Сè повеќе германски пензионери работат за да преживеат


Според податоците на Федералниот завод за статистика, 1,1 милион лица над 67 години биле редовно вработени во Германија во 2024 година. Ова е за 51.000 повеќе од претходната година и највисока бројка досега забележана, пишува Дојче Веле. Во споредба со 2004 година, бројот на вработени лица на возраст за пензионирање е речиси четирикратно зголемен. Пред …

Сè повеќе германски пензионери работат за да преживеат Read More »

Пицула: Вучиќ речиси ништо не прави за приближување на Србија кон ЕУ


Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „речиси ништо“ не презема за Србија формално да напредува кон членство во ЕУ. Во поткастот „Први глас“ на хрватскиот портал „Телеграм“, Пицула оцени дека Србија заостанува во исполнувањето на „т.н. фундаментални барања, како што се функционална демократија, правна држава, владеење …

Пицула: Вучиќ речиси ништо не прави за приближување на Србија кон ЕУ Read More »

Најмалку 60 загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа


Најмалку 60 лица загинале од утрово во израелски напади врз Појасот Газа, јави ДПА повикувајќи се на палестински медицински извори. Министерството за здравство, контролирано од Хамас, соопшти и дека има десетици повредени. Израелската армија засега не објавила информации за нападите, а бројките не можат да се потврдат од независни извори. Според локалните извештаи, бројот на …

Најмалку 60 загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа Read More »

Маж со автомобил удри во група луѓе во Пасау, Германија


Маж се заби со автомобил во група луѓе во јужниот германски град Пасау, јави ДПА. Полицијата не ја исклучува можноста за намерен напад. Засега не е познато колку лица се повредени, ниту каква е тежината на нивните повреди. Градот Пасау се наоѓа на границата меѓу Германија и Австрија, околу 150 километри источно од Минхен.

Американката Гоф ја победи Сабаленка и го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата


Американката Коко Гоф попладнево ја победи Белорусинката Арина Сабаленка во финалето на Ролан Гарос со 6:7 (5:7), 6:2 и 6:4. Мечот во Париз траеше 2 часа и 40 минути. Гоф забележа 3 аса, направи 8 двојни грешки и реализираше 9 од 21 брејк топка. Сабаленка имаше 2 аса, 6 двојни грешки и реализираше 6 од …

Американката Гоф ја победи Сабаленка и го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата Read More »

Најмалку седум мртви во масовниот руски напад врз Украина по операцијата „Пајакова мрежа“


Русија изврши масовен напад со ракети и дронови врз Украина во текот на ноќта, таргетирајќи го главниот град Киев, големите градови и западните региони на земјата. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, нападот резултирал со 80 повредени и седум загинати, вклучувајќи и спасувачи. „Циничен руски напад врз обични градови. Повеќе од 400 дронови, над 40 ракети… …

Најмалку седум мртви во масовниот руски напад врз Украина по операцијата „Пајакова мрежа“ Read More »

МД „Илинден” побара од европратеникот Винче и од ЕФА да го поддржат Извештајот за Македонија


Македонското друштво „Илинден” – Тирана побара од Лорант Винче, европратеник на Унгарскиот демократски сојуз од Романија и претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), да го поддржи Извештајот за нашата земја во Европскиот парламент. -Во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, македонското друштво „Илинден“-Тирана бара да го усвоите Извештајот за напредокот на …

МД „Илинден” побара од европратеникот Винче и од ЕФА да го поддржат Извештајот за Македонија Read More »

Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери


Украинска воздушна офанзива со беспилотни летала минатиот викенд оштетила приближно 10 отсто од руските стратешки бомбардери, соопшти генерал-мајорот Кристијан Фројдинг од германската армија. Фројдинг, кој ја координира германската воена помош за Киев и е во постојана комуникација со украинското Министерство за одбрана, изјави дека при нападот биле погодени најмалку десетина летала, вклучително и Ту-95 и …

Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери Read More »

Франција: Четири лица загинаа во пожар во Ремс, предизвикан од електричен тротинет


Четири лица загинаа во пожар во десеткатница во францускиот град Ремс, за кој се претпоставува дека избувнал поради дефект на батеријата од електричен тротинет, соопштија локалните власти. Тринаесетгодишно момче загинало откако скокнало од прозорец на четвртиот кат каде што избувнал пожарот во петокот наутро. Во истиот стан било пронајдено изгорено тело, за кое се претпоставува …

Франција: Четири лица загинаа во пожар во Ремс, предизвикан од електричен тротинет Read More »

Русија испраќа дополнителни сили во Суми заради засилување на офанзивата


Руското воено раководство одлучи да ја зајакне офанзивата во регионот Суми со испраќање дополнителни сили, вклучувајќи две бригади на морнаричката пешадија (40-та и 177-та) и два полка на територијалната одбрана на Руската Федерација. Овие сили, заедно со 155-та бригада на морнаричката пешадија, вршат притисок врз украинските одбранбени линии во селата Варачине и Мала Корчаивка. Според …

Русија испраќа дополнителни сили во Суми заради засилување на офанзивата Read More »

