Зошто предлогот на Фискалниот совет за одење во пензија предизвика гнев?


  Фискалниот совет со предлогот за зголемување на старосната граница за одење во пензија од сегашните 64 години на 67 и тоа почнувајќи од 2026 година, како и за покачување на стапката за пензискиот придонес за 0,7 процентни поени, а ако треба и уште повеќе, предизвика жестоки реакции кај граѓаните, синдикатите, бизнисмените и кај дел …

Зошто предлогот на Фискалниот совет за одење во пензија предизвика гнев? Read More »

Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска одлучи да го назначи Џаред Ајзакмен за шеф на НАСА, а кој е близок соработник на Илон Маск, основачот на СпејсХ, кој тесно соработува со НАСА. Ајзакмен, пилот и комерцијален астронаут и извршен директор на компанијата за обработка на плаќања „Shift4 Payments“, ја води приватната програма Поларис, што се …

Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА Read More »

Обвинителството побара три години затвор за братот на Пол Погба


Обвинителството во Париз побара денеска затворски казни за шестмината вмешани во случајот со киднапирање и изнуда на францускиот фудбалер Пол Погба, објави весникот „Л’Екип“. За Матијас Погба, братот на поранешниот француски репрезентативец и светски првак со Франција во 2018 година, Обвинителството побара три години затвор од кои две условно, а една ефективно, во домашен притвор …

Обвинителството побара три години затвор за братот на Пол Погба Read More »

Италијанскиот амбасадор му додели титула „Почесен витез од редот ѕвезда на Италија“ на ректорот на Американ колеџ Марјан Бојаџиев


Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри денеска му додели титула „Почесен витез од орденот ѕвезда на Италија“ на ректорот на Универзитет Американ колеџ,Марјан Бојаџиев, како признание за неговиот придонес за поттикнување на меѓукултурен дијалог и унапредување на образовните стандарди помеѓу Северна Македонија и Италија. -Ректорот на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС), проф. Бојаџиев е успешен економист, едукатор …

Италијанскиот амбасадор му додели титула „Почесен витез од редот ѕвезда на Италија“ на ректорот на Американ колеџ Марјан Бојаџиев Read More »

Западен Балкан е поподготвен да увезува работници отколку да ги подобри работничките права


Земјите од Западен Балкан се поспремни да увезуваат работници отколку да ги подобрат работничките права, изјави денеска на новинарите во Белград Владимир Симовиќ од Центарот за еманципаторски политики. На презентацијата на анализата за параметрите на пристојната работа во регионот, тој рече дека генерално нема штрајкови за подобрување на работничките права во приватниот сектор, а нема …

Западен Балкан е поподготвен да увезува работници отколку да ги подобри работничките права Read More »

Маск: Работењето од дома е лицемерно и непродуктивно


Планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја укине работата од дома, за граѓаните полесно да ги решаваат бирократските проблеми, наиде на отпор. Синдикатите се погрижија вработените во Управата за социјално осигурување да можат да продолжат да работат од дома до 2029 година. Станува збор за дури 42.000 вработени кои допрва ќе можат да …

Маск: Работењето од дома е лицемерно и непродуктивно Read More »

Мицкоски: Македонија ќе се усогласи со Глобалниот корпоративен данок


  Единствената давачка за која во моментот размислуваме е за усогласување на македонското законодавство со Глобалниот корпоративен данок, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали Владата размислува за зголемување на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување. Мицкоски најави дека до крајот на годината ќе има усогласување на даночната политика со цел …

Мицкоски: Македонија ќе се усогласи со Глобалниот корпоративен данок Read More »

Предлог-буџетот за 2025 на собраниската седница закажана за 10 декември


На собраниската седница закажана за 10 декември се очекува да започне расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Согласно Деловникот за работа на Собранието, претресот по Предлогот на буџетот, односно по дополнетиот предлог на буџетот на седница на Собрание, се води во втората недела на месец декември и трае најмногу пет дена. Како што информираат за …

Предлог-буџетот за 2025 на собраниската седница закажана за 10 декември Read More »

Во Скопје Саем за вработување во организација на Стопанската комора и Ромалитико


Претставници на 25 компании членки на Стопанската комора денеска директно разговараат и интервјуираат околу 130 невработени Роми во рамки на Саемот за вработување организиран од Ромалитико во соработка со Стопанската комора. -Ромалитико за првпат организира ваков саем како уникатна можност да ја помогнеме вработливоста кај ромската заедница. Целта на настанот е ромската заедница денеска да …

Во Скопје Саем за вработување во организација на Стопанската комора и Ромалитико Read More »

МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“


Министерството за внатрешни работи (МВР) се вклучува во кампањата „Помисли двапати“ (Think Twice) на Меѓународната организација за криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ. Кампањата, како што информира МВР, е за зголемување на свесноста од растечките закани од сајбер или финансиски измами на луѓе, организации или институции. Кампањата вклучува серија кратки видеа кои се фокусираат на пет најголеми …

МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“ Read More »

Нови рекорди на Волстрит


На Волстрит, S&P 500 вчера достигна ново рекордно високо ниво, исто како и индексот Nasdaq, а тргувањето беше мирно додека инвеститорите чекаат нови вести кои би можеле да го насочат пазарот. Dow Jones загуби 0,17 отсто, на 44.705 поени, но S&P 500 порасна за 0,05 отсто, на 6.049 поени, а индексот Nasdaq 0,40 отсто, на …

Нови рекорди на Волстрит Read More »

НАТО стравува од нови сериозни саботажи и кибер-напади


НАТО стравува од нови сериозни акти на саботажа и кибер-напади на територијата на алијансата, изјави висок функционер на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел. Како што пренесе ДПА, тој рекол дека „особено Русија се чини дека станува сè поподготвена да повредува или загрозува животи преку саботажа во земјите-членки на …

НАТО стравува од нови сериозни саботажи и кибер-напади Read More »

Филип Рикер: Потрошивме многу време на Балканот, сега има и други предизвици


  Четврт век по конференцијата во Рамбује, Филип Рикер, поранешен заменик-помошник на американскиот државен секретар кој беше во тимот на актуелниот американски амбасадор во Белград, Кристофер Хил, на преговорите во Франција беше гостин на Белградскиот центар за безбедносна политика. Иако по напуштањето на Стејт департментот се сврте кон приватниот бизнис, Рикер сѐ уште со значително …

Филип Рикер: Потрошивме многу време на Балканот, сега има и други предизвици Read More »

Магла на планинскиот превој Буково


Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Буково.  АМСМ во утринскиот извештај информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. …

Магла на планинскиот превој Буково Read More »

Бугарските пратеници во нов – деветти обид – да изберат претседател на Парламентот


Бугарските пратеници претпладнево ќе остварат нов обид – деветти по ред за избор на претседател на Парламентот, јави БТА. Минатата недела тие повторно не успеаја да изгласаат шеф на законодавниот дом. Во петокот ГЕРБ-СДС ја смени тактиката – лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов објави дека ја повлекуваат кандидатурата на нивниот кандидат Раја Назарјан и ќе …

Бугарските пратеници во нов – деветти обид – да изберат претседател на Парламентот Read More »

„Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери


Пијанистот Дино Имери вечер во Културно-информативниот центар во Скопје, во 20 часот, ќе одржи настап на кој ќе го изведе најпознатото дело на музичкиот гениј Јохан Себастијан Бах – „Голдберг варијации“. Концертот насловен „Кодот на Бах“ е поддржан од Министерството за култура и туризам, а покрај овој централен настан, маестро Имери во соработка со Германската …

„Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери Read More »

Швјонтек ја отпушти својата менаџеркa по допинг скандалот


Полската тенисерка Ига Швјонтек го смени својот ПР менаџер поради допинг скандал. Пола Волицкаја, која со тенисерката соработуваше четири години, ќе си замине од функцијата и на нејзино место ќе дојде Дарија Сулгостовска. – Речиси четири години соработка со Ига станаа незаборавна авантура за љубителите на спортот и, во исто време, навистина уникатен професионален предизвик. …

Швјонтек ја отпушти својата менаџеркa по допинг скандалот Read More »

Дела на Пикасо и на Абрамовиќ на изложба во галеријата „Остен“


 Во галеријата „Остен“ вечер ќе биде отворена групната изложба „Се за портретот“, која е дел од интернационалното уметничко истражување на ниво на моменталната перцепција на уметничките остварувања на тема „портрет“. Изложбата во сличен состав на уметници беше премиерно претставена на меѓународната публика во Институтот за култура на Романија во Венеција од 15 до 20 ноември …

Дела на Пикасо и на Абрамовиќ на изложба во галеријата „Остен“ Read More »

Промоција на првиот роман на Румена Бужаровска – „Тони“


Во „Јавна соба“ во Скопје денеска ќе се одржи промоција на првиот роман на македонската писателка Румена Бужаровска – „Тони“, во издание на „Три“. Романот ќе биде промовиран со разговор меѓу Бужаровска, писателот Петар Андоновски и поетесата и главна уредничка на „Медуза“, Калиа Димитрова. -„Тони“ е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално …

Промоција на првиот роман на Румена Бужаровска – „Тони“ Read More »

Јужнокорејските опозициски партии поднесоа предлог-закон за импичмент на претседателот


Шест јужнокорејски опозициски партии поднесоа предлог-закон со кој се бара импичмент на претседателот Јун Сук Јеол, јави новинската агенција Јонхап. Предлог-законот беше поднесен до Националното собрание, законодавниот дом на земјата, во 14:40 часот по локално време. Шесте партии, вклучително и главната опозициска Демократска партија, одлучија заеднички да предложат иницијатива за отповикување на Јун по широката …

Јужнокорејските опозициски партии поднесоа предлог-закон за импичмент на претседателот Read More »