Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум бидејќи пропадна тендерот за организацијата


Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој настан, јавија сараевските медиуми. За организатор беше избрана фирмата „Мајндсет“, но по поднесена жалба тендерот е поништен. Босна и Херцеговина требаше да биде домаќин на тој настан под покровителство на бројни меѓународни асоцијации и организации, …

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум бидејќи пропадна тендерот за организацијата Read More »

Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид


Посмртните останки на упокоениот Митрополит Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, ќе бидат погребани денеска на пладне, во јужната апсида на храмот на „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид. Според одлуката на Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, церемонијата на погребението ќе започне во 9 часот во црквата „Света Софија“, со Света литургија со која …

Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид Read More »

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум


АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за количините и цената по која ќе му ја продава електричната енергија по 1 јануари 2025 година. Токму од оваа цена најмногу зависи и крајната цена во сметките што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар на електрична енергија од 1 …

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум Read More »

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност


Времето денеска претпладне ќе биде магливо по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне во делови …

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност Read More »

Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет


Министерството за правда, во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, организира тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија. Настанот ќе се одржи од 10:30 до 14:30 часот, во салата на Апелационен суд Битола. Воведно обраќање на настанот ќе има Ален Деребан, …

Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет Read More »

Украинскиот енергетски сектор утрово е „под голем непријателски напад“


Енергетската инфраструктура на Украина утрово е „под голем непријателски напад“ објави министерот за енергетика на земјата, откако беше прогласена тревога за воздушен напад низ целата држава. „Уште еднаш, енергетскиот сектор е под голем непријателски напад. Напади врз енергетски објекти се извршуваат низ Украина“, објави Герман Галушченко на Фејсбук. Тој додаде дека операторот на националната електрична …

Украинскиот енергетски сектор утрово е „под голем непријателски напад“ Read More »

Јапонец сретна Американец во Белград и го праша дали зборува српски, разговорот е урнебесен


На социјалните мрежи се шири вирално видео на Јапонецот Јуџи Белезе, кој живее во Виена, а на улиците на Белград го запозна Американецот Џибри Бел, инфлуенсер познат по виралните видеа на кои се среќава со минувачите во српската метропола. Јапонецот го праша Американецот од каде е, на што овој му одговори дека доаѓа од различни …

Јапонец сретна Американец во Белград и го праша дали зборува српски, разговорот е урнебесен Read More »

Црвена звезда му даде пет гола на Штутгарт за прва победа во Лигата на шампионите


Црвена звезда ја оствари првата победа во новиот формат на Лигата на шампионите откако многу решително и заслужено го совлада Штутгарт со 5:1 во Белград.  „Црвено-белите“ досега немаа освоено ниту еден бод на турнирот и изгледаа дека повторно ќе загубат откако заостануваа во петтата минута по голот на Ермедин Демировиќ.  Сепак, Звезда уште пред паузата …

Црвена звезда му даде пет гола на Штутгарт за прва победа во Лигата на шампионите Read More »

Централната банка на Русија се обидува да го запре падот на вредноста на рубљата


Централната банка на Русија (БЦР) соопшти дека од денеска до крајот на годинава нема да купува девизи на девизниот пазар со цел да го запре падот на вредноста на рубљата, која е на најниско ниво во однос на доларот и еврото од средината на март 2022 година. Пред почетокот на руската војна против Украина во …

Централната банка на Русија се обидува да го запре падот на вредноста на рубљата Read More »

Нов бизнис поткаст „Бизнис клуб“ на Стопанската комора од утре на Јутјуб каналот


 Сузбивањето на корупцијата и сивата економија, брзата гасификација на државата, ликвидноста на стопанството, инфраструктурата и регулирањето на електронските медиуми се главни предизвици со кои се соочува стопанството последните десеттина години, заклучи денеска претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески. По промоцијата на нов бизнис подкаст и бизнис публикациите „Стратешки документи на Комората“ и …

Нов бизнис поткаст „Бизнис клуб“ на Стопанската комора од утре на Јутјуб каналот Read More »

Подлегна на повредите тинејџерот кој беше претепан кај Хемиското училиште во Лесковац


Ученикот А.И. (16), кој денеска беше претепан пред Хемиското училиште во Лесковац, им подлегнал на повредите, потврдија во лесковачката општа болница, јави дописникот на МИА од Белград. – Донесен е без свест, со широки зеници, бледа кожа и слузокожа, без пулс и немерлив притисок, изјави директорот на Општата болница Лесковац, Небојша Димитријевиќ, додавајќи дека реанимацијата …

