Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“
Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад во состав Вања Ејдус, актер и претседател, Дражен Ференчина, режисер, Федор Шили, драмски писател, Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател, на завршната седница, одржана доцна синоќа, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ …