Чупиќ нов тренер на Вардар 1961


Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е промовиран во нов тренер на Вардар 1961 со кој освои две европски шампионски титули во текот на својата кариера. Чупиќ (39) ја заврши кариера лани и веднаш се посвети на тренерската работа, преземајќи го раководството на клубот од неговиот роден град Метковиќ. На клупата на Вардар 1961 седна …

Чупиќ нов тренер на Вардар 1961 Read More »

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни


Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја донесе конечната пресуда за петмината обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, откако денеска одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски и другите обвинети во случајот ги дадоа своите завршни зборови. Палевски во завршните зборови денеска првпат ги посочи обвинетите Велибор Манев како организатор на убиствата, …

Пресуда за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на 25 јуни Read More »

Божиновска: ХЕ „Козјак“ е пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска ја посети хидроелектраната „Козјак“, каде што се информираше за тековното функционирање на капацитетот, безбедносните стандарди, како и можностите за понатамошно унапредување на производните перформанси. Како што соопшти  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска истакнала дека „Козјак“ претставува значаен дел од енергетскиот систем кој …

Божиновска: ХЕ „Козјак“ е пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија Read More »

Апелација определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија


Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје по мерките куќен притвор и им определи мерка ефективен притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи за случајот „Онкологија“. Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите …

Апелација определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија Read More »

Адеми го раскина договорот со Динамо. Веќе има нов клуб


Аријан Адеми, 34-годишниот македонски репрезентативец од средниот ред и долгогодишен капитен на Динамо, го раскина договорот со клубот. Динамо и Адеми спогодбено го раскинаа договорот кој траеше до летото следната годинаи. Веќе е познато каде Адеми ќе ја продолжи кариерата. Тоа е унгарскиот прволигаш Ујпешт. Важна причина зошто Адеми оди таму е Дамир Крзнар, поранешен …

Адеми го раскина договорот со Динамо. Веќе има нов клуб Read More »

Палевски обвини дека Видевски пукал, Манев бил организатор, а Кешишев бил стража


Првообвинетиот Љупчо Палевски, во случајот со грабнувањето и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, во завршните зборови денеска на судското рочиште рече дека еден од обвинетите, Велибор Манев е организатор, а Боре Видевски пукал, додека Влатко Кешишев бил стражар. Претходно Палевски беше прашан од таткото на убиената Вања да каже кој ја убил неговата …

Палевски обвини дека Видевски пукал, Манев бил организатор, а Кешишев бил стража Read More »

Рокас без коментар за извештајот на Вајц: Европскиот парламент е независна институција


 Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска не сакаше да даде коментар за тоа дали смета дека извештајот на известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц за Македонија ќе биде усвоен во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), чие гласање беше презакажано за 24 јуни, нагласувајќи дека ЕП е независна институција, која работи според сопствени правила.   -Европскиот …

Рокас без коментар за извештајот на Вајц: Европскиот парламент е независна институција Read More »

Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари


Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во споредба со мај, покажуваат податоците што ги изработува Сојузот на синдикати на Македонија.  Според овие податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во јуни изнесувала 64 698 денари, а со изнајмен стан од 60 метри квадрати 80 073 денари. Зголемување од 733 …

Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари Read More »

Димитриеска-Кочоска на Годишен состанок на УО на ЦЕФ во Црна Гора


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 23 јуни ќе престојува во работна посета на Црна Гора, каде што ќе учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за развој на финансии – ЦЕФ. Во рамките на состанокот, Македонија преку Министерството за финансии, првпат ќе го преземе претседавањето со ЦЕФ од Министерството за …

Димитриеска-Кочоска на Годишен состанок на УО на ЦЕФ во Црна Гора Read More »

Отворени нови хоризонти за современите бизнис-лидери на конференцијата на М6 “Невронауката и иднината на лидерството”


Преку 100 експерти од областа на невролидерството, доктори, консултанти, претставници на деловниот сектор и студенти беа дел од конференцијата „Одлуки, одлуки: Невронауката и иднината на лидерството“, во организација на М6 Едукативен центар. Во рамките на конференцијата фокусот беше ставен на невронауката, личниот и организацискиот развој и современото лидерство во насока на трансформација на бизнисот, низ …

Отворени нови хоризонти за современите бизнис-лидери на конференцијата на М6 “Невронауката и иднината на лидерството” Read More »

