Дел од булеварот „Партизански одреди“ без вода


 Без вода денеска од 09 часот ќе бидат корисниците од Булеварот „Партизански одреди“ крак 7 во населбата Нерези. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект Ф-100мм на Булеварот „Партизански одреди“ крак 7. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Законот за заштита на децата повторно на пленарна седница


 Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата повторно се враќа во собраниска процедура во рамки на денешната 31.седница, откако претходно претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за прогласување на Законот. Пратениците  го изгласаа овој Закон на 24 декември во рамки на 27-та пленарна седница, со обично и Бадинтерово мнозинство. …

Законот за заштита на децата повторно на пленарна седница Read More »

Силен земјотрес регистриран на Тајван


 Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во јужниот дел на Тајван, при што полесно се повредени 27 луѓе и оштетени се повеќе објекти. Помеѓу повредените се и шест лица, меѓу кои едно бебе, кои беа спасени од под урнатините на една куќа во округот Нанкси. Епицентарот на земјотресот бил …

Силен земјотрес регистриран на Тајван Read More »

(Видео) Десет загинати и 32 повредени во пожар во хотел во ски центар во Турција


Пожар избувна денеска во хотел во популарен турски ски-центар во централната провинцијата Болу, при што загинаа 10 лица, а 32 беа повредени, соопшти министерот за внатрешни работи. Пожарот во хотелот во ски-центарот Карталкаја избувна во 3:27 часот (0027 GMT), објави Али Јерликаја на X. Bolu Kartalkaya Kayak Merkezi’ndeki Grand Kartal Oteli’nde çıkan yangında ölü sayısı …

(Видео) Десет загинати и 32 повредени во пожар во хотел во ски центар во Турција Read More »

Од клима до имиграција и помилувања: Трамп потпиша голем број извршни наредби


Претседателот на САД, Доналд Трамп на првиот ден од неговиот нов мандат потпиша повеќе извршни наредби – од климата до имиграцијата, заедно со голем број помилувања за оние кои упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година. Дел од извршните наредни се ветувањата што ги даде за време на кампањата во 2024 година. Други, како …

Од клима до имиграција и помилувања: Трамп потпиша голем број извршни наредби Read More »

Наутро магливо, преку ден со повремени врнежи од дожд и снег


 Времето денеска претпладне ќе биде со магла и ниска облачност по одделни котлини, а преку ден ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 …

Наутро магливо, преку ден со повремени врнежи од дожд и снег Read More »

Орбан му честиташе на Трамп: Сега е наш ред да го окупираме Брисел


Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски лидери блиски до Доналд Трамп, му честиташе на новиот американски претседател, нагласувајќи дека националистичките сили, засилени со инаугурацијата на Трамп на чело на САД, сега мора да го „окупираат“ Брисел. „Честитки до претседателот @realDonaldTrump! Сега е наш ред да блеснеме! Нашиот ред е да го окупираме Брисел!“ …

Орбан му честиташе на Трамп: Сега е наш ред да го окупираме Брисел Read More »

Трамп сака да го преименува највисокиот американски врв


Американскиот претседател Доналд Трамп сака да му го врати на највисокиот американски врв Денали  неговото поранешно име – Маунт Мекинли, по 25-тиот американски претседател. Врвот, кој се издига на 6.190 метри надморска височина, беше преименуван во „Денали“ од поранешниот претседател Барак Обама во 2015 година, усвојувајќи го името што со векови го користеа домородците од …

Трамп сака да го преименува највисокиот американски врв Read More »

Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари


 Новосоздадената криптовалута на американскиот претседател Доналд Трамп порасна на повеќе од 10 милијарди долари пазарна капитализација вчера кога тој ја презеде функцијата за неговиот втор мандат. Позната како $TRUMP, лансирана во петокот, таа се зголеми од помалку од 10 долари во саботата наутро на 74,59 долари. Трамп го лансираше дигиталниот токен со брендирање што вклучуваше …

Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари Read More »

Трамп ја одложи забраната на ТикТок во САД за 75 дена


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на забраната за апликацијата ТикТок во САД за 75 дена. Уредбата содржи упатства за јавниот обвинител да не ја спроведува забраната за „мојата влада да може да одреди соодветни дејствија во однос на ТикТок“. Покрај тоа, со неговата извршна наредба, Трамп му наредува …

Трамп ја одложи забраната на ТикТок во САД за 75 дена Read More »

Трамп го прогласи глобалниот даночен договор на ОЕЦД за неважечки во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна указ со кој глобалниот минимален корпоративен данок, што беше поддржан од администрацијата на Џо Бајден и договорен со повеќе од сто земји, не е важечки во САД. „Овој меморандум го враќа суверенитетот и економската конкурентност на нашата земја со појаснување дека глобалниот даночен договор нема сила или ефект во …

Трамп го прогласи глобалниот даночен договор на ОЕЦД за неважечки во САД Read More »

