Николоски во Париз, очекува подобрување на економските и политички односи меѓу Македонија и Франција


Вицеремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од утрово ги започна средбите со претставници на Владата на Француската Република на кои се разговара за подобрување на севкупните политички и економски односи. „Подобрувањето на односите со Франција се клучни и затоа оваа средба ја сметам за многу значајна. Утрово веќе остваривме средба со првиот човек за …

Николоски во Париз, очекува подобрување на економските и политички односи меѓу Македонија и Франција Read More »

Меси со Интер Мајами ќе игра против бившиот клуб ПСЖ на Светското клупско првенство


Фудбалската икона Лионел Меси кој сега настапува за Интер Мајами во американската МЛС лига, во осмина финалето на Светското клупско првенство што се одржува во САД, ќе игра против својот претходен клуб ПСЖ, освојувачот на Лигата на шампиони. Двете екипи успешно ја минаа групната фаза од престижното клупско натпреварување. Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, ги …

Меси со Интер Мајами ќе игра против бившиот клуб ПСЖ на Светското клупско првенство Read More »

Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето


Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди властите во Израел да престанат да го кршат прекинот на огнот и да пукаат врз цели во Иран. „Израел. Не фрлајте ги тие бомби. Ако го направите тоа, тоа е тешко прекршување. Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Американскиот лидер претходно …

Трамп го предупреди Израел дека го крши примирјето Read More »

Собранието ги избра членовите на Советот на АВМУ


Македонското Собрание денеска ја усвои Предлог-одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Согласно одлуката за членови се избрани Виктор Павловски, дипломиран инженер по производна информатика од Скопје, Сашо Стефановски дипломиран по филмска уметност и ТВ снимател од Скопје, Петар Џуровски дипломиран филмски и ТВ монтажер од …

Собранието ги избра членовите на Советот на АВМУ Read More »

Перински: Општините годишно губат од 100 до 120 милиони евра поради несоодветно собирање на средствата


Општините на годишна основа губат од 100 до 120 милиони евра, поради несоодветно собирање на средствата од сопствените извори на финансирање, изјави денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе има целосна децентрализација на општините, особено во делот на финансиите.  Тој напомена дека централната власт работи на процесот …

Перински: Општините годишно губат од 100 до 120 милиони евра поради несоодветно собирање на средствата Read More »

ОЈО Скопје донесе одлука во корист на правото на информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривичната пријава против еден новинар и една телевизиска куќа, кои беа пријавени за кривично дело „неовластено прислушување и тонско снимање“ од член 151 од Кривичниот законик. Како што информира денеска Јавното обвинителство, подносителката на пријавата за време на пријавениот настан извршувала работни задачи на …

ОЈО Скопје донесе одлука во корист на правото на информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес Read More »

ЕХФ му додели вајлд-карта на Пелистер за настап во ЛШ


Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, откако денес Европската ракометна федерација (ЕХФ) им додели вајлд-карта на битолчани. Така, Еурофарм Пелистер, трета сезона во низа ќе биде дел од елитното ракометно натпреварување. Покрај македонскиот шампион, специјална покана добија и: ГОГ, Нант, Пик Сегед, Колштад и Кјелце.  Барањата за …

ЕХФ му додели вајлд-карта на Пелистер за настап во ЛШ Read More »

Сојузна судијка ја блокираше забраната на Трамп за странски студенти кои се запишуваат на Харвард


Сојузната судијка Алисон Бароуз вчера ја блокираше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во спроведувањето на неговиот план за забрана за влез на странски државјани во САД за студирање на Универзитетот Харвард. Федералната судијка од Бостон, издаде привремена забрана со која го блокираше најновиот обид за ограничување на можноста на Харвард да се примаат странски …

Сојузна судијка ја блокираше забраната на Трамп за странски студенти кои се запишуваат на Харвард Read More »

Законот за правична застапеност ќе биде испратен до Венецијанската комисија, при вработувањето ќе се регулира со подзаконски акти


Законот за правична застапеност денеска ќе биде разгледан на владина седница по што ќе биде испратен до Венецијанската комисија, а дури потоа ќе влезе во собраниска процедура.  Предлог-законот, како што денеска изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, е подготвен од група уставни експерти. Правичната застапеност ќе се регулира со подзаконски акти откако ќе се …

Законот за правична застапеност ќе биде испратен до Венецијанската комисија, при вработувањето ќе се регулира со подзаконски акти Read More »

Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран


Цените на нафтата паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави договор за прекин на огнот меѓу Иран и Израел, потег што ги намали тензиите на Блискиот Исток и ги смири очекувањата за можни прекини во снабдувањето со нафта. Фјучерсите за сурова нафта од типот Брент паднаа за 2,08 долари, или 2,9 проценти, на 69,40 долари …

Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран Read More »

Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА


Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и …

Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА Read More »

Катарскиот премиер Ал-Тани го обезбедил договорот за прекин на огнот меѓу Техеран и Тел Авив на предлог на САД


Катарскиот премиер, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, го обезбеди договорот на Техеран за предлогот на САД за прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Иран за време на разговорите со иранските претставници, изјави за Ројтерс функционер запознаен со разговорите. Разговорите се одржаа по вчерашните ирански напади врз американската воена база во Катар, изјави …

Катарскиот премиер Ал-Тани го обезбедил договорот за прекин на огнот меѓу Техеран и Тел Авив на предлог на САД Read More »

Сириските власти уапсија шест лица за нападот врз црквата во Дамаск


 Сириските власти синоќа објавија дека уапсиле шест лица вмешани во самоубиствениот напад врз православната црква во Дамаск, во кој во неделата загинаа најмалку 25 лица. Властите додадоа дека две лица вмешани во нападот се убиени. Објавата доаѓа само неколку часа откако привремениот претседател на Сирија, Ахмад ал-Шара, вети дека ќе ги изведе пред лицето на …

Сириските власти уапсија шест лица за нападот врз црквата во Дамаск Read More »

Три лица загинаа во ноќните руски напади врз североисточниот дел на Украина


Во нападите со дронови врз североисточниот украински град Суми загинаа три лица, вклучувајќи и осумгодишно дете, објавија рано утринава регионалните власти. -Околу полноќ Русите извршија масовен напад со беспилотни летала врз селото. (…) Имаме информации за три смртни случаи“, рече шефот на регионалната администрација, Олег Григоров. Освен детето, загинаа и маж и жена, рече тој. …

Три лица загинаа во ноќните руски напади врз североисточниот дел на Украина Read More »

Трамп нè молеше за примирје, тврдат ирански државни медиуми


Државните медиуми во Иран утрово известија за прекинот на огнот меѓу Иран и Израел што го објави американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека примирјето всушност било „наметнато на Израел“ по, како што велат, „успешниот воен одговор на Иран на американската агресија“. Како што потсетуваат, Иран вчера започна напад врз американската воена база во Катар, како …

Трамп нè молеше за примирје, тврдат ирански државни медиуми Read More »

Тајланд ја затвори границата со Камбоџа


Тајландската војска ги затвори граничните премини со Камбоџа за речиси сите патници, вклучувајќи туристи и трговци, наведувајќи безбедносни причини, бидејќи тензиите меѓу двата соседа од Југоисточна Азија продолжуваат да растат поради тлеечкиот граничен спор. Влошувањето на односите беше предизвикано од краток вооружен конфликт во граничната област во кој беше убиен камбоџански војник на крајот на …

Тајланд ја затвори границата со Камбоџа Read More »

Барселона во август се враќа на „Камп Ноу“


Барселона во август може да го одржи првиот натпревар на стадионот „Камп Ноу“ по големата реконструкција, објави „Радио Каталуња“. Натпреварот е закажан за 10 август против италијанскиот Комо во рамките на купот „Жоан Гампер“. Сепак, за да се врати на стадионот во август, раководството на Барселона ќе треба брзо да ги добие потребните документи. Првично, …

Барселона во август се враќа на „Камп Ноу“ Read More »

Врховниот суд на САД ја укина забраната за испраќање мигранти во земји од кои не потекнуваат


 Врховниот суд на САД вчера ѝ дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да продолжи со депортирање на имигранти во земји од кои не доаѓаат, додека тие нема да можат да се повикаат на опасностите со кои би можеле да се соочат во таа трета земја. Судиите ја укинаа судската наредба со која се бара …

Врховниот суд на САД ја укина забраната за испраќање мигранти во земји од кои не потекнуваат Read More »

Регистриран земјотрес со епицентар во Албанија


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML4.5 сепени е регистриран изтринава во 5 часот и 04 минути. Епицентарот потекнува од Република Албанија, на околу 158 километри југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на земјава со интензитет од III степени според Европската …

Регистриран земјотрес со епицентар во Албанија Read More »

Тројца мртви во иранските напади врз Израел пред најавениот почеток на прекинот на огнот


 Израелските служби за вонредни ситуации утринава објавија дека три лица утринава загинале во ирански ракетен напад врз јужен Израел, неколку минути пред очекуваниот почеток на примирје меѓу двете земји. „По ракетениот напад врз југот на Израел: Во оваа фаза, тимовите на MDA прогласија три лица за загинати“, објави Маген Дејвид Адом, израелски еквивалент на Црвениот …

Тројца мртви во иранските напади врз Израел пред најавениот почеток на прекинот на огнот Read More »