Одбојка: Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025


Машката одбојкарска репрезентација на Македонија попладнево во Братислава загуби од Финска со 0:3 (20:25, 15:25 и 19:25)5:19) во првиот натпревар од годинешното издание на ЦЕВ Европската Златна лига.  Со денешната победа Финците ја продолжуваат позитивната серија во меѓусебните пресметки. Капитенот Никола Ѓорѓиев го заврши мечот со 12 поени, еден помалку освои Александар Љафтов, додека Филип …

Одбојка: Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025 Read More »

Дигиталното евро ќе создаде милијарди евра трошоци за банките


Воведувањето на дигиталното евро би можело да ги чини банките помеѓу 18 и 30 милијарди евра, според истражувањето на консултантската фирма PwC. Истражувањето на PwC, нарачано од Европската асоцијација на кредитниот сектор (ECSA), покажа дека трошоците за прилагодување за група од 19 банки треба да изнесуваат малку повеќе од две милијарди евра. Ова би значело …

Дигиталното евро ќе создаде милијарди евра трошоци за банките Read More »

За две недели регистрирани 71 случај на лептоспироза во Кантонот Сараево


Две недели по прогласувањето на епидемија на лептоспироза во Кантонот Сараево, регистрирани се 71 заболен, соопшти Заводот за јавно здравје на Кантонот Сараево. Две лица се хоспитализирани во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС), а досега нема пријавено смртни случаи. Епидемијата на ова заразно заболување беше прогласена на 23 мај. Од вкупно пријавените случаи, …

За две недели регистрирани 71 случај на лептоспироза во Кантонот Сараево Read More »

Ивановски: Ги повикуваме сите кои се во можност да ни дадат поддршка


Македонската Дејвис куп репрезентација ги одработува подготовките во пресрет на претстојните мечеви од Третата Европска зона од Дејвис куп натпреварувањето. Нашиот национален тим ја има улогата на домаќин, откако Македонската федерација (МТФ) е организатор на годинашново издание во оваа зона.  Селекторот Горан Шевченко изминативе денови работи со групата млади тенисери, каде предводник е Калин Ивановски, …

Ивановски: Ги повикуваме сите кои се во можност да ни дадат поддршка Read More »

По Брегзит, В.Британија користи инвестициско портфолио како надворешнополитичка алатка


По Брегзит, Обединетото Кралство сè поинтензивно го користи инвестиционото портфолио како алатка на надворешната политика, настојувајќи да ја преформулира својата глобална улога. Еден од најновите примери за ваквиот пристап е стратешкото партнерство со Република Македонија, кое предвидува британска поддршка од 5 милијарди фунти преку UK Export Finance, пишува американски Newsmax. Соработката го опфаќа развојот на …

По Брегзит, В.Британија користи инвестициско портфолио како надворешнополитичка алатка Read More »

Почувствуван земјотрес со епицентар 290 километри југоисточно од Скопје


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска регистрира серија земјотреси со епицентри во Република Грција. Според досегашните податоци, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар се наоѓа 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML5.2. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил почувствуван во југоисточниот дел …

Почувствуван земјотрес со епицентар 290 километри југоисточно од Скопје Read More »

Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда


Тоа што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда. Европската идеја не смее да се сведува на билатерални уцени, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервјуто за Независната балканска новинска агенција (ИБНА) и ја истакнува посветеноста на Владата на европските реформи на патот кон ЕУ, но и нагласува …

Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда Read More »

Трамп за нападите врз Украина: Му дадоа причина на Путин да влезе и да ги бомбардира


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина самата го испровоцирала нападот на руската армија врз Харков преку воената операција со кодно име „Пајакова мрежа“. Прашан дали оваа украинска акција го променила неговото мислење за адутите на претседателот Володимир Зеленски, Трамп одговори дека токму таа операција му дала причина на рускиот претседател Владимир Путин да започне …

Трамп за нападите врз Украина: Му дадоа причина на Путин да влезе и да ги бомбардира Read More »

Еден загинат, 19 повредени во пожар во дом за стари лица во Шпанија


Еден 93-годишен маж загина, а 19 лица се повредени во пожар што избувнал во дом за стари лица во шпанскиот град Сарагоса, во автономната област Арагон. Пожарот започнал во спална просторија на приземјето околу 23:00 часот по локално време, соопшти локалната служба за итна помош преку социјалната мрежа Икс. Мажот починал во установата, а повредените, …

Еден загинат, 19 повредени во пожар во дом за стари лица во Шпанија Read More »

Инвеститорите сè повеќе инвестираат во европски компании кои произведуваат воена опрема


Владите низ Европа ги зголемуваат воените буџети, додека инвеститорите сè повеќе инвестираат во европски компании кои произведуваат воена опрема – од производители на дронови до компании кои се занимаваат со заштитна опрема. Акциите на германската компанија Rajnmetall забележаа трицифрен раст, но најголемото изненадување го претставуваа помалите, специјализирани компании, чии акции скокнаа повеќекратно од почетокот на …

Инвеститорите сè повеќе инвестираат во европски компании кои произведуваат воена опрема Read More »