Уште два дена за поднесување на ДДВ –  04 пријавите


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави, дека рокот за поднесување на истите истекува во среда  на 25 декември 2024 година. До денес, од вкупно 7.397 очекувани ДДВ 04 пријави, поднесени се само 1.831 пријава, што претставува само 24,75% од вкупниот број. Остануваат уште 5.566 ДДВ- 04 …

Уште два дена за поднесување на ДДВ –  04 пријавите Read More »

Бизнисот уште ги чека условите за унгарскиот кредит


  Бизнисот сѐ уште не ги знае деталните услови под кои ќе може да добиваат пари од унгарскиот кредит, ниту пак има информации за кои се дејности ќе се одбруваат средствата преку комерцијалните банки. Бизнисмените се воздржуваат од коментар на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека не гледа пречка средствата од унгарскиот заем да …

Бизнисот уште ги чека условите за унгарскиот кредит Read More »

Од март 2025 повторно авиолинија меѓу Скопје и Амстердам


Нискобуџетната авиокомпанија „Трансавиа“ (Transavia) ќе започне со работа меѓу Амстердам и Скопје следниот март. Како што пишува специјализираниот портал Екс-Ју авијација овие два града ќе бидат поврзани со редовен авиопревоз по пауза од 17 години, односно од септември 2008 година. Подружницата Ер Франс – КЛМ ќе започне со летови од аеродромот Шипхол до Мешународниот аеродром …

Од март 2025 повторно авиолинија меѓу Скопје и Амстердам Read More »

Лабораторијата за радијациона физика при ФЕИТ доби нова опрема, ќе се користи за врвни научни истражувања


Лабораторијата за радијациона физика (РАД-ЛАБ) при Факултетот за електротехника и информациски технологии се дополни со нова апаратура за електронска парамагнетна резонанција, единствена во Македонија. Оваа лабораторија, која почна со опремување пред десетина години и чија вредност изнесува околу милион евра, веќе е акредитирана за испитување храна третирана со јонизирачко зрачење и мерење на доза кај …

Лабораторијата за радијациона физика при ФЕИТ доби нова опрема, ќе се користи за врвни научни истражувања Read More »

АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија


Раскинат е договорот со „Енергоинвест” ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV далекувод од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница, соопшти денеска АД МЕПСО и најави дека ќе иницира нова постапка за јавна набавка според насоките на ЕБОР за избор на нов изведувач кој ќе продолжи со реализација на проектот. АД …

АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија Read More »

Ангеловска-Бежоска − Васле: Банкарскиот систем се справи со економските предизвици


Централните банки преку преземените макропрудентни мерки, како што е на пример противцикличниот заштитен слој на капиталот, му помогнаа на банкарскиот систем да се справи со економските предизвици и имаа клучна улога во зачувувањето на финансиската стабилност во сложеното глобално окружување, полно со неизвесности. Ова се дел од пораките што ги упатиле гувернерката на Народната банка, …

Ангеловска-Бежоска − Васле: Банкарскиот систем се справи со економските предизвици Read More »

Во КИЦ во Софија промоција на македонското издание на романот „Едно лето на Никола“


Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија во 18 часот вечер ќе се одржи промоцијата на македонското издание на романот „Едно лето на Никола“ од македонскиот писател Марјан Патлиџанковски. Марјан Патлиџанковски ѝ е познат на читачката публика особено на книжевната критика со неговите две претходни дела од областа на македонската книжевна историографија. Како дипломиран  филолог и …

Во КИЦ во Софија промоција на македонското издание на романот „Едно лето на Никола“ Read More »

Косовската влада ќе им подели по 100 евра еднократна помош на пензионерите и децата до 16 години


Косовската влада обезбеди по 100 евра еднократна дополнителна помош за пензионерите и децата на возраст до 16 години,јавија косовските медиуми. Според косовскиот премиер Албин Курти, тоа не е само подарок за крајот на годината, туку и инвестиција во благосостојбата на децата во Косово без разлика на нивната етничка припадност, како и поддршка за пензионерите. Тоа …

Косовската влада ќе им подели по 100 евра еднократна помош на пензионерите и децата до 16 години Read More »

Поради дефект без вода болницата „Жан Митрев“


Поради дефект на ППХ (против пожарен Хидрант) Ф 80мм. на Бул. 8-ми Септември пред влезот накај болницатa „Жан Митрев“, со прекинато водоснабдување ќе биде болницата „Жан Митрев“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на работните активности. Цистерна со питка вода ке има на паркингот пред …

Поради дефект без вода болницата „Жан Митрев“ Read More »

Светот во 2024/Падот на Асад и новите патишта за Сирија


Падот на режимот на Башар ал-Асад во Сирија, последните настани и геополитичките пресврти означија крај на повеќе од една декада граѓанска војна и 50-годишното владеење на семејството Асад. Ново поглавје за Сирија Во драматичен пресврт со геополитички импликации за регионот и меѓународната сцена, САД направија значителен чекор кон признавање на новата сириска власт. За првпат, …

