Норвешките граничари на линијата на фронтот во борбата против „цунамито од кокаин“


  Норвешките цариници вооружени со шрафцигер,  пајсер и рачен скенер, се искачија на врв на контејнери за ладење. Со впечатливата глетка на Ослофјорд зад нив и вртење на вентилаторите на фрижидерот, тие го отвораат задниот дел од запечатениот контејнер со банани од Костарика. „Можете да видите колку простор има внатре“, изјави царинскиот службеник Гард Белген …

Норвешките граничари на линијата на фронтот во борбата против „цунамито од кокаин“ Read More »

Телеграм соопшти дека Дуров нема што да крие


Компанијата Телеграм синоќа соопшти дека нејзиниот основач и извршен директор Павел Дуров, кој беше уапсен во Париз, „нема што да крие“. – Апликацијата Телеграм е во согласност со европските закони, вклучително и Регулативата за дигитални услуги, нејзиното модерирање е индустриски стандард, соопшти компанијата со седиште во Дубаи. – Дуров нема што да крие и често …

Телеграм соопшти дека Дуров нема што да крие Read More »

Член на екипа на Ројтерс загина во напад врз хотел во Краматорск, уште двајца негови колеги ранети


Рајан Еванс, член на екипа агенцијата Ројтерс, која известуваше за војната во Украина, загина, а двајца негови колеги-новинари се повредени во напад врз хотел во источниот украински град Краматорск, соопшти агенцијата. Еванс (38), кој работел како советник за безбедност во агенцијата, бил убиен во саботата кога проектил го погодил хотелот Сафир, каде што престојувала шестчлената …

Член на екипа на Ројтерс загина во напад врз хотел во Краматорск, уште двајца негови колеги ранети Read More »

Исламската држава објави видео од наводниот напаѓач со нож во Солинген


Терористичката организација Исламска држава (ИД) објави видео на кое наводно се гледа осомничениот одговорен за фаталниот напад со нож во градот Солинген во западна Германија, јави ДПА. На околу едноминутното видео може да се види маскиран млад човек кој држи долг нож кон камерата. Тој на арапски му ветува верност на лидерот на Исламската држава, …

Исламската држава објави видео од наводниот напаѓач со нож во Солинген Read More »

Ким Џонг-ун го надгледуваше тестирањето дронови произведени во Северна Кореја


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во текот на викендот надгледуваше тестирање на беспилотни летала развиени во земјата, објави севернокорејската агенција КЦНА. Севернокорејскиот водач го посети Институтот за беспилотни летала на севернокорејската академија за одбранбени науки и учествуваше во успешното тестирање на беспилотни летала кои идентификуваат и уништуваат одредени цели откако летаа по различни претходно поставени …

Ким Џонг-ун го надгледуваше тестирањето дронови произведени во Северна Кореја Read More »

Русите ја нападнаа областа околу Киев, Украинците ги нападнаа руските Саратов и Енгелс


Околу десетина дронови се уништени додека се приближувале до градот во регионот околу Киев, соопшти на Телеграм Серхиј Попко, шеф на воената администрација на Киев. Тој додаде дека оценката за јачината на нападот ќе биде позната подоцна денеска. Поголемиот дел од централна и источна Украина околу 2:30 часот беше под предупредување за воздушен напад. Во …

Русите ја нападнаа областа околу Киев, Украинците ги нападнаа руските Саратов и Енгелс Read More »

Сообраќајот тековно, на граничните премини нема подолги задржувања


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на …

Сообраќајот тековно, на граничните премини нема подолги задржувања Read More »

Без договор завршија вчерашните преговори во Каиро за прекин на војната во Газа


 Засега има минимални изгледи за успех на преговорите што се водат со поддршка на САД за да се стави крај на повеќемесечната војна во Појасот Газа. Повеќемесечните преговори не успеаја да донесат договор за прекин на разорната воена кампања на Израел врз Газа или за ослободување на преостанатите заложници заробени од Хамас во нападот на …

Без договор завршија вчерашните преговори во Каиро за прекин на војната во Газа Read More »

Меѓународен поетски митинг пред Музејот на современа уметност во рамките на СВП


Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје во 20,3о часот, вечерва,  завршува 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа 25 странски и 50-тина домашни поети. Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен …

Меѓународен поетски митинг пред Музејот на современа уметност во рамките на СВП Read More »

Температури до 36 степени, попладне пороен дожд и грмежи


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне …

Температури до 36 степени, попладне пороен дожд и грмежи Read More »

Концерт во КИЦ-Скопје по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза


Во Културно информативен центар вечер ќе се одржи класичен концерт по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза. На настанот е најавено обраќање на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Погрешно толкување на влијанието на монетарната политика


