти Мониторинг мисијата на Обединетите нации за човекови права во Украина, во услови на зголемено гранатирање од страна на Русија, објавија британските медиуми. -Високиот број на жртви во јули го продолжи вознемирувачкиот тренд на зголемување на цивилните жртви од март 2024 година, се …

ОН: Јули беше најсмртоносниот месец за цивилите во Украина од октомври 2022 година Read More »

АХВ: Одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апалеира одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари. Како што информира, ја следи состојбата со оваа болест која е потврдена во регионов. -Со цел зачувување на статус земја слободна од болеста, извоз на живи животни, месо од овци и кози …

АХВ: Одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари Read More »

Постигнат договор за откупната цена на оризот


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека е постигнат договор за откупната цена на оризот. На денешната средба во неговиот Кабинет е договорено откупните цени за крупните сорти да изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти, а за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти. Како што наведува Трипуновски, …

Постигнат договор за откупната цена на оризот Read More »

Отидоа во вселената на осум дена, а може да бидат заглавени до 2025 година


Кога двајца американски астронаути полетаа на пробна мисија до Меѓународната вселенска станица на 5 јуни, тие очекуваа да се вратат дома за неколку дена. Но, работите не одеа баш според планот. Всушност, Бери „Буч“ Вилмор и Сунита Вилијамс сè уште се таму, лебдејќи високо над Земјата речиси два месеци подоцна. Двајцата – кои се заглавени …

Отидоа во вселената на осум дена, а може да бидат заглавени до 2025 година Read More »

УЈП: Дали поднесовте ДДВ 04 за изминатиот даночен период


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници за редовната даночна обврска – поднесување на даночни пријави за Данокот на додадена вредност за периодот 01.07.2024-31.07.2024 година. ДДВ – пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет. Управата за јавни приходи очекува  7407 даночни обврзници да поднесат ДДВ-04 …

УЈП: Дали поднесовте ДДВ 04 за изминатиот даночен период Read More »

Основачот на „Тему“ станува најбогат Кинез


Колин Хуанг, основачот на кинеската групација PDD Holdings, која е сопственик на популарната платформа за е-трговија со попусти „Тему“, е најбогатата личност во Кина според рангирањето на милијардери што денеска го објави агенцијата Блумберг. PDD Holdings е матична компанија на „Pinduoduo“, која од нејзиното лансирање во Кина во 2015 година, ги направи производите подостапни.  За …

Основачот на „Тему“ станува најбогат Кинез Read More »