Авион на „Рајанер“ го оштетил крилото на грчки аеродром, удрил во ограда


Авион „Боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпе оштетување на врвот на десното крило откако удри во заштитна ограда додека се движеше по грчки аеродром. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот беше ставен во сообраќај по инцидентот. Летот FR6080 на „Рајанер“ тргна од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. …

Авион на „Рајанер“ го оштетил крилото на грчки аеродром, удрил во ограда Read More »

Во ЕУ, 42,5 отсто од електричната енергија во првиот квартал била од обновливи извори


Во Европската Унија, во првиот квартал од оваа година, 42,5 проценти од произведената електрична енергија била од обновливи извори на енергија, објави Евростат. Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека во споредба со првиот квартал од 2024 година, ова претставува намалување од 4,3 процентни поени, од 46,8 проценти. Значителното зголемување на производството на електрична …

Во ЕУ, 42,5 отсто од електричната енергија во првиот квартал била од обновливи извори Read More »

СДСМ: Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план


Опозициската СДСМ денес алармираше за, како што велат, „сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“. Станува збор за брзата пруга која што според најавите треба да чини околу 2 милијарди евра.  „Пред очите на јавноста се одвива уште еден ‘проект’ без план, без документација, без јасни рокови …

СДСМ: Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план Read More »

Се шири лажна наградна игра поврзана со „Лидл“, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни


Компанијата „Лидл“ информира дека на социјалните мрежи, односно на Фејсбук и Инстаграм, се шири лажна наградна игра во која се наведува дека се доделуваат брендирани мини фрижидери. Во објавата се бара од корисниците да кликнат на линк, да пополнат анкета и да учествуваат во наградна игра. „Ја известуваме јавноста дека оваа наградна игра не е …

Се шири лажна наградна игра поврзана со „Лидл“, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни Read More »

Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка


Вкупните кредити бележат раст од 12,1 процент на годишна основа, а вкупните депозити раст од 12,2 проценти, покажуваат податоците на Народната банка.  Во мај, вкупните кредити се зголемени за 1,1 процент на месечно ниво, поради зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, а вкупните депозити бележат раст од 1,4 проценти на …

Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка Read More »

Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора


Прославениот српски кошаркар Владе Дивац е опериран, откако доживеа сообраќајната несреќа во четвртокот во Црна Гора, јавија претпладнево српските медиуми. Дивац бил подложен на операција на колкот откако паднал од мотоцикл во близина на местото Луштица. Дивац е во стабилна состојба и лекарите не очекуваат какви и да е компликации по извршената операција, јави телевизијата …

Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора Read More »

Мбапе пуштен од болницата во Мајами


Шпанскиот клуб Реал Мадрид објави денеска дека нивниот напаѓач, францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе, е отпуштен од болница во Мајами, откако беше хоспитализиран во четвртокот поради гастроентеритис со кој се здоби на Светското клупско првенство што се одржува во САД. „Нашиот играч Килијан Мбапе е отпуштен од болница и се врати во тренинг кампот. Мбапе …

Мбапе пуштен од болницата во Мајами Read More »

Трамп: Пауел е деструктивен


Претседателот Доналд Трамп го нападна претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, нарекувајќи го „деструктивен“ откако централната банка ги одржа каматните стапки стабилни во среда. Трамп рече дека „премногу доцна“ Пауел ги чини САД „стотици милијарди долари“ со тоа што не ги намалува каматните стапки, во добро позната критика кон претседателот на Федералните резерви, кој постојано …

Трамп: Пауел е деструктивен Read More »

Федералните резерви ги задржуваат каматните стапки на непроменети по четврти пат и покрај царинските шокови


Американците се соочија со низа промени во економската политика во последните месеци, но едно нешто остана непроменето – референтните каматни стапки на американската централна банка. Американската централна банка (ФЕД) во среда одлучи да не ја менува клучната каматна стапка по четврти пат по ред, која сè уште останува на околу 4,3%, каде што е од …

Федералните резерви ги задржуваат каматните стапки на непроменети по четврти пат и покрај царинските шокови Read More »

Народна банка очекува раст од 3 отсто годинава, надолна ревизија во однос на октомвриската прогноза


Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. Основната макроекономска слика за македонската економија во овој циклус проекции не е значително променета во споредба со октомвриските проекции. Растот на домашната економија постепено би забрзувал во периодот …

Народна банка очекува раст од 3 отсто годинава, надолна ревизија во однос на октомвриската прогноза Read More »