Подлегна на повредите тинејџерот кој беше претепан кај Хемиското училиште во Лесковац Read More »

„Костал“ инвестира 50 милиони евра, нови 250 вработувања во следните 4 години


„Костал Македонија“ денеска во кругот на фабриката во Охрид, ја промовираше третата фаза од инвестцискиот циклус во кој се предвидени вложувања од 50 милиони евра што ќе овозможи нови 250 вработувања во следните четири години. „Импресивни се плановите за во иднина. Импресивни се и новите инвестиции од 50-тина милиони евра во следниве 4 години, но …

„Костал“ инвестира 50 милиони евра, нови 250 вработувања во следните 4 години Read More »

Не сите банки прифатиле да даваат кредити за компаниите од унгарскиот заем


Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека банките не биле едногласни во прифаќањето на условите под кои ќе треба да ги одобруваат кредитите на компаниите од унгарскиот заем, односно дека има и такви за кои каматната стапка од 1,95 отсто е неприфатлива. Премиерот Мицкоски изјави дека „речиси сите банки прифатија да ги пуштат во оптек парите …

Не сите банки прифатиле да даваат кредити за компаниите од унгарскиот заем Read More »

Започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ фондови за одржлива енергија, 5,2 милиони евра за енергетски реформи


Активно работиме и посветени сме за достигнување на нашата цел – одржлив економски раст и енергетска независност на земјата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, на отворањето на пленарниот состанок на Секторската работна група за ИПА 3 – Прозорец 3: Зелена агенда и одржливо поврзување, со фокус на потсекторот Енергија, што …

Започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ фондови за одржлива енергија, 5,2 милиони евра за енергетски реформи Read More »

Избрани се тројца членови на Одборот на директори на АмЧам


Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам), во вторникот, на 26-ти ноември, го одржа своето 24-то Генерално Собрание на кое беа избрани тројца членови на Одборот на директори, се доделија признанија за најдобрите практики на општествена одговорност (CSR) на компаниите-членки и беше направен преглед на најзначајните постигнувања за годината што изминува. Собранието беше отворено со …

Избрани се тројца членови на Одборот на директори на АмЧам Read More »

Архитектонскиот факултет – Скопје одбележа 75 години постоење


Архитектонскиот факултет – Скопје денеска одбележа 75 години од формирањето. Како што информираат од Архитектонскиот факултет, значајниот јубилеј се одбележал со свечена конференција во амфитеатарот на факултетот на која присуствувале поранешни и сегашни професори, врвни професионалци во дејноста, значајни гости и соработници од земјава и светот, кои заеднички се осврнале на најзначајните моменти од долгата …

Архитектонскиот факултет – Скопје одбележа 75 години постоење Read More »

Конференција на МОТ: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог


Справувањето со недостигот на работна сила – сѐ позначаен предизвик во Северна Македонија – вклучува мерки кои ќе го помогнат вработувањето на невработените лица и ќе ги подобрат условите за работа и продуктивноста. Препораките за справување со овој предизвик се дел од студијата изготвена од Меѓународната организација на трудот (МОТ). Студијата која содржи длабинска анализа …

Конференција на МОТ: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог Read More »

Анкета на ИФО: Реизборот на Трамп ќе влијае негативно врз економиите на Европа и Германија


Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД ќе има главно негативно влијание врз економиите на Европа и Германија, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг” (ФАЗ), спроведена со 180 економисти. Како што се наведува, 20 отсто од економистите очекуваат дека реизборот на Трамп …

Анкета на ИФО: Реизборот на Трамп ќе влијае негативно врз економиите на Европа и Германија Read More »

Русите се свртеа кон кинеските автомобилски брендови


Кинеските брендови зафаќаат околу 70 отсто од пазарот за нови автомобили во Русија, изјави аналитичарот на податоци од компанијата „Авито Авто“, Артјом Соколов. Руските производители во исто време ги достигнале планираните производствени капацитети, а нивниот удел на пазарот на нови автомобили во Русија достигнал 22 отсто во октомври 2024 година, пренесува ТАСС. Соколов додаде дека …

Русите се свртеа кон кинеските автомобилски брендови Read More »

Минималната плата во фокусот на Економско социјалниот совет во почетокот на декември


Во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, според најавите на министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата. Министерот Дурмиши денеска изјави дека во Буџетот се предвидени пари за оваа намена, но дека треба да се разговара со сите засегнати страни колкаво би било зголемувањето. …

Минималната плата во фокусот на Економско социјалниот совет во почетокот на декември Read More »