Американскиот Сенат го потврди Марко Рубио за државен секретар на САД


Американскиот Сенат едногласно го потврди републиканскиот сенатор Марко Рубио за државен секретар на САД. Рубио е познат по неговиот тврд став кон Кина и неговата поддршка за Израел. Деведесет и девет сенатори гласаа „за“ кандидатурата на Марко Рубио, а ниту еден „против“. Рубио е првата номинација за кабинетот на Доналд Трамп што ја одобри Сенатот. …

Американскиот Сенат го потврди Марко Рубио за државен секретар на САД Read More »

Трамп размислува да воведе царина од 25 отсто за сите стоки од Мексико и Канада од 1 февруари


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да воведе царина од 25 отсто за сите стоки што доаѓаат од Канада и Мексико од 1 февруари. „Размислуваме за царина од 25% за Мексико и Канада бидејќи им дозволуваат на многу луѓе да влезат во САД, а исто така и многу фентанил“, рече Трамп во Белата куќа …

Трамп размислува да воведе царина од 25 отсто за сите стоки од Мексико и Канада од 1 февруари Read More »

Трамп помилува 1.500 лица обвинети во врска со упадот во Капитол


Американскиот претседател Доналд Трамп помилува 1.500 лица обвинети во врска со упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година. „Очекуваме да излезат вечерва. Го очекуваме тоа“, рече Трамп. Претседателот рече и дека на шестмина обвинети ќе им бидат намалени казните. Помилувањето на овие обвинети е исполнување на едно од неговите предизборни ветувања, имено да им …

Трамп помилува 1.500 лица обвинети во врска со упадот во Капитол Read More »

„Шеврон“ сака да истражува нафта во грчките води


Американскиот производител на нафта „Шеврон“ е заинтересиран за истражување на јаглеводороди меѓу Пелопонез и Крит, објави во понеделникот грчкото Министерство за енергетика. Интересот на „Шеврон“ е многу важен, како дел од стратегијата за енергетска независност и намалување на трошоците за енергија, како и паралелни иницијативи за зголемување на заштитата на морската средина, потенцираат од Министерството. …

„Шеврон“ сака да истражува нафта во грчките води Read More »

Вучиќ: Србија ќе користи летечки автомобили од 2027 година


Целта на Србија е да почне да користи летечки автомобили во земјата во 2027 година, изјави вечерва во Давос српскиот претседател Александар Вучиќ, наведувајќи дека за тоа разговарал со претставници на компанијата „Archer“ на маргините на Светскиот економски форум. Вучиќ за српските медиуми изјави дека компанијата Арчер е „една од најпознатите компании кои се занимаваат …

Вучиќ: Србија ќе користи летечки автомобили од 2027 година Read More »

Парада на милијардери на инаугурацијата на Трамп


Парада на технолошки милијардери му се придружија на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на миса пред неговата инаугурација. Основачот на Амазон, Џеф Безос, шефот на Мета, Марк Цукерберг, шефот на Епл, Тим Кук и шефот на Гугл, Сундар Пичаи, беа видени како ги заземаат првите редови во епископската црква. Во црквата биле забележани и медиумскиот тајкун …

Парада на милијардери на инаугурацијата на Трамп Read More »

ФЕД се повлекуваат од мрежата за зелен финансиски систем


Федералните резерви на САД (ФЕД) објавија дека се повлекуваат од меѓународната мрежа за зелен финансиски систем, чии членови се Европската централна банка (ЕЦБ) и монетарните институции на еврозоната, вклучително и Хрватската народна банка (ХНБ). Меѓународната мрежа НГФС (NGFS) е основана во декември 2017 година и денес вклучува 143 членови од 90 земји кои го истражуваат …

ФЕД се повлекуваат од мрежата за зелен финансиски систем Read More »

Момче од тетовско Камењане се проби низ обезбедувањето на Бернабеу и стигна до Мбапе (фото)


Мадридски Реал синоќа на „Бернабеу“ го совлада Лас Палмас со убедливи 4:1 во 20. коло од Ла Лига и скокна на првото место на табелата. Гостите погодија уште во првата минута, но Килијан Мбапе двапати погоди, а Родриго и Брахим Дијаз по еднаш за успешен пресврт на Реал. По натпреварот , еден мал навивач се …

Момче од тетовско Камењане се проби низ обезбедувањето на Бернабеу и стигна до Мбапе (фото) Read More »

Малку се одолговлекува, но унгарскиот кредит ќе биде достапен за сите компании, велат од Стопанската комора


Ставот на Стопанската комора е секоја компанија да може да си го добие кредитот. Можеби малку повеќе се одолговлекува од датумот кога требаше да го добијат, но сепак, ние успеавме во нашата намера дека сите компании ќе учествуваат во добивање на кредитот, изјави денеска проектниот менаџер на Стопанската комора Наташа Јаневска, прашана за став во …

Малку се одолговлекува, но унгарскиот кредит ќе биде достапен за сите компании, велат од Стопанската комора Read More »