Светот во 2024/Падот на Асад и новите патишта за Сирија Read More »

Реална цел е трговска размена меѓу Македонија и Турција од две милијарди долари, вели Куртулмуш


Претседателот на големото Национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш, кој е во прва официјална посета на Северна Македонија, во интервју за МИА вели дека парламентарната соработка ги следи севкупните пријателски и билатерални односи меѓу двете земји, но исто така очекува двојно зголемување на турските инвестиции во земјава. -Како што и Вие истакнавте, помеѓу двете земји …

Реална цел е трговска размена меѓу Македонија и Турција од две милијарди долари, вели Куртулмуш Read More »

Германската полиција уапси маж, се заканувал дека ќе изврши криминални дејствија на божиќниот пазар во Бремерхавен


Во германскиот град Бремерхавен, полицијата приведе маж кој во видео на ТикТок се заканувал дека ќе изврши криминални дејствија на локалниот божиќен пазар, јави ДПА. Полицијата успеала брзо да го идентификува мажот откако добила дојава за видеото на социјалните мрежи. Детали за неговиот идентитет и плановите за напад не се објавени. Информацијата дојде откако 50-годишен …

Германската полиција уапси маж, се заканувал дека ќе изврши криминални дејствија на божиќниот пазар во Бремерхавен Read More »

Фицо: Путин најави дека Русија е подготвена да продолжи со испораките на гас на Западот и за Словачка


Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека рускиот претседател Владимир Путин најавил дека Русија е подготвена да продолжи со испораките на гас за Западот. „Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди подготвеноста на Русија да продолжи со испораките на гас за Запад и Словачка, што е практично невозможно по 1 јануари 2025 година, со оглед на позицијата …

Фицо: Путин најави дека Русија е подготвена да продолжи со испораките на гас на Западот и за Словачка Read More »

Куба ја погоди земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтер


Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Куба, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран на длабочина од 25 километри и епицентарот на 53 километри од Бајамо во правец југ-југоисток. 

Кандидатот на ХДЗ за претседател на Хрватска добил најмногу пари од донатори


Од осумте кандидати за претседател на Хрватска, Драган Приморац (ХДЗ и партнерите) потрошил најмногу, но добил и најмногу од донатори за својата изборна кампања, додека кандидатот на Мост, Миро Буљ најмалку потрошил и добил најмалку донации, покажуваат нивните финансиски извештаи, јавија хрватските медиуми.  Изборните трошоци на Драган Приморац заклучно со 20 декември достигнале 774.400 евра, …

Кандидатот на ХДЗ за претседател на Хрватска добил најмногу пари од донатори Read More »

Панама ги отфрли заканите на Трамп дека САД ќе ја вратат контролата врз Панамскиот канал


Панама ги отфрли заканите на Доналд Трамп дека САД ќе ја вратат контролата врз Панамскиот канал. -Каналот не е контролиран, директно или индиректно, од Кина, ЕУ, САД или која било друга сила. И како Панамец, цврсто ја отфрлам секоја формулација што ја искривува оваа реалност, рече панамскиот претседател, Хозе Раул Мулино во видеото поставенo на …

Панама ги отфрли заканите на Трамп дека САД ќе ја вратат контролата врз Панамскиот канал Read More »

Изложба, предавања и работилници на уметникот од Кина, проф. Гао Ши


 Во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје денеска и утре ќе биде отворена изложбата на кинескиот уметник, проф. Гао Ши, во организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Како што е најавено, покрај изложбата, утре ќе се одржи и работилница во галеријата на Факултетот за ликовни уметности, каде што посетителите …

Изложба, предавања и работилници на уметникот од Кина, проф. Гао Ши Read More »

Севернокорејската војска има 1.100 жртви во руско-украинската војна, тврди Сеул


Повеќе од 1.000 севернокорејски војници се убиени или ранети во војната на Русија со Украина, соопшти  Здружениот штаб на армијата на Јужна Кореја. „Оценуваме дека севернокорејските војници, кои неодамна се вклучија во борба со украинските сили, претрпеа околу 1.100 жртви“, се вели во соопштението на Здружениот штаб. 

Трамп: Очекувам разговор со Путин за да се реши конфликтот во Украина


 Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да се реши конфликтот во Украина. -Путин рече дека сака да се сретне со мене што е можно поскоро. Така што тоа го очекуваме тоа. Мораме да ставиме крај на оваа војна, рече Трамп, говорејќи на конференција …

Трамп: Очекувам разговор со Путин за да се реши конфликтот во Украина Read More »

Трамп ветува дека на неговиот прв ден на функцијата ќе стави крај на „трансродовиот делириум“ во САД


Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД за помалку од еден месец, рече дека сака да го запре трансродовиот делириум во САД на првиот ден од неговото претседателствување. Говорејќи пред конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, Трамп рече дека откако ќе положи заклетва како претседател на 20 јануари, ќе потпише извршни наредби со …

Трамп ветува дека на неговиот прв ден на функцијата ќе стави крај на „трансродовиот делириум“ во САД Read More »