Овогодинешниот економски симпозиум на централните банкари од целиот свет во Џексон Хол со право се фокусира на механизмот за монетарно-трансмисиски механизам, каналот преку кој монетарната политика влијае на пошироките економски и финансиски услови. Иако Федералните резерви на САД ги зголемија каматните стапки за 500 базични поени помеѓу март 2022 година и јули 2023 година, се …

Погрешно толкување на влијанието на монетарната политика Read More »

Исламска држава ја презеде одговорноста за масакрот во Солинген: Еве која е причината


Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во германскиот град Солинген во кој маж со нож избоде три лица до смрт и рани осум. Милитантната група објави на Телеграм дека нападот го извршил еден нејзин член „како одмазда за муслиманите во Палестина и сите други места“, пренесе Хина. Нападот во петокот, во кој маж уби …

Исламска држава ја презеде одговорноста за масакрот во Солинген: Еве која е причината Read More »

Тошковски без прецизен одговор за бегството на Рамадани, чека да се произнесе Обвинителството


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва го повика Јавното обвинителство „максимално брзо и ефикасно“, да постапи согласно сите потребни процесни дејствија што треба да се преземат во насока да се расветли бегството на Блерим рамадани. Прашан за бегството на косовскиот државјанин Рамадани, лице барано од страна на Интерпол за сторено кривично дело во Србија, …

Тошковски без прецизен одговор за бегството на Рамадани, чека да се произнесе Обвинителството Read More »

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја враќа политиката на евтина работна сила


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Берово оцени дека првите месеци од работата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се големо разочарување, а најразочарани се работниците кои се надевале на повисоки плати. „Се сретнав со работници, со млади и возрасни. Кај сите нив има огромно разочарување од првите месеци на Владата. Најразочарани се работниците и оние …

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја враќа политиката на евтина работна сила Read More »

НАСА со летало на „Спејс Икс“ ќе ги враќа двајцата астронаути заглавени на МВС, но дури во февруари


Американската вселенска агенција, НАСА денеска одлучи дека е премногу ризично да се вратат двајца астронаути Сунита Вилијамс и Бери Вилмор на Земјата во проблематичната нова капсула на „Боинг“, па ќе мора да почекаат до следната година за да се вратат со помош на „Спејс Икс“. Пилотот Вилијамс и командантот Вилмор полетаа со новото вселенско летало …

НАСА со летало на „Спејс Икс“ ќе ги враќа двајцата астронаути заглавени на МВС, но дури во февруари Read More »

Дибала поради Рома одби договор вреден 75 милиони евра


Стана позната сумата на договорот што ја одби аргентинскиот напаѓач на Рома, Пауло Дибала. Ал Кадисија на 30-годишниот фудбалер му понудил четиригодишен договор вреден 75 милиони евра ова лето. Сепак, Пауло во последен момент се предомислил за потпишување договор со саудискиот клуб, решавајќи да остане верен на клубот и верните навивачи. – Изборот на Дибала …

Дибала поради Рома одби договор вреден 75 милиони евра Read More »

Портпаролот на коалицијата Вреди ја замрзнува функцијата по обвинувањата за неговиот татко


Потпаролот на коалицијата Вреди, Фари Хисени, денеска преку социјалните мрежи соопшти дека привремено ќе ги замрзне политичките активности, поради како што наведе самиот постапка од обвинителствот против неговиот татко. Претходно во текот на денот, Јавното обвинителство соопшти дека отвори истрага против 58 годишен скопјанец поради преземени полови дејствија против малолетник роден 2008 година. Обвинителството во …

Портпаролот на коалицијата Вреди ја замрзнува функцијата по обвинувањата за неговиот татко Read More »

Инвеститорите очекуваат ЕЦБ да продолжи да ги намалува каматните стапки


Членовите на Европската централна банка ја минимизираа загриженоста дека инфлацијата во еврозоната може да остане непријатно висока, наведувајќи во записникот од нивниот состанок во јули дека се отворени за можноста за намалување на каматните стапки на следниот состанок. Внимателно следените показатели за долгорочните инфлациски очекувања во Европа ги достигнаа најниските нивоа во речиси две години, …

Инвеститорите очекуваат ЕЦБ да продолжи да ги намалува каматните стапки Read More »

Дуда: Денот на независноста на Украина е празник за цела Централна Европа


Денот на независноста на Украина е празник на независноста на цела Централна Европа, бидејќи без независна Украина не може да има независна Полска и други земји во регионот, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда за време на говорот на плоштадот Софија во Киев на по повод државниот празник. „Денот на вашата независност е, во извесна смисла, …

Дуда: Денот на независноста на Украина е празник за цела Централна Европа Read More »