Светски рекорди на 1.500 и 5.000 метри на кениските атлетичарки Чебет Кипјегон


 Атлетскиот митинг од Дијамантската лига во американскиот град Јуџин донесе синоќа два светски рекорди од кениските атлетичарки Беатрис Чебет на 5.000 метри и Фејт Кипјегон на 1.500 метри, како и шест најдобри резултати во светот оваа сезонава. Чебет стана првата жена во историјата која истрча 5.000 метри за помалку од 14 минути, минувајќи низ целта …

Светски рекорди на 1.500 и 5.000 метри на кениските атлетичарки Чебет Кипјегон Read More »

Масивен руски напад врз Украина, соборени 117 од 157 беспилотни летала


Украинската противвоздушна одбрана до утрово неутрализирала 117 од 157 беспилотни летала истрелани од Русија. Украинската армија соопшти дека Русија синоќа и утрово истрелала четири ракети земја-воздух С-300 од регионот Курск, како и 157 дронови, меѓу кои и беспилотни летала Шахед. Напади со дронови се регистрирани на 19 украински локации.

Почнува Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“


Пред „Сарајот“ во Ресен вечер ќе биде отворен 23. Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“ кој ќе почне со ретроспектива на досегашни добитници на наградата за животно дело „Актер на Европа“. Оваа година тоа признание го добива познатиот актер и режисер Брајан Мајклс од Германија, за кого ќе биде прикажан уметнички портрет на сите негови …

Почнува Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“ Read More »

Познати сите полуфиналисти на Светското клупско првенство


Фудбалерите на Реал Мадрид се последните полуфиналистите на Светското клупско првенство кое се одржува во САД, откако синоќа во четвртфиналето во Њу Џерси во драматична завршница триумфираа над Борусија Дортмунд со 3-2. Головите за Реал ги постигнаа Гонзало Гарсија во 10 минута, Фран Гарсија (20) и Мбапе (90+4), додека стрелци за Борусија беа Беер (90+3) …

Познати сите полуфиналисти на Светското клупско првенство Read More »

Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка


Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека до 8 часот на територијата на државава се евидентирани три активни пожари.  Како што објави ЦУК, активен е пожарот во прилепското село Бешиште каде што гори приземна квалитетна мешана шума. Во село Црешнево, месност Церо Поле, во општина Македонски Брод, активен е пожар во деградирана дабова шума …

Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка Read More »

Јапонија и Филипини во обид да ја сопрат поморската експанзија на Кина


Јапонија со цел да ја запре поморската експанзија на Кина ќе извезе користени бродови разорувачи во Филипини, објави јапонскиот весник „Јомиури“. Весникот повикувајќи се на неименувани владини извори наведе дека планот за извоз вклучува шест разорувачи од класата „Абукума“ кои се во служба во Јапонските поморски сили за самоодбрана повеќе од три децении. Токио и …

Јапонија и Филипини во обид да ја сопрат поморската експанзија на Кина Read More »

ЕУ во расчекор меѓу амбициите на зелената транзиција и реалноста во земјоделството


Напредок во процесот на зелената транзиција е еден од трите врвни приоритети на Данското претседателство со Советот на ЕУ, но се чини дека остварувањето на оваа цел нема да оди лесно кога Брисел е повеќе заинтересиран за европската конкурентност, отколку за емисиите на јаглерод диоксид.   Ова особено важи кога станува збор за прашањата поврзани …

ЕУ во расчекор меѓу амбициите на зелената транзиција и реалноста во земјоделството Read More »

Во повеќе бугарски градови протести за заштита на левот


 Во Софија и други градови во Бугарија вчера се одржаа протести за заштита на бугарскиот лев. Демонстрантите бараат зачувување на националната валута – лев, референдум за еврото и оставка од Владата. Протести имаше и во Варна, Велико Трново, Плевен, Русе, Хасково и Јамбол. Организаторите на протестот ги повикаа граѓаните повторно да излезат на улица на …

Во повеќе бугарски градови протести за заштита на левот Read More »

Ѓоковиќ го победи Кецмановиќ за својата 100-та победа на Вимблдон и тоа со стил


Миомир Кецмановиќ не можеше ништо да направи во натпреварот од 3-то коло на Вимблдон против Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на сите времиња победи против својот помлад соиграч од репрезентацијата со 6:3, 6:0, 6:4 и стигна до својата 100-та победа на третиот гренд слем во сезоната. Во 4-то коло ќе игра против Алекс де Минор од …

Ѓоковиќ го победи Кецмановиќ за својата 100-та победа на Вимблдон и тоа со стил Read More »

Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС


Во Рио де Жанеиро денеска и утре се одржува 17 Самит на БРИКС, на кој ќе учествуваат претседатели и премиер на  земји-членки и на земји-партнетри. На Самитот ќе се разговара за: поефикасен систем на плаќање на БРИКС за зголемување на трговијата и инвестициите; инклузивно и етичко управување со вештачката интелигенција (ВИ); климатска агенда за рекалибрирање …

Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС Read More »

Концерт на „Фејмс“ со виолинистот Емилио Перцан во Сули ан


Европскиот оркестар на институтот „Фејмс“, составен од млади музичари од цела Европа, ќе одржи концерт на отворено вечер од 21 часот во Сули ан. Солист ќе биде виолинистот Емилио Перцан кој воедно е и диригент на концертот. Концертот е дел од меѓународната студентска програма за оркестарска музика и студиско снимање, која се реализира во рамки …

Концерт на „Фејмс“ со виолинистот Емилио Перцан во Сули ан Read More »

Милијардерот Маск формира нова политичка партија во САД


Милијардерот Илон Маск најави формирање на нова политичка партија во САД наречена Американска партија, еден ден откако спроведе анкета меѓу своите следбеници на социјалната мрежа Икс за потребата од нова политичка опција. – Со оглед на соодносот 2 спрема 1 во корист на нова политичка партија, ќе имате една!, објави Маск на Икс, додавајќи оти …

Милијардерот Маск формира нова политичка партија во САД Read More »

Многу топло и денеска, препораките за заштита ќе траат до вторник


Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а освежување се очекува од средината на следната седмица. Минималната температура денеска ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. За попладневните и вечерните часови денеска УХМР прогнозира локален развој на нестабилна …

Многу топло и денеска, препораките за заштита ќе траат до вторник Read More »

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне треба да одржи состанок на кој се очекува да биде одлучено и за кандидатот за градоначалник на Градот Скопје на претстојните локални избори.   Министерот за локална самоуправа Златко Перински во петокот на прес-конференција изјави дека очекувања за победа на претстојните локални избори се големи и базирани  се, како …

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори Read More »

Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет


Непостојана брзина на конекцијата, прекини/недостапност на услугата и проблеми со техничката опрема се најчесто наведени проблеми при користење на интернет, покажува најново испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски услуги, на Агенцијата за електронски комуникации. Анкетата е спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од …

Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет Read More »

Волстрит на рекордни нивоа, претпазливост на другите берзи


На Волстрит, индексите S&P 500 и Nasdaq достигнаа рекордни нивоа минатата недела, додека другите светски берзи тргуваа повнимателно како што се приближуваше рокот Вашингтон да ги зголеми царините. На Волстрит, Dow Jones скокна за 2,3 проценти минатата недела, на 44.828 поени, додека S&P 500 порасна за 1,7 проценти на 6.279 поени, а индексот Nasdaq порасна …

Волстрит на рекордни нивоа, претпазливост на другите берзи Read More »

Авион влезе во забранета зона во близина на клубот на Трамп, го пресретна Ф-16


Американски воен борбен авион Ф-16 пресретна цивилен авион кој ја прекрши привремената забрана за летање над голф-клубот на американскиот претседател Доналд Трамп во Бедминстер, Њу Џерси, објави вчера американската војска. Инцидентот се случил околу 14:39 часот по локално време и бил потврден од Северноамериканската команда за воздушна одбрана (NORAD), која е одговорна за заштита на …

Авион влезе во забранета зона во близина на клубот на Трамп, го пресретна Ф-16 Read More »

Бројот на загинати во поплавите во Тексас се искачи на 50. Продолжува потрагата по исчезнатите девојчиња


Бројот на жртви од ненадејните поплави во Тексас, на југот на САД, се искачи на 50, додека потрагата по десетици исчезнати деца продолжува, објавија локалните власти. Силните поплави предизвикани од поројните дождови во петокот оставија 43 мртви во округот Кер, кој беше најтешко погоден, и вкупно седум мртви во три други окрузи, изјавија локалните власти …

Бројот на загинати во поплавите во Тексас се искачи на 50. Продолжува потрагата по исчезнатите девојчиња Read More »

Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите


Повеќе од половина од корисниците на телекомуникациските услуги се задоволни од цените и квалитетот, а сумираното задоволство од цените е најголемо кај услугата фиксна телефонија со 69,6 проценти, по што следуваат телевизија со 63,3 проценти, интернет услуга со 62,4 проценти. Најниско задоволство има од цените на услугата мобилна телефонија со 55,9 проценти, покажуваат резултатите од …

Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите Read More »

ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат


Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, информираат од Центарот за управување со кризи.  Регионалниот ЦУК Македонски Брод претходно извести дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“, при што опожарен е магацин/хала со …

ